Манекенката, најомразена од кланот Кардашијан, ужива во Мајами (ФОТО)

Манекенката Софија Ричи , ќерка на познатиот пејач Лајонел Ричи , ужива во мајами , каде се одмора со својот партнер , Скот Дисик.

Иако многумина се сомневаа дека оваа врска ќе потрае, убавата 21-годишна девојка не се разделува од нејзиниот 15-години постар партнер, поранешниот сопруг на Кортни Кардашијан, со кого има три деца.

Атрактивната манекенка се пофали со фотографија на Инстаграм во минијатурно бикини со принт на леопард, како создадено за неа.

Take me back 😫

A post shared by Sofia Richie (@sofiarichie) on

Згодната русокоса има 6 милиони следбеници на Инстаграм кои не можат да чекаат таа да објави фотографијата.

ready to let the sun go, and accept the cold.. i guess

A post shared by Sofia Richie (@sofiarichie) on

Ќерката на Лајонел Ричи се појави на насловните страници на Вог, Венити Фер, и беше заштитен знак на модната марка на Мадона, Material Girl.

Бајден ќе воведе построги правила за добивање азил на границата со Мексико

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре, со цел намалување на илегалните преминувања, изјавија три извори запознаени со ова прашање.

Регулативата ќе бара мигрантите да бидат проценети во почетна фаза од проверката за азил за да се види дали треба да им биде одбиен азил и брзо да бидат депортирани, велат анонимните извори. Мерката се чини дека е ограничена по обем, додаваат тие.

Мигрантите ќе бидат проценети за забрана за барање азил врз основа на криминал и безбедносни закани, изјавија два извори. Белата куќа не одговорила веднаш на барањето за коментар.

Американскиот претседател Бајден, демократ кој бара уште еден мандат, се соочи со рекорден број мигранти фатени додека ја минуваат границата меѓу САД и Мексико откако ја презеде функцијата во 2021 година.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, републиканскиот противник на Бајден, го критикуваше актуелниот претседател за повлекување на порестриктивните политики што тој ги воведе за време на неговиот мандат.

Симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ се собираат на плоштадот „Македонија“

Прославата започна, доаѓаат реки од луѓе кон плоштадот, пристинга и дел од раководството на партијата.

Се очекува да пристигне и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој се очекува да одржи говор пред насобраните граѓани.

На плоштадот „Македонија“ е Дејан Трајковски, целосниот извештај погледнете го во видеото.

Гилад Ердан: Израел е разочаран од одлуката на САД да ја прекине испораката на муниција

Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан денеска изјави дека неговата влада е разочарана од прекинот на испораката на американски бомби во Израел.

„Тоа е многу разочарувачка одлука, дури и фрустрирачка“, изјави амбасадорот Ердан за вестите на Канал 12, додавајќи дека тој не мисли дека одлуката укажува на поширок прекин на американската помош за Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

Ердан истакна дека таа одлука произлегува од политичкиот притисок од Конгресот врз администрацијата на претседателот Бајден, од протестите во универзитетските кампуси низ САД и од претстојните претседателски избори во САД.

притисни ентер