Јанушев во Македонска Каменица : Буквално ништо не е реализирано

Буквално ништо не е реализирано рече во Македонска Каменица, во рамки на кампањата „Разговори за Обнова на Македонија", Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Најмногу се жалат како и секаде каде што одиме со кампањата „Разговори за Обнова на Македонија“ особено во источниот дел од Република Македонија во однос на иселувањето, особено иселувањето на младите. Меѓутоа и она што е забележливо особено последните 2-3 години е дека се иселуваат и буквално цели семејства без разлика на возраста, едноставно луѓето си бараат подобар живот, нешто што во Република Македонија со оваа криминално-рекетарска власт го немаме.

Но, исто така овде во Македонска Каменица луѓето зборуваат и за реалните проблеми односно ветувањата и манипулациите кои што ги прават не само од централната, така и од локалната власт бидејќи буквално ништо не е реализирано, ниту патот до рудникот „Саса“ е направен како што ветуваа, ниту е отпочнато со работа индустриската зона што и те како ќе дадеше една инекција за целиот овој регион во однос на вработувањата и на тоа да луѓето ги мотивираме да останат во нашата држава. Меѓутоа не е ништо направено и во однос на санација на градинките, училиштата и се она што го имаа како дел од изборната програма.

Новинарско прашања:Македонска Каменица е еден од најпарадоксалните градови бидејќи овде се наоѓа компанија која има меѓу најголемите профити во државата, а од друга страна пак Каменица е град-синоним на иселувања. Ваш став во врска со тоа? Која е причината?

Одговор на новинарско прашање: Тој парадокс ни се јавува низ целата држава бидејќи живееме во едно време во едно општество каде што едноставно никој не сака дополнително да вложи, никој не сака да го прошири бизнисот бидејќи гледа во какви услови живееме. Сите оние афери кои што излегоа првично почнувајќи од аферите во однос на земањето на рекет, целиот овој криминал што го гледаме, што се случува доведе до една ситуација каква што имаме денеска. Меѓутоа ги охрабрувам граѓаните бидејќи ова е нешто што го имаме, што завршува за многу брзо и имаме речиси еден месец од денеска до формирањето на техничката влада која што ќе треба да се погрижи спроведувањето на изборите на 12 април да поминат во најдобар ред. Едноставно атмосферата секаде каде што бевме, а поминавме речиси цела Република Македонија е дека оваа власт на Заев паѓа, колку се во голем очај, колку се во една ситуација каде што буквално веќе не знаат како да изманипулираат и на кој начин со граѓаните како да ги излажат. Видовме една несреќна изјава вчера на премиерот Заев, па така сакам денеска да му порачам дека да општеството е мултиетничко, општеството е мултикултурно, меѓутоа денеска од Македонска Каменица порачуваме дека ние сме Македонци кој што живеат во Република Македонија и тоа не може ништо да го смени, рече Јанушев.

Гасперини: Сега Лигата на Европа е приоритетна цел за Аталанта

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини не се откажува од обезбедување место во Серија А кое носи учество во Лигата на шампионите следната сезона, но како приоритетна цел во моментов го посочи дуелот со Марсеј во Лигата на Европа.

Аталанта вчера во натпревар од 34. коло на Италијанското фудбалско првенство го совлада Емполи со 2:0.

- Ако успееме да освоиме што повеќе бодови во домашното првенство нашата позиција на табелата може значително да се промени. Но сега за нас Лига Европа ни е приоритет и мораме да бидеме внимателни, бидејќи Марсеј е силен тим. Во четврток е првиот натпревар од полуфиналната пресметка. Двата меча се важни, но првиот може да малку побитен, изјави Гасперини за „Football Italia“.

Аталанта е шеста во Серија А со 57 бодови.

Во полуфиналето на Лига Европа на 2 мај тимот од Бергамо ќе гостува на Марсеј. /МИА

Белгиски суд го закажа првото сослушување за случајот „Фајзергејт“

Случајот го обелодени „Њујорк Тајмс“ во април 2021 година објавувајќи дека набавката на 1,8 милијарди дози вакцини против Ковид-19 за ЕУ, Фон дер Лајен ја договарала лично во разговор по мобилен телефон со извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла.

Основниот суд во белгискиот град Лиеж за 17 мај закажа рочиште во чии рамки ќе се одржи сослушување по кое ќе треба да одлучи дали истрагата за сомнежите за неправилности околу набавката на вакцини против Ковид-19 од американската компанија „Фајзер“ од страна на ЕУ е во надлежност на Јавното обвинителството на Белгија или на Канцеларијата на Европско јавно обвинителство (ЕППО).

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, станува збор за случај, кој во медиумите беше наречен „Фајзергејт“, со кој се поврзува актуелната претседателка на Европската комисија и главна фаворитка за реизбор на функцијата Урсула фон дер Лајен.

Случајот го обелодени „Њујорк Тајмс“ во април 2021 година објавувајќи дека набавката на 1,8 милијарди дози вакцини против Ковид-19 за ЕУ, Фон дер Лајен ја договарала лично во разговор по мобилен телефон со извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла.

Врз основа на овие наводи, белгискиот активист и лобист специјализиран за трговски односи Фредерик Балдан лани во април поднесе тужба против Фон дер Лајен пред Судот во Лиеж обвинувајќи ја за „злоупотреба на функцијата и звањето“, „уништување на јавни документи“ и „незаконско богатење и корупција“. Дополнително кон тужбата се приклучија и десетина организации и поединци, но и две земји членки на ЕУ - Унгарија и Полска, кои во тоа време беа во спор со Фон дер Лајен, поради одлуката на Европската комисија да ја замрзне исплатата на средства од еврофондовите за нив.

Истрагата веднаш ја презеде Европското јавно обвинителство со образложение дека во негова надлежност се „нанесувањето штета на буџетот на ЕУ, случаи од наднационална природа, како и процеси кои веројатно ќе влијаат на угледот на институциите на ЕУ и довербата на граѓаните“.

Но, од друга страна се појави и спротивно мислење на белгиски истражен судија кој смета дека случајот треба да остане во надлежност на Јавното обвинителство на Белгија и иницираше паралелна истрага по наводите на национално ниво.

Согласно правилата на ЕУ, во случај на судски спор на институција на Унијата со земја членка „за одредување на јурисдикцијата треба да одлучат надлежните национални органи“.

Тоа во конкретниот случај значи дека Судот во Лиеж ќе треба да одлучи во чија надлежност ќе биде истрагата во понатамошната постапка на ЕППО или белгиското Јавно обвинителство. Се очекува на сослушувањето двете страни да изнесат аргументира која од нив треба да биде надлежна за истрагата. По ова, Судот ќе треба да оцени која од двете истраги е законска и треба да продолжи, а која треба да биде прекината.

Инаку ова не е прва правна постапка поврзана со т.н. скандал „Фајзергеј“. Истрага спроведе и Омбудсманот на ЕУ, кој во јуни 2022 година оцени дека станува збор за случај на „лошо администрирање“, додека „Њујорк Тајмс“ во февруари годинава покрена процес пред Судот на правдата на ЕУ.

Сослушувањето во Судот во Лиеж доаѓа на 20-тина дена пред изборите за членови на Европскиот парламент, на кои Фон дер Лајен е т.н. „шпиценкандидат“ на Европската народна партија (ЕПП), односно кандидат за втор мандат на чело на Еврокомисијата. /МИА

Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија

Петмина милитанти се убиени во руската република Карачај-Черкесија, откако фрлиле бомба врз полицијата и отвориле оган, при што загинале двајца полицајци, а четворица се повредени, соопшти денеска полицијата преку објава на апликацијата Телеграм.

Во полициското соопштение се наведува дека напаѓачите фрлиле бомба од автомобил кон патрола на сообраќајната полиција и отвориле оган од автоматско оружје.

Во конфликтот убиени се двајца полицајци, а ранети се двајца сообраќајни службеници, еден полицаец од областа Курган и еден припадник на Националната гарда.

Убиените напаѓачи беа идентификувани како наводни учесници во нападот врз полицајци на 22 април кога убиле двајца полицајци, а еден го оставиле во критична состојба, откако отвориле оган врз нив и украле оружје и побегнале. Потоа по нив беше распишана потерница. /МИА

притисни ентер