Џонсон бара максимална казна за терористите –да не се пуштаат условно

Британскиот премиерот , Борис Џонсон најави дека минималните затворски казни за тероризам ќе бидат 14 години, тврдејќи дека треба да се стави крај на сегашната судска пракса.

Во петокот, 28-годишниот Усман Кан, со пакистанско потекло, со нож нападна луѓе во Лондон и уби две лица.

Хан бил ослободен од затвор на условна казна откако беше осуден на минимум осум години затвор како припадник на терористичка група која планирала да изврши напад на Лондонската берза во 2012 година, а по жалбата казната му била зголемена 16 години затвор.

Но, тој беше ослободен на условна казна по шест години и се приклучил кон програмата за рехабилитација.

„Таа практика треба да се запре, повторувам, мора да запре“, рече Џонсон.

Премиерот смета дека казната за терористички и екстремистички злосторства наметнати од судот треба да се отслужат до крај, без исклучок.

„Ако сте осудени за тероризам, треба да има задолжителна минимална казна од 14 години затвор. Нема смисла дабидат ослободени порано осуденици за тероризам и сериозни злосторства“, рече Џонсон.

Тој објасни дека тие мали измени, за кои се залагал од стапувањето на должноста во јули, „ќе го спречеа последниот напад“.

Хан го извршил нападот за време на конференцијата за рехабилитација на затвореници организирана од универзитетот Кембриџ во зграда на два чекори од Лондонскиот Мост.

Исламската држава потврди дека сторителот на нападот е нивен борец. ИД изврши напад во Лондон во 2017 година во кој загинаа осум лица.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер