Американците уриваат рекорди во трошење – само преку онлајн продажба на Црн Петок потошиле 7,4 милијарди

Наместо да чекаат во редици во трговските центри, Американците на Црн петок, кога се нудат најголемите попусти, сè повеќе остануваат дома и купуваат преку интернет.

Овој Црн петок, ден после Денот на благодарноста, тие потрошиле 7,4 милијарди американски долари на купување преку интернет, објави „Adobe Analytics“.

Тоа е рекордно трошење кога станува збор за онлајн шопинг на Црн петок, за дури 20 проценти повеќе од лани.

Ова трошење е второ по вредност во историјата на САД за еден ден по минатогодишниот Сајбер понеделник кога Американците потрошија 500 милиони долари повеќе или 7,9 милијарди долари, на интернет-шопинг.

Adobe Analytics предвидува дека на Сајбер понеделник, на 2 декември, ќе биде срушен рекордот кога станува збор за онлајн купување за еден ден, односно Американците ќе потрошат 9,4 милијарди долари.

Драма во Грција: Ќерка до смрт го претепа татко си на Голема Сабота

Жена (49) е уапсена на грчкиот остров Самос под сомнение дека утрово до смрт го претепала својот татко.

Се сомнева дека жената со некаков алат го нападнала таткото и му задала бројни удари кои биле фатални за несреќниот маж, објави Катимерини.

Засега не се знае мотивот за убиството.

Лондонскиот градоначалник Садик Кан со историски резултат на изборите

Актуелниот градоначалник на Лондон освои рекорден трет мандат како прв човек на британската престолнина.

Кан освои историски трет мандат со сите 14 изборни единици во Лондон објавени досега, пренесува Sky News.

Тој ја доби довербата на 43,7 отсто од гласачите.

Неговата конзервативна ривалка Сузан Хол освои 32,6%.

Излезноста била 40,5%.

Во Лабуристичката партија имало стравувања дека резултатите од гласањето ќе бидат многу поблиски поради загриженоста за слабиот одѕив.

Сепак, Кан собрал 1.088.225 гласови, наспроти 811.518 на Хол.

Кан сега е првиот човек кој освоил трет мандат како градоначалник на Лондон.

Православните христијани ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението

Православните христијани денеска ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението...

Верниците ги прават последните подготовки, а се подготвуваат и црквите во земјава...

Пред Соборниот храм е Дејан Трајкоски, какви се обичаите за денешниот ден и од колку часот треба да почне вечерната литургија?

притисни ентер