Бизнисмен е обвинет за убиството на новинарката од Малта

Малтешкиот бизнисмен Јорген Фенех е обвинет за соучесништво во убиството во 2017 година на истражувачката новинарка Дафне Каруана Галиција.

Според ББС, Фенех вечерва се изјасни за невин пред судот.

Владата на премиерот Џозеф Мускат претходно донесе одлука да го одбие барањето за доделување имунитет на Јорген Фенех, еден од најбогатите во земјата, кој беше уапсен минатата недела додека се обидувал да ја напушти Малта на неговата јахта.

Семејството на убиената новинарка побара премиерот Мускат да си поднесе оставка откако неговиот најблизок човек , шефот на кабинетотм Кит Шембри, беше уапсен претходно оваа недела за поврзаност со случајот, а потоа преку ноќ ослободен.

После две години тапкање на истрагата во место, властите ги засилија истрагите за случајот „Каруана Галиција“, која почина во 2017 година во експлозија на бомба поставена под нејзиниот автомобил.

Ковачки: Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните

За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, и Македонија горда, достоинствена.

За два дена од денеска, во среда се гласа.

За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, опустошена, опљачкана и Македонија горда, достоинствена, Македонија која што се гради и во која што важат законите за сите подеднакво.

Затоа од овде, од патриотско Карбинци повикувам на сплотеност, на обединетост, на семакедонско единство, на сеопштествено единство, на национално единство.

Да бидеме горди и да бидеме достоинствени. Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните.

Ве повикувам сите заеднички да излеземе и да гласаме за бројот 2.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција

Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, северозападна Турција.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ најверојатно експлодирала плинска боца.

Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци

Скопјанец рано утринава пријавил дека со двајца штипјани биле физички нападнати во угостителски објект во Кавадарци, информираат од СВР - Велес.

- Во 04.40 часот во ОВР Кавадарци, Т.Ц., 22-годишен скопјанец, пријавил дека пред и во угостителски објект во градот, тој и Н.Н., на возраст од 24 години и Ф.А., на 25-годишна возраст, двајцата од Штип, биле физички нападнати од неколку машки лица, појаснуваат од СВР - Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

притисни ентер