Јанушев од Делчево : Секојдневно гледаме само лаги и манипулации и ништо повеќе

Денеска сме во Делчево, продолжуваат разговорите за „Обнова на Македонија“, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Имавме прилика да поразговараме со граѓаните на Делчево и делчевско, да слушнеме кои се нивните проблеми и како гледаат на целата политичка ситуација во Република Македонија. Меѓутоа и да предложат што е она во иднина што треба да се случува, што е она што треба да биде иднината на државата и на сите оние кои што живееме овде.

За жал морам да констатирам дека сето она што го гледаме се случува во целата држава, се случува и во Делчево. Еден од најголемите проблеми, иселувањето на младите особено последните неколку години откога дојде овој „живот за сите“, што всушност не е живот, туку е една голгота, гола борба за опстанок.

Ги слушаме проблемите и секако земаме обврска како ВМРО-ДПМНЕ да понудиме решенија за истите во изборната програма со која што ќе излеземе пред вас граѓаните на 12-ти април, сигурен сум дека ќе ни ја дадете вашата поддршка и доверба и дека работите ќе почнеме од корен да ги менуваме после 12-ти април со формирањето на новата Влада од ВМРО-ДПМНЕ.

Она што како што кажав го гледаме во целата држава, можеме и овде во Делчево, покрај проблемот со иселувањето на младите е еден добар пример, бидејќи веќе неколку пати во изминатиот период се обидуваме како партија во Собранието на Република Македонија преку амандмани во буџетот да обезбедиме средства за изградба на патот Кочани-Делчево меѓутоа слух од страна на Владата нема. Нема поради тоа што единственото што знаат да го прават е криминалот, корупцијата, непотизмот да функционираат, односно делуваат на едно криминално рекетарски начин, тоа е единствениот начин што го знаат.

Немаат една шајка заковано, немаат буквално ништо направено во овие речиси три години, единствената фабрика која што ја отворија е фабриката за лаги која што се наоѓа на Илинденска. Секојдневно гледаме само лаги и манипулации и ништо повеќе, затоа време е да им кажеме дека е доста и да ги пратиме во политичката историја. И тоа во политичката историја на онаа црната страна и никогаш повеќе во државава да не дозволиме да имаме едно вакво убедливо најнеуспешно владеење од страна на Владата.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе ја понудиме нашата изборна програма ќе излеземе пред вас граѓаните на 12-ти април. Сигурни сме во огромната победа која што ќе ја имаме. Ќе ја формираме Владата и ќе почнеме со обновата на Македонија.


„Гответе со Дракче“ - Малиџано

Во петок (26.04.2024) во емисијата гостин ни беше Вики Среброва

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

2 - 3 лажици мајонез

100 гр. ореви

10 маслинки

1 главица лук

1 лажица сенф

малку сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Анализите на Секторот за санитарна контрола, направени на 149 примероци од 41 мерни места во градот, во период од 22 до 26 април, покажаа дека водата во Скопје е безбедна за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Секторот за санитарна контрола земал 149 примероци за физичко-хемиска и 149 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје и согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Неформална дводневна средба на Советот за општи работи на ЕУ

Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) денеска и утре ќе одржи неформално заседание, на кое централен настан ќе биде одбележување на 20-годишнината од големото проширување на Унијата на 1 мај 2004 година. 

Заседанието ќе започне вечерва со свеченост во Центарот за ликовни уметности „Бозар“ во Брисел со која ќе се одбележи годишнината од приемот на Естонија, Кипар, Малта, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка во Европската унија.

Работниот дел од неформалното заседание на ГАК ќе продолжи утре во чии рамки министрите или државни секретари на земјите членки на ЕУ задолжени за европски прашања ќе одржат серија работни сесии на кои ќе разговараат за процесот на проширување, вклучувајќи и за искуствата од проширувањето во 2004 година, за потребата од зајакнување на Унијата, како и инструментите на блокот за заштита на владеењето на правото.

Меѓу другото, предвидено е европските министри да одржат размена на мислења со претставници на земјите кандидати и аспиранти за членство на ЕУ за владеењето на правото во рамките на процесот на проширување.

На заседанието ќе стане збор и за важноста за почитување на владеењето на правото во рамки на Унијата, како и за потенцијални подобрувања на постоечките механизми на заштита на овој принцип и нивната ефикасност.

На состанок европските министри ќе разговараат и за иднината на ЕУ, при што се очекува да разменат мислења за потребните чекори и реформи за зајакнување на капацитетот за дејствување на Унијата.

Неформалните заседанија на Советите на ЕУ се средби на ресорните министри на кои не се носат никакви одлуки, туку само се дебатира и се разменуваат мислења за различни теми и прашања по кои треба да се решава на формалните средби или на состаноци на други тела на Унијата. /МИА

притисни ентер