Францускиот предлог за преговори со ЕУ е генерално прифатлив за земјава

Владата има изградено став за францускиот нон-пејпер, а во него има предлози кои се позитивни за земјава, но и некои кои се тешко спроведливи – вели министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Според него добро е тоа што крајната цел на францускиот документ е полноправно членство на земјава во Европската Унија, а носечката идеја вели дека е да се забрза процесот на преговори за членство.

Експертот за земјите од Западен Балкан, Флоријан Бибер пак вели дека во францускиот нон-пејпер има добри идеи, но не очекува тој да биде разработен до Јануари идната година, како што најавува официјален Париз.

-Потребно ни е мислењето на останатите земји-членки, и потребна е сериозна дискусија. Исто така, не треба да се избрзува, тоа е шанса за сериозна дискусија за тоа како да работи проширувањето во корист на земјите, и не треба да велиме дека крајниот рок е поважен од содржината. Ако е потребен уште еден месец, тогаш нека потрае уште еден месец, и не е реалистично да се очекува тоа да се разреши до крајот на јануари,вели Флоријан Бибер – професор.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, кој денеска се сретна со првиот човек на директоратот проширување во ЕУ, Кристијан Даниелсон, вели очекува Унијата во претстојниот период да ја разгледа можноста за одредување на датум за почеток на преговори без разлика на процесот на реформирање на методологија.

Суштината на новата методологија е побрзо и со конкретни бенефити да го вреднува напредокот на земјата кандидат, но во исто време, и да ја врати неколку чекори назад во случај на назадување во реформите.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер