Македонија на иста маса со земјите членки на НАТО на Самитот во Лондон

 На Самитот на НАТО во Лондон на 3 и 4 декември Македонија ќе седне на иста маса со лидерите на земјите членки на Алијансата.

Владината делегација ќе ја предводи премиерот Зоран Заев, а во нејзин состав ќе бидат и министрите за одбрана и за надворешни работи, Радмила Шекеринска и Никола Димитров.

Земјата ја дели само една ратификација од полноправното членство во НАТО, со оглед дека за десет месеци Протоколот за пристапување на нашата држава во НАТО е ратификуван од 28 од вкупно 29 членки. Во завршната декларација од Самитот предвидено е во посебен параграф да биде забележано дека земјата е добродојдена како 30 членка.

Во пресрет на самитот, на последниот координативен состанот одржан вчера во Скопје, на кој присуствуваа министерката Шекеринска и шефот на дипломатијата Димитров и шефот на канцеларијата на НАТО во Скопје, полковник Зоран Јанкович, Шекеринска изрази благодарност до полковникот Јанкович во име на Владата, но и граѓаните, бидејќи, како што рече НАТО канцеларијата беше тука и во добро и во лошо.

-За неколку дена во Лондон се организира лондонскиот лидерски Самит, на кој прв пат ќе имаме прилика да седнеме на иста маса со лидерите на најмоќната Алијанса во историјата на човештвото. Прв пат нема да дозволиме некој друг да дискутира за нас, туку ние ќе седнеме на масата, на која се носат одлуки кои имаат важност во светски рамки, нагласи Шекеринска.

Димитров истакна дека веќе е подготвен нацрт-закон за ратификација на Северноатлантскиот договор. Потсети дека неодамна учествувал по втор пат на министерски состанок на ниво на шефови на дипломатии на земјите од НАТО во Брисел.

-Укажав дека нашиот ентузијазам го насочуваме во завршување на реформите, ја почитуваме заложбата во однос на споделувањето на товарот, како што кажа генералниот секретар Столтенберг, убаво е да се има пријатели, моќни пријатели, рече Димитров.

Полковникот Јанкович изрази задоволство што имал можност со Шекеринска и Димитров да направат резиме на сите случувања и активности пред престојниот Самит, на кој, како што рече, ќе се дискутираат важни прашања за Алијансата.

-Ќе имате можност да седите на иста маса со лидерите на НАТО, што е важен знак за вашата посветеност и напорите, што ги направивте изминатите две години. Ова е резултат на работата на оваа Влада, но ќе потенцирам дека тука голема заслуга имаат министерствата за одбрана и за надворешни работи, посочи Јанкович.

Според Јанкович, по официјалното членство, земјата треба да продолжи да работи во насока на интеграција на структурите на Армијата, Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи.

Претседателот Стево Пендаровски изјави оти се надева дека Шпанија ќе го ратификува Протоколот за нашето членство во НАТО до крајот на декември, и оти за тоа во изминатиот период имал повеќе формални и неформални комуникации.

Во однос на тоа дали кога ќе заврши ратификацијата во Шпанија и нашиот Парламент ќе успее да го ратификува Протоколот, до неговото распуштање на 12 февруари, Пендаровски вели дека е поважно да се фокусираме на она што се случува во Шпанија, каде, вели, има некаков почетен успех за нова коалиција на власт меѓу двете најголеми партии.

-Факт е дека шпанскиот Парламент сега е подиверзифициран отколку што беше пред овие избори, и дека веројатно по дефиниција потешко ќе состават влада. Сосема е небитно дали ќе биде јануари, февруари или март. Оној момент кога Шпанците ќе ратификуваат останува само нашата одлука бидејќи и ние треба да ратификуваме за да конечно депонираме во Вашингтон, вели Пендаровски.

Рече дека во изминатиот период имал формални и неформални комуникации со сите кои можеа да помогнат во оваа ситуација, меѓу нив и со бугарскиот цар Симеон Втори, кој е шпански државјанин со исклучително добри конекции со владејачката структура, и со Хавиер Солана поранешен генерален секретар на НАТО и висок претстваник за заедничка надворешна и безбедносна политика на НАТО, а со цел да бидеме сигурни како држава дека се што е до нас сме направиле за да се случи таа ратификација бидејки со тоа ја затвораме најважната стратешка цел која земјата ја чека од 1993 година.

Во однос на амбасадорското место во НАТО, рече дека се надева оти координациите во рамки на Владата ќе завршат наскоро, можеби и во наредната недела до две, и потоа тој треба да добие официјален предлог.

– До овој момент немам никаков предлог на хартија. Се надевам дека тие координации ќе завршат наскоро. И сакам македонската јавност да го знае тоа. Наредните три до четири дена, најдоцна до понеделник, во координација со Министерството за одбрана ќе назначиме главен воен претставник во Алијансата и тоа мора да го направиме затоа што е исклучително битно станува збор за воено-политичка акредитација, не велам дека не треба да имаме и амбасадор, меѓутоа прво што ќе направиме, и тие координации се практично завршени, ќе поставиме највисок наш висок воен претставник и тоа ќе биде уште еден симболизам што сакаме тоа да се случи пред нашата делегација да тргне за Лондон на Самитот на НАТО што е закажан за 4 декември, истакна Пендаровски.

И министерката за одбрана и шефот на диломатијата вчера исто така најавија дека до самитот на НАТО во Лондон ќе се знаат новиот воен претставник на земјата во Алијансата и новиот амабасадор за кој, според Димитров, во наредните денови треба да биде завршена работата околу неговото назначување.

– Тоа ќе биде човек со искуство и со политичка тежина кој достојно ќе не преставува во НАТО. Ако по 25 години сме на чекор пред влез во НАТО, ќе биде крајно несериозно ако политичките фактори кои учествуваат во постапката за именување амбасадори не успеат да го обезбедат тоа. Ќе биде исклучително лош сигнал ако полноправното членство го дочекаме со вршител на должност, истакна Димитров, сепак, изразувајќи увереност дека во наредните денови ќе биде назначен амбасадор во Алијансата.

До крајот на годината се очекува да имаме и нови простории за нашата мисија во НАТО во Брисел./МИА.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер