И покрај ставувањата од пред неколку месеци дека новата влада во Атина ќе прави опструкции во преведувањето на договорот по се изгледа сега токму владата на Мицоткис е онаа која инсистира на имплементација на одредбите. Преспанскиот договор е темел на соработката меѓу двете земји, а официјално Скопје може да смета на нашата комплетна поддршка со цел земјата што побрзо да ги почне преговорите со ЕУ, кажа Дендијас, кој очекува без разлика на можните резултати на изборите следната година во Македонија, договорот да продолжи да се спроведува.
Прашан за динамиката на спроведувањето на обврските кои ги има превземено грчката страна, како што се на пример промената на таблите на кој пишува ФИРОМ со новото име на земјава, Дендијас призна дека има задоцнување, но и план како процесите да се забрзаат.
Во однос на трговските марки Димитров кажа дека само со комплетна доверба и искреност може да се постигне договор, со кој и двете страни ќе бидат задоволни.
А дека се инсистира на дословна примена на Преспанскиот договор покажа и настанот на самата прес конференција, кога новинар од Грција побара од министерот Димитров да одговори на како што го нарече „вашиот јазик“...
Дендијас од МНР замина во владата на средба со премиерот Заев, а потоа и со претседателот Пендаровски, кој се заблагодари на големата поддршка која Грција ја дава во Евро интегративниот пат на земјава.