Шекеринска и Филипче ќе го посетат Воено медицинскиот центар

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со министерот за здравство Венко Филипче во 13 часот ќе го посетат Воено медицинскиот центар во Скопје.

По посетата на ВМЦ, министрите Шекеринска и Филипче ќе дадат изјави за медиумите./МИА

Спасовски: Борбата на Делчев беше за Македонија со европска иднина

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, положи цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во кругот на Гимназијата „Гоце Делчев”, во Куманово.

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, положи цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во кругот на Гимназијата „Гоце Делчев”, во Куманово, по повод 121 година од загинувањето на македонскиот револуционер. Во продолжение честитката од Спасовски на социјалните мрежи:

„Гоце Делчев - син на Македонија, двигател на македонскиот цивилизациски напредок.

Денеска, со посебен пиетет положив цвеќе пред бистата на великанот Гоце Делчев во мое Куманово, по повод 121 годишнината од загинувањето на македонскиот јунак.

Борбата на македонскиот револуционер Гоце Делчев никогаш не беше свртена кон минатото, туку кон иднината. Македонија со европска иднина, како дел од демократскиот и прогресивен свет. Тој ни остави аманет за вклученост и искрен пристап во политичките предизвици пред кои е исправена земјата од сите општествени чинители и граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност.

И никогаш посилно не одекнувале неговите зборови во Преспа, во далечната 1901 година: „Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружат сите балкански народи“ - Идеалите и заложбите на великанот Делчев ги продолжуваме остварувајќи го вековниот сон за слободна, демократска и економски напредна Македонија, дел од најмоќните светски сојузи НАТО и ЕУ - како Македонци, со македонски идентитет, посебност, јазик, култура и традиција.

Нека му е вечна слава!”, напиша Спасовски на социјалните мрежи, се наведува во партиското соопштение.

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ ветува градба, промени, реформи, во општина Петровец ќе инвестира 5 милиони

И покрај опструкциите со кои се соочува нашиот градоначалник Борче Митевски овде во Петровец, општината продолжува да се гради да се развива.

Во моментов се градат 10 нови фабрики и како што Општина Петровец е пример за соживот и за градење така планираме да ја водиме и идната влада на Република Македонија.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ со Платформа 1198 ќе инвестира во Петровец нови 5 милиони евра. За мост средно Коњаре, ќе го реконструираме патот од влезот на Петровец до излезот во Ржаничино и секако ќе ја завршиме новата детска градинка.

Многу е важно на 8 мај да се излезе и да се гласа, многу е важно да се гласа за број 2, затоа што број 2 ветува градба и промени, ветува реформи.

Ве повикувам сите на 8 мај сите заеднички сплотено да излеземе и да го заокружиме бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер на Македонија, рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

„Гответе со Дракче“ - Макало од компири

Во петок (03.05.2024) во емисијата гостин ни беше Рада Бошковска

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. кромпир

3 пакувања сув пипер

1 главица лук

1 китка магдонос

сол и бибер по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер