Бабовски: Почнува периодот за подготовка на документација за користтење на средства од ИПАРД 2 за Мерка 3

Со помош на средствата од оваа мерка ќе може да се реализираат инвестиции за преработка и производство на млеко и млечни производи, месо и месни производи,....

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува сите заинтересирани дека од денеска е објавена Најавата за нов повик за ИПАРД, поточно за Мерка 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи".

Како што соопшти Агенцијата, јавниот повик за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2014-2020) година ќе биде објавен во втората половина на декември годинава.

Директорот на Агенцијата Николче Бабовски, информира дека од денеска, па во наредниот период, за сите заинтересирани кои сaкаат да користaт средства од ИПАРД програмата, поточно преку Мерката 3, „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи" им се дава подготвителен период од најмалку 30 дена за прибирање на потребната документација за изработка на апликации за поднесување на барања за користење на финансиска поддршка од ИПАРД 2 Програмата.

– Со помош на средствата од оваа мерка ќе може да се реализираат инвестиции за преработка и производство на млеко и млечни производи, месо и месни производи, вклучувајќи и јајца, живина, овошје и зеленчук, вклучувајќи печурки, компири и илегуминозни култури, житарици, млечни продукти и скроб, зеленчукови производи, масла и маснотии од животни, шира, вино и оцет, појаснува Бабовски.

Преку Мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи", ќе може да се набават машини, опрема за преработка на земјоделски производи, од растително и животинско потекло, како и да градат нови или реконструираат постоечки објекти за преработувачки капацитети, а со цел унапредување на домашниот агро – сектор и достигнување на ЕУ стандардите.

Деталите за Јавниот повик 02/2019, ќе бидат објавени дополнително, поточно втората половина на декември а огласот ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавување на Јавниот повик во дневните весници. Сите кои сакаат да аплицират за добивање на средства од ИПАРД 2 програмата, ќе треба да ја подготват потребната документација и откако ќе биде објавен повикот да поднесат барања. Апликациите мора да бидат целосно комплетни.

Начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2014-2020 се пропишани во Уредбата. Во наредниот период а со цел поголема информираност на заинтересираните страни, тимови од Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, од Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој, и од АПРЗ, ќе одржат ИПАРД инфо денови и работилници на кои сите заинтересирани ќе можат да се информираат и да поставуваат конкретни прашања за можностите и начинот за искористување на овие средства.

Со користење на европските средства од петтата компонента на инструментот за претпристапна помош се унапредува и осовременува домашниот агро-сектор, а со тоа се овозможува зголемено производство, квалитет, како и пласман на домашните земјоделски производи во странство, се наведува во соопштението на Агенцијата.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер