Капата на Хитлер урива рекорди на аукција во Германија, заедно со уште 842 предмети

Капата на Хитлер е продадена на аукција за 50 000 евра, а фустанот на неговата вереница Ева Браун за 4 600 евра.

Тое се само два од вкупно 842 предмети од национал-социјалистичката ера, кои беа понудени на контроверзната аукција за која во Германија многу се дискутира деновиве.

На аукцијата во близина на Минхен ,аукциската куќа Херман понуди на продажба 842 предмети од тоа време, вклучувајќи ја и шапката на Адолф Хитлер, луксузно издание на неговата книга Маин Кампф, обложена со сребро, во сопственост на Херман Геринг, фустанот на доживотната пријателка на Хитлер, Ева Браун и мечот на озлогласениот офицер на СС, Фриц Клингенберг, пишува Дојче веле.

Аукцијата беше проследена со остри критики. Европската еврејска асоцијација (ЕЈА) се спротивстави на одржувањето на аукцијата. Во време кога насилството од десничарски и антисемитски организации е во посдем, аукцијата создава можност да се „слават нацистите“, рече рабинот Менахем Марголин, претседател на ЕЈА. "Погрешно е да се претворат тие предмети што се натопени со крв, во пари, особено во Германија", рече рабинот, додавајќи: "Јас разбирам дека не е нелегално да се купуваат и продаваат нацистичките спомени. Овде не станува збор за закон, туку за морал".

Како што покажа аукцијата во Минхен, луѓето се подготвени да платат многу пари за предметот што го сакаат. Шапката на Хитлер се продаде за 50.000 евра, луксузната книга Маин Кампф за неочекувани 130.000 евра (двојно повеќе од почетната цена), фустанот на Ева Браун за 4600 евра, писмо на Хитлер до неговиот пријател од младоста , Август Кубицек за 80.000 евра.

Анкета: Поддршката за членството на Полска во ЕУ - најмала во последнава декада

Поддршката за членството на Полска во Европската Унија падна на најниско ниво во повеќе од една деценија, според анкетата објавена денеска.

Според најновата анкета на институтот ЦБОС, и покрај победата на про-ЕУ коалицијата, поддршката за членството на земјата во Унијата падна на 77 отсто, што е најниско ниво од 2013 година.

Поддршката лани беше 85 отсто, а најголема беше во 2022 година, кога изнесуваше 92 проценти.

Про-ЕУ коалицијата дојде на власт во Полска на изборите во октомври по осум години владеење на партијата Право и правда (ПиС), ветувајќи дека ќе ги поништи законите воведени од десницата.

ПиС често беше во судир со западните сојузници на Полска и институциите на ЕУ во Брисел поради нивната загриженост за владеењето на правото во оваа земја. /МИА

Претставник на ОН тврди дека ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Газа

Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), на брифинг во Женева рече дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област.

Тој истакна дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства се смета дека под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека вообичаено има стапка од 10 проценти за неуспех, односно неактивирање на муницијата. Станува збор за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар. /МИА

Руски новинар на „Форбс“ е приведен поради наводно ширење лажни информации за армијата

Новинарот на магазинот „Форбс Русија“, Сергеј Мингазов е приведен под сомнение дека ширел лажни информации за руската армија, објави денеска магазинот.

„Форбс Русија“ додава дека досега не успеале да стапат во контакт со Мингазов. Неговиот адвокат Константин Бубон на Фејсбук објави дека новинарот е во притвор во источниот руски град Хабаровск, каде што живее.

Адвокатот рече дека Мингазов бил приведен поради преобјавување публикации за наводни руски воени злосторства во украинскиот град Буча, каде што убиствата на украинските цивили во првите недели од војната беа пријавени од Ројтерс и други новински организации.

Профилот на Мингазов на платформата Телеграм содржи бројни објави за Буча, а засега не е јасно за која од нив новинарот е приведен. /МИА

притисни ентер