Пендаровски-Вучиќ: Скопје и Белград имаат многу добри односи и со поголема доверба од порано

Во политичките односи, освен различни погледи за независноста на Косово, немаме други отворени прашања. 

Белград и Скопје имаат многу добри односи, со поголема доверба од порано и со подобрена економска соработка, оценија претседателите на Македонија и на Србија, Стево Пендаровски и Александар Вучиќ по нивната денешна средба во српскиот главен град.

– Во политичките односи, освен различни погледи за независноста на Косово, немаме други отворени прашања. Сакаме да ги градиме најблиските пријателски односи, изјави Вучиќ на заедничката прес-конференција со Пендаровски,.

Вучиќ додаде дека имал отворен разговор со претседателот Пендаровски за сите клучни прашања во билатералните односи на двете земји, регионалните иницијативи и клучните регионални прашања.

– Белград и Скопје имаат многу добри односи, ми се чини со поголема доверба од пред една или две години и тие односи ќе одат само во подобра насока, рече Вучиќ.

Тој потсети на Новосадската и Охридската иницијатива и нагласи дека е горд на договорот постигнат меѓу Македонија, Албанија и Србија.

– Знам дека не е најпопуларен, но мислам дека е иднината. Не само за нашиот регион. Паметен избор е да се преживее во ситуација кога не знаете како оди Европа. Не да се понуди алтернатива, затоа што не е за споредба, но ние имаме обврска да го направиме сами она што можеме. Затоа сум задоволен од иницијативата и уверен сум дека тоа ќе донесе просперитет на овие земји и нации, рече Вучиќ.

Според него, економската соработка меѓу двете земји напредува и оти трговијата се очекува да биде близу една милијарда евра оваа година со регистрирано зголемување од 7,6 отсто оваа година.

Претседателот Пендаровски од своја страна изјави дека неговата денешна посета на Белград е уште една потврда за односите на добрососедство и меѓусебно разбирање меѓу Република Македонија и Република Србија, но и уште една можност заеднички да ја потенцираат важноста и посветеноста на градењето, одржувањето и унапредувањето на меѓусебниот дијалог, како меѓу себе, така и пошироко во регионот.

– Нашите земји и народи ги поврзува долга историска и културна традиција, а ја споделуваме и визијата за заедничка иднина во големото европско семејство. Оттука, контактите на највисоко ниво меѓу нашите две земји имаат посебно значење и даваат силен сигнал и за понатамошен развој на пријателството и соработката на сите други нивоа, додаде Пендаровски.

Потрошил 14.000 евра за да стане куче, а сега повторно шокира со новиот кучешки костум (ВИДЕО)

Претходно пишувавме за Јапонец, кој се крие зад прекарот Токо.

Тој потрошил повеќе од 14.000 евра на костим за куче, со цел да го исполни детскиот сон и да го запознае светот од перспектива на животното.

Сега тој повторно го шокира светот, откако претстави хиперреалистичен костим на маламут од Алјаска што му овозможува да прави „нови трикови“.

Потсетуваме, Јапонците ангажираа експерти од компанијата „Цепет“ на кои им биле потребни 40 дена за реализација на проектот.

Му дале импресивен костим на овчарско куче со густо крзно и анатомски исправни екстремитети, но неговата глава била „најслабиот“ елемент.

Сега Токо претстави нова инвестиција, а костимот од Alaskan Malamute изгледа импресивно, со можност за движење на опашката и устата, пренесува Oddity Central.

Тој признава дека ја крие својата страст од пријателите, семејството и колегите на работа, плашејќи се од суд, но не планира наскоро да се откаже од хобито.

Ако ништо друго, се чини дека тој е сѐ повеќе и повеќе опседнат со кучешкиот живот секој ден.

„Жешката“ полицајка која му играше во скут на шефот доби отказ, но не за снимката (ВИДЕО)

Њујоршката полицајка Вера Мекали (26) се најде во центарот на вниманието на јавноста откако беше објавено видео на кое таа танцува во скутот на тогашниот шеф.

Оттогаш поминаа три години, а жената сега е отпуштена - од други причини, објави Дејли Стар.

По жешкото видео од забавата, Вера продолжи да работи во службата, а нејзиниот шеф бил префрлен на ново работно место.

Сепак, иако не добила отказ, по две години од егзотичното танцување, Вера била суспендирана поради мешање во апсењето на нејзиниот девер кому се обидела да му помогне кога бил запрен поради возење во пијана состојба.

Вера ги нападна полицајците од Њу Џерси затоа што го фатиле, велејќи дека „не ја завршиле добро работата“.

Како што пренесуваат американските медиуми, таа боса втрчала во станицата и врескала дека е полицајка.

Таа барала да ѝ кажат зошто мажот е уапсен.

Истрагата покажала дека полицајците направиле сѐ по протокол, а Вера била исфрлена од полициските сили.

„Тато, згрешив, се срамам што те посрамотив тебе и семејството“, му рекла Вера на својот татко и додала дека сѐ „требало да биде шега“.

„Не бев свесна дека му ја уништив кариерата, сега изгледа како лош човек, извини“, рекла поранешната полицајка.

Во куќата на нацистички лидер се пронајдени човечки остатоци- сите немаат шаки и стопала

Група аматерски истражувачи пронашле коски од пет луѓе во куќа која некогаш му припаѓала на еден од најблиските соработници на Хитлер - Херман Геринг.

Остатоците се пронајдени во трошна зграда во близина на поранешното седиште на Адолф Хитлер, Волчјо дувло, во денешна Полска, пренесува Der Spiegel.

Во густо пошумена област покриена со бункери, националсоцијалистите изградиле добро обезбеден квази-мал град за нивното раководство - вклучувајќи кино, чајџилница и противвоздушни станици.

Речиси 80 години подоцна, Волчицата била обрасната со плевел и природата ги „голтнала“ куќите, а се верувало дека урнатините на куќата што некогаш ја користел Геринг биле добро истражени. Меѓутоа, кога археолози аматери од Полска и Германија почнале да бараат под дрвениот под, ископале човечки череп на длабочина од десет сантиметри.

Веднаш повикале полиција, но немало докази дека таму е извршено неодамнешно злосторство. Тогаш тимот истражувачи, предводен од Октавијан Бартошевски, почнал да копа понатаму. Како што пишува Der Spiegel, пронајдени се останките на уште три лица, тинејџер и бебе.

„Можеби се работи за семејството кое било погребано во куќата на Геринг, пишува Der Spiegel.

Засега не е јасно чии се посмртните останки. Можно е дека остатоците веќе биле таму за време на изградбата на куќата, како што знаел фелдмаршалот Рајх. Меѓутоа, можно е и овие луѓе да дошле во Волчицата по завршувањето на Втората светска војна.

Полското јавно обвинителство сега сака да утврди дали масовното убиство има врска со нацистите.

Она што ги загрижува сите е тоа што на сите скелети им недостасуваат шаки и стопала. Постои можност коските да изгниле во текот на децениите, но и некој да им ги отсекол екстремитетите.

притисни ентер