Вучиќ закажа седница на советот за безбедност поради аферата со рускиот шпион

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за  денеска закажа седница на Советот за национална безбедност, поради можната шпионска афера во која наводно се вклучени руски разузнавач и српски агент.

Автентичноста на снимката на која се гледа како Георги Клебај му дава пари на наводен српски агент ја потврди Безбедносно-информативната агенција.

По седницата се очекува да бидат познати повеќе детали за овој случај на кој работат српските безбедносни служби.

Претходно, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, оцени дека, доколку се утврди дека во овој случај навистина станува збор за шпонажа, тоа ќе биде сериозен проблем кој бара сериозна реакција.

Ветеринарната комора апелира да се искористат бенефициите за бесплатно чипирање на домашните миленици

Сопствениците на домашни миленици да ја искористат можноста за бесплатно микрочипирање на своите миленици.

Ветеринарната комора на Република Македонија, на истекот на кампањата за масовна идентификација и регистрација на домашните миленици (чипирање), која завршува на 31.12.2019 година, апелира до сопствениците на домашни миленици да ја искористат можноста за бесплатно микрочипирање на своите миленици.

После истекот на овој период, како што велат од Ветеринарната комора, микрочипирањето и регистрацијата ќе се наплаќа по редовна цена, а Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и другите инспекциски служби ќе вршат зајакната контрола и ќе ги санкционираат сопствениците кои не го идентификувале својот домашен миленик.

До овој момент во информативниот систем на АХВ се регистрирани 72.155 домашни миленици од кои 69.234 кучиња и 2.921 мачки.

Ветеринарната комора, преку своите членови и понатаму ќе се вклучува во сите активности, кои имаат за цел јакнење на одговорното сопствеништво, како еден од најважните предуслови за решавање на долгогодишните проблеми со бездомните животни. /МИА

Во поплавите во Уганда загинале 16 лица

Најмалку 16 лица загинале во поплавите во африканската држава Уганда.

Портпаролката на Црвениот крст на Уганда Ирене Накаиста изјавила дека обилните дождови предизвикале голема природна катастрофа на истокот од таа африканска земја.

Локалните власти соопштуваат дека повеќе од 10.000 мештани се евакуирани од најзагрозените региони и привремено се здружени по училишта и цркви.

Владата на Уганда издвоила 5,4 милиони долари за помош на загрозените од овие поплави.

Мачеле и убиле куче а потоа го оставиле врзано за ограда од мост

Откако го мачеле и убиле го оставиле врзано за ограда од мост во населбата Мала Губа во Србија.

Имено, како што се гледа на фотографијата, несреќното животно е мачено и врзано а покрај него се наоѓа и локва со крв.

Билјана Вуќелиќ од Прокупље, која е застапник на животните е згрозена од овој чин.

-Страшно е што овој крај станува мачилиште за животни и ова ги преминува сите граници на нормално однесување, вели таа.

Едно здружение за заштита на животните од Србија понудило и 1.000 евра за оној кој ќе даде информација за сторителите на ова злодело.

притисни ентер