Зградите низ Скопје светнаа во сино во чест на Светскиот ден на детето

Голем број објекти вечерва и утре ќе бидат осветлени во сина боја во чест на 30. годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на децата од ООН , што се одбележува како Светски ден на децата.

Во сино вечерва беа осветлени зградите на Владата, Собранието, ТАВ Македонија со Меѓународниот аеродром Скопје, Министерството за образование и наука, Археолошкиот музеј, Музејот на македонската борба, кулите Џевахир, Амбасадата на Италија и други.

20 ноември се одбележува како Светски ден на детето по повод потпишувањето на Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации.

По повод Светскиоот ден на децата , поддршка даде и премиерот Зоран Заев на Фејсбук кој напиша : ,,Децата и младите се предводници на нашата иднина. Децата нè инспирираат и се најголемата причина за нашиот стремеж да изградиме подобар свет што им го оставаме во наследство.”

Затворени училишта и попречен сообраќај поради обилни врнежи од снег во Техеран

Отежнато е движењето по улиците, попречен е и воздушниот сообраќај, затворени се училишта.

Обилните снежни врнежи ги обелија улиците во Техеран, отежнувајќи им го на жителите секојдневието во градот, известуваат градските власти.

Снегот започнал да паѓа рано наутро и веднаш го попречил движењето во главниот град.

Сите летови или доцнат или се откажани.

Заради обилниот снег затворени се и сите училишта во главниот град и во некои околни подрачја.

Обилниот снег ќе продолжи да паѓа до утре.

Без струја утре дел од Драчево и Ѓорче Петров

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре во одредени временски интервали без струја ќе останат дел од жителите во Драчево и Ѓорче Петров.

Од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од улиците Иван Хаџиниколов (поранешна Ратко Митровиќ), Скендербег и Радое Дакиќ  во населбата Драчево, а од 9 до 15 часот дел од улиците Ибе Паликуќа, Кичевска и Зејнел Ајдини во општина Ѓорче Петров./МИА

Полицијата во Хонг Конг со солзавец ги растерува демонстрантите

Полицијата на денешните протесни користеше солзавец за да ги растера илјадниците антивладини демонстранти кои се собраа во Хонг Конг.

Пред да започнат демонстрациите, полицијата интервенирала кога митингот прераснал во импровизиран марш. Видено е како неколку полициски единици апсат демонстранти.

Организаторите на почетокот побарале дозвола за марш, но полицијата се согласила само на статичен митинг во паркот, велејќи дека изминатите маршови се  претвориле во насилство.

притисни ентер