Русија задоволна од ветото на Макрон за Македонија и Албанија

Според Чижов, Макрон има „причина" кога вели дека ЕУ треба прво да се справи со тензиите меѓу своите земји членки, пред да почне преговори за пристапување со Македонија и Албанија.

Рускиот амбасадор во ЕУ Владимир Чижов го поздрави противењето на францускиот претседател Емануел Макрон кон проширувањето на унијата, што покажува како Кремљ ја користи „деструктивната политика" на францускиот претседател за истакнување на поделбите меѓу европските сојузници, пишува весникот „Фајненшл тајмс".

Според Чижов, Макрон има „причина" кога вели дека ЕУ треба прво да се справи со тензиите меѓу своите земји членки, пред да почне преговори за пристапување со Македонија и Албанија.

– Претседателот Макрон има причина кога вели дека ЕУ прво треба да се справи со сопствените внатрешни прашања пред проширувањето на унијата. И се разбира, објективно гледано, да се каже дека и Македонија и особено Албанија се подготвени за членство би било грубо претерување, со сета почит кон двете земји, вели Чижов, кој е на функцијата од 2005 година, во интервју за „Фајненшл тајмс".

Весникот наведува дека неодамнешните коментари на Макрон за проширувањето и „клиничката смрт" на НАТО предизвикале остри критики од некои сојузници, поради претставуањето на Европа како слаба, додека други го поздравија неговото директно соочување со фундаменталните проблеми.

Во интервјуто, Чизов, одбива да коментира „конкретни зборови" изнесени од Макрон, но вели дека францускиот претседател „како што јас разбирам … искажа одредена загриженост која што ја имаат многумина во земјите членки на НАТО".

– НАТО … во смисла на изјавата на претседателот Макрон, има многу за разговарање во помал формат на самитот во Лондон следниот месец. Сите знаеме што кажа претседателот Трамп за НАТО во различни фази од неговото претседателство, вели Чизов.

Коментарите на Чизов, според весникот, дополнително ќе го разгорат гневот кај некои земји во Европа кои сметаат дека ставовите на Макрон го поткопуваат кредибилитетот на НАТО и на ЕУ, вклучително и во однос на Русија.

– Европската унија, според мое гледиште, самата се стави во ќош со својата политика кон Русија. И бројот на луѓе и политички лидери, кои го разбираат тоа, се повеќе се зголемува, заклучува Чизов.

Тој нагласува дека „трпеливо го чекал" моментот кога некои земји од ЕУ ќе „соберат храброст да прозборат" против продолжување на санкциите кон Русија, истовремено изразувајќи надеж дека обидот на Макрон и Финска за подобрување на односите со Русија е сериозен и суштински./МИА.

Претставник на ОН тврди дека ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Газа

Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), на брифинг во Женева рече дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област.

Тој истакна дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства се смета дека под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека вообичаено има стапка од 10 проценти за неуспех, односно неактивирање на муницијата. Станува збор за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар. /МИА

Руски новинар на „Форбс“ е приведен поради наводно ширење лажни информации за армијата

Новинарот на магазинот „Форбс Русија“, Сергеј Мингазов е приведен под сомнение дека ширел лажни информации за руската армија, објави денеска магазинот.

„Форбс Русија“ додава дека досега не успеале да стапат во контакт со Мингазов. Неговиот адвокат Константин Бубон на Фејсбук објави дека новинарот е во притвор во источниот руски град Хабаровск, каде што живее.

Адвокатот рече дека Мингазов бил приведен поради преобјавување публикации за наводни руски воени злосторства во украинскиот град Буча, каде што убиствата на украинските цивили во првите недели од војната беа пријавени од Ројтерс и други новински организации.

Профилот на Мингазов на платформата Телеграм содржи бројни објави за Буча, а засега не е јасно за која од нив новинарот е приведен. /МИА

Шведска треба да го зголеми воениот буџет за 4,6 милијарди евра до 2030 година

Шведска треба да го зголеми воениот буџет за речиси 54 милијарди круни (4,6 милијарди евра) до 2030 година за да ја зајакне противвоздушната одбрана и да го зголеми бројот на регрути, препорача Комитетот за одбрана на шведскиот Парламент.

Комитетот, составен од претставници на осум парламентарни партии, наведува дека членството во НАТО и сериозната безбедносна состојба бараат поголеми амбиции. Шведска стана членка на НАТО минатиот месец, напуштајќи ја децениската политика на воена неутралност по руската инвазија врз Украина.

Напад врз Шведска или врз нашите сојузници не може да се исклучи, истакна Комитетот во денеска објавениот извештај.

Во документот, иста така се истакнува дека шведската противвоздушна одбрана мора да се прошири за да одговори на заканите со беспилотни летала, оти треба да се набават повеќе крстосувачки ракети, а морнарицата треба да добие повеќе персонал. Исто така, се предлага постепено зголемување на бројот на регрути од сегашните 8.000 на 12.000 до 2032 година. /МИА

притисни ентер