Преку 200 поплаки за повреда на правата на детето

 Значително е зголемен бројот на поплаки за повреда на правата на детето. 

До Канцеларијата на Народниот правобранител досега се пристигнати над 200 поплаки, најмногу за згрижување на децата, за семејните права, личните контакти со родител, роднина, правото на издршка, старателство. Народниот правобранител постојано укажува и бара од сите инволвирани во процесот на грижа за децата да преземат поголема одговорност, но позначителни промени засега нема.

– Сметам за потребно да потенцирам дека оваа година имаме значително зголемување на бројот на поплаки за повреда на правата на детето, која бројка иако сè уште не е завршена годината веќе надминува 200, вели за МИА заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа.

Најголемиот дел од поплаките, како што посочува, се однесуваат на згрижување на децата од предучилишна возраст – градинки, што особено се актуелизира по прогласување на епидемијата на мали сипаници и одлуката во градинка да не се примаат невакцинирани деца, како и претставки за неможност за упис на деца во прво одделение.

-Ние како институција максимално се заложивме за решавање на овој проблем со оглед на тоа дека станува збор за судир на две права – правото на здравствена заштита од една страна и правото на образование од друга страна. Побаравме од Владата со посебна информација овој проблем да се реши во најдобар интерес на детето, имајќи предвид што укажува Конвенцијата за правата на детето, вели Бајрамовска – Мустафа.

Kога станува збор за детските права, како што посочува, и натаму е голем број на поплаките кои се однесуваат семејните права, поточно личните контакти со родител, роднина, правото на издршка, старателство нешто што со години наназад се провлекува, како и правата на децата сместени во установи, односно згрижувачки семејства.

На прашањето колку во нашата држава се почитуваат препораките на Народниот правобранител за правата на детето, Бајрамовска – Мустафа одговара дека ако како институција со години укажуваат дека има проблеми во одредени области, односно кога тоа го повторуваат, тогаш не може да се зборува за некакви позначителни промени по нивните препораки.

-Кога го велам ова, мислам на детските права поточно пристапот до нив, на едно пошироко ниво, затоа што да бидам искрена индивидуално (кога постапуваме по конкретни предмети) успеваме да помогнеме односно да го убедиме органот да постапи поинаку затоа што имаме утврдено повреда на детските права, истакнува таа.

Во насока на подобрување на постапувањето по општите препораки, како што истакнува, се и измените на Законот за народен правобранител, со кои Собранието, по разгледувањето на Годишниот извештај на Народниот правобранител утврдува мерки и ја задолжува Владата да постапи по истите, и на секои шест месеци да извести за постапеното.

-Ние со големо внимание го следиме ваквото постапување, од причина што сепак се работи за ранлива категорија деца чии права сме обврзани како општество да ги обезбедиме, додава Бајрамовска Мустафа.

Им порачува на лицата кои работат со децата, како и на родителите, посебно во процесот на воспитување на децата, прво да ги сакаат и да ги почитуваат, да им посветат поголемо внимание, да им ги тргнат таблетите и мобилните телефони, да разговараат со нив за секој проблем што ги мачи, да ги советуваат, да ги подучуваат, да ги воспитуваат доколку, како што вели, сакаат да изградат вистински личности.

-Со децата треба многу да се работи и тоа како дома, така и на училиште. Последниве години имаме тренд на пораст на булингот меѓу децата, тоа е загрижувачко. Навредите по разни основи, физичките пресметки, психичкото насилство, се се поприсутни во училиштата и тоа треба да биде аларм за итно дејствување на сите релевантни фактори во државата. Превенцијата е многу важна во овој сегмент, па затоа и во училиштата – наставниците но и дома родителите треба постојано да работата на сузбивање на оваа појава, но и охрабрување на децата за што поголемо запознавање со детските права и пријавување на секаква повреда, вели Бајрамовска Мустафа.

Како институција која ги штити правата на децата, како што посочува, одлучиле годинава на малку поинаков начин да ги одбележат 20 Ноември – Светскиот ден на детето и 30-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето.

-Така во среда на 20 Ноември во Домот на АРМ во Скопје под мотото „Сите Сме = Во Правата", ученици од повеќе основни и средни училишта од земјата, како и од градинките сами преку песна, игра, рецитали и сликање (ликовна креативна работилница) ќе покажат што знаат во поглед на нивните права, како размислуваат за нив, поточно колку се свесни за нивните права, но и за нивните обврски. Што значи дека овој пат ние возрасните ќе бидеме публика, бидејќи ова сепак е нивни ден, истакнува таа.

Додава дека процениле оти на овој начин многу повеќе ќе се мотивираат децата да се заинтересираат за нивните права и обврски и дека тие поубаво можат да ја пренесат пораката што навистина сакаат, односно како тие ги разбираат работите кои се однесуваат на нив.

-Во оваа насока е и предавањето на барање од Децата за правата на децата што на некој начин е детска декларација, до Парламентот, место каде се носат законските прописи, односно местото каде треба да се дискутира како на поефикасен начин да им се овозможат законски предуслови за заштита на нивните права, вели Бајрамовска Мустафа.

Даниела Маркоска Алексовска

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер