МТСП: Месечен младински додаток по 3.000 денари за сите млади вработени во производна дејност

На 164-та Седница, Владата гo утврди Предлог-законот за младински додаток, предложен од Министерстовото за труд и социјална политика.

Со младинскиот додаток поттикнуваме вработување на младите лица во дејностите на производството по завршување на средното образование. На овој начин истовремено придонесуваме за подобрување на нивниот животен стандард и ги задоволуваме потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила. Младинскиот додаток ќе биде во висина од 3.000 денари месечно и ќе им се исплаќа на млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование.

Младински додаток може да користи младо лице кое ги исполнува следните услови :

-е опфатено со задолжително социјално осигурување по основ на вработување кај работодавач или самовработување со претежна производствена дејност;

-е вработено во приватна агенција за вработување и е отстапено на работа кај работадавач со претежна производствена дејност или

-е опфатено во задолжително социјално осигурување како индвивидуален земјоделец.

Со воведувањето на младинскиот додаток Владата продолжува посветено да работи на подобрување на условите за живот на сите лица во Македонија, вклучувајќи ги и младите лица, соопштува МТСП.

Богојески на граѓанската трибина: Да изгласаме за 10ка, со тоа ќе внесеме во Парламент граѓански пратеници кои ќе ги менуваат работите од корен и без партиска контрола

„Доколку сакате да биде казнета и сменета оваа Влада, а од друга страна да не дозволиме возобновување на бандитизмот во минатото, тогаш гласајте за број 10“.

Петар Богојески на вечерашната граѓанска трибина што се одржа пред Спомен Куќата на мајка Тереза истакна “Апелирам сите граѓани, особено најразочараните од политиките на двата партиски блока да излезат на гласање бидејќи сите тие викаат дека се разочарани, се е исто 30 години и не излегуваат да гласаат. Токму тие поради кои си разочаран едвај чекаат да не излезеш на гласање за да си изберат со нивните малкумина војници. Сега е последна шанса да ги направиме тие вистински промени бидејќи јас ви гарантирам дека како што Заев не расчисти со Груевски, така и Мицкоски нема да расчисти со Заев. Затоа е најдобро да застанеме храбро и одлучно и изгласаме за 10ка. Со тоа ќе внесеме во парламент граѓански пратеници кои ќе ги менуваат работите од корен и без партиска контрола. Доколку сакате да биде казнета и сменета оваа Влада, а од друга страна да не дозволиме возобновување на бандитизмот во минатото, тогаш гласајте за број 10 бидејќи само ние имаме кредибилитет да не ги дозволиме тие процеси во парламентот.”

Во однос на промените кои се потребни во државата, Богојески се осврна на основните потреби на граѓаните да живеат во нормална држава.

“Идејата не води заедно, а идејата е нормална држава бидејќи стана претешко да се живее нормално. Ниту може човек да оди нормално на работа, ниту може од работа да се врати нормално, ниту децата имаат нормално образование, ниту пак имаме нормално здравство каде може да се лекуваме. Живееме во една тотална ненормалност. И сега, како до таа нормалност? Единствен начин до таа нормалност е да се промени политичкиот систем и да се суспендира моќта на политичките партии која се наоѓа денес во нивни раце, пред се на политичките лидери. Единствен начин да ја суспендираме оваа политичка елита која ги носи овие неправди во земјата е државата со закон да наметне внатрепартиска демократија за реформирање на партиите бидејќи нема капацитет тоа поинаку да се донесе. Тоа е услов за да прифатиме која било партија доколку имаме пратеници и учествуваме во формирање на Влада. Апсолутно нема да поддржиме формирање на Влада се додека не се донесат тие законски решенија, вклучувајќи го и ова”.

Покрај Петар Богојески, носителот на листата во ИЕ 1за политичката платформа Македонски концепт, на трибината говореа и кандидатите за пратеници д-р Елена Зафировиќ и Оливера Клинчарова, која говореше на тема екологија и еколошките приоритети на земјата.

“Нашата земја е надарена со многу природни богатства, а ние решивме да ги искористуваме најлошите, односно тие што не се обновливи. Место да градиме цело време хидроелектрани, термоцентрали и слично, ние можеме да го тераме зеленото сценарио. Тоа значи напуштање на конвенционалното греење и загадување на оваа почва и да се насочиме кон одржлив развој. Енергетските заедници се иновативна мерка која ја предлагаме сега и за која имаме поддршка од сите еколошки организации во Македонија и пошироко. Имам дозвола да ги споменам GoGreen, Не биди ѓубре и сите други кои се против труење на народот”, истакна Оливера Клинчарова во своето обраќање.

На тема здравствен систем во земјава говореше д-р Елена Зафировиќ која рече дека граѓаните мора да почнат да прашуваат затоа што тоа е наша граѓанска должност и да очекуваме одговори затоа што тоа е наше право со коешто се здобивме во демократијата, по што запраша “Зошто немаше одговорност на верските лидери коишто повикуваа на непочитување на мерките на карантинот? Зошто и дали ќе има одговорност од тие поради ситуацијата во која сме денес? Одговор ќе дадат тие кои ги воведоа мерките.“

Тим за комуникација со медиуми

Македонски концепт

Спасовски од Ѓорче Петров: Ќе живееме како европски граѓани со европски плати и европски просперитет

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, вечерва се обрати на граѓанската трибина во скопската општина Ѓорче Петров

Тој зборуваше за храбрите одлуки и постигнувањата на нашата држава во изминатите три години со што државата стана членка на НАТО, на чекор е до отворање на преговорите со ЕУ, овозможивме стабилност на политички и безбедносен план, без што нема развој.

„Создадовме држава во која сите сме слободни, владее демократија, никој повеќе не нè дели, сите сме едно, затоа што секој е важен. Создадовме држава ценет меѓународен партнер, држава која знае да решава прашања. Денеска заедно со Грција и Бугарија одиме напред, кои се наши лобисти, заедно станавме дел од НАТО, заедно ќе станеме и дел од ЕУ.

Имаме двојно повеќе причини да не им дозволиме да не вратат назад, во режим и грабеж. Ветуваме дека за 4 години ќе затвориме 80 проценти од поглавјата и во наредните 5-6 години ќе бидеме европски граѓани со европски плати и европски просперитет" рече Спасовски.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

По пандемијата , Вухан во опасност од поплави

Нова криза  во кинескиот град Вухан по пандемијата од коронавирус.

Заради поројните дождови и поплавите во Кина, загрозени се милион луѓе во градот кој што се наоѓа на реката Јангцекјанг, а подигнато е и нивото на заштита од поплави на втор степен.

Многу силен пороен дожд врне во Вухан и околината. На многу места, реките го надминале нивото на одбрана од поплави, а во Вухан се борат градот да не биде поплавен. Степенот на заштита од поплавите е подигнат на четврто ниво, само еден степен од најопасното ниво. Како што вели Синхуа, се очекува продолжение на дождовите не само во Вухан, туку и во многу други градови во Кина, на кои им се заканува опасност од поплави.

притисни ентер