Тестот докажа големи разлики меѓу евтините и скапите зимски гуми (ВИДЕО)

И покрај климатските промени , температурите паднаа доволно за да се размислува за вградување зимски гуми , а на тоа предупредува и законот.

Секако, набавката на зимски гуми е уште еден значаен трошок за домашниот буџет, особено по се поголемиот број автомобили со поголеми дијаметри. Еден од можните излези за да се намали трошокот  е големиот асортиман на ефтини зимски гуми, честопати целосно анонимни.

Но, сепак, какви се во пракса овие евтини гуми ? Затоа е направено тестирање со кое е очигледна разликата. Гумите беа тестирани во две димензии, полесниот Golf (205/55 16) и деловниот седан Volvo S90 (245/45 18).

Пневматиците беа темелно тестирани за сопирање на снег и мраз, суво и влажно возење и тест за моторни санки. 

Фото: Северина има иста чанта како Меган Маркл

Северина овој викенд објави фотографии од Монте Карло каде што отпатувала со својот сопруг Игор.

Хрватската пеачка изненади многумина со својот стајлинг на последните фотографии.

На фотографиите се гледа скапоцена кожна чанта од уругвајската дизајнерка Габриела Хеарс  каква што има и војводката Меган.

Оваа чанта чини околу 1800 евра.

Јагуар претстави седишта кои симулираат одење

Голем број на возачи по долго патување чувствуваат болка во лумбалниот дел од рбетот и рамената.

Експертите советуваат почести паузи за време на подолгите патувања, за да се избегнат воспалувања и повреди кои настануваат поради неудобно седење.

Конструкторите од компанијата Јагуар осмислија нов тип на автомобилско седиште. Иновативниот производ симулира движења  слични на оние кои настануваат кога одиме.

Седиштето моментално се тестира во одделна компанија задолжена за производство на ентериер на возила.

За време на возењето ова седиште се помрднува и создава вибрации кои симулираат чекорење. Со тоа се намалува здравствениот ризик од долго седење зад воланот. Седиштето се прилагодува на анатомијата на телото на секој возач и патник.

Според податоците од Светската здравствена организација, повеќе од една четвртина од луѓето на планетата поминуваат премногу време во седечка положба. Тоа предизвикува сериозни оштетувања на мускулите на нозете, деформирање на колковите и рбетот. Професионалните возачи се посебно загрозени, затоа што работниот ден го проаѓаат зад волан во подолги временски интервали.

Компанијата Јагуар со своите иновации сака да го унапреди здравјето на своите купувачи.

Видео: Очилата за сонце низ децениите

Очилата за сонце со децении се главен моден детаљ, а бројни познати личности имаат направено одредени модели да станат популарни.

Од кружните рамки кон почетокот на 20. век, преку пилотските очила во 30-те години од минатиот век , до Џеки Кенеди и нејзините огромни очила од 70-те, модата секако се менувала.

Денес, во мода се скоро сите прочуени очила за сонце.

Во ова видео погледнете како модата на очилата за сонце се менувала во последните 100 години.

притисни ентер