Русите испробаа рачно направен автомобил од бетон (ВИДЕО)

Група руски ентузијасти решија да направат автомобил од бетон , така што на популарен руски џип му направија бетонска обвивка.

За основа е искористено легендарното теренско возило УАЗ, Model 469, кој се произведува со децении без поголеми измени. Сега на овој СУВ му беше направено грубо , а потоа и фино прекривање со бетон. УАЗ е познат по тоа што издржува голема тежина и се пробива низ пречки без забележително оштетување.

Бидејќи Русите се забавуваа со бетонското возило, каналот Garage54 ни ја претставува забавата.

Фото: Нивес Целзиус во кревет со бел чипкаст градник

Нивес Целзиус на својот Инстаграм профил редовно објавува фотографии во провокативно издание.

Пред еден од нејзините настапи Нивес се фотографиташе во бел чипкаст градник легната на кревет. Пеачката заводливо гледа во селфи камерата, а фотографијата пријатно ги изненади нејзините фанови.

Истаграм воведува ново правило кое сите ќе мораат да го почитуваат

Инстаграм ќе бара од своите нови членови при регистрација задолжително да внесат датум на раѓање, затоа што планира да воведе повеќе содржини кои се прилагодени на одредена старосна група.

Оваа социјална мрежа за споделување фотографии веќе има правило за корисниците да бидат постари од 13 години за да креираат налог.

Барањето на датумот на раѓање би и помогнало на компанијата кај огласувањето и пласирањето на одредени производи кои не се наменети за деца.

Тие информации ќе му помогнат на Инстаграм да не прикажува на деца реклами за коцкање, алкохол...

„Барањето на овие податоци ќе помогне во спречувањето на девата да се приклучат на Инстаграм, ќе помогне и младите да бидат посигурни и ќе овозможи општо побогати содржини кои се прилагодени за одредени старосни групи“, велат од компанијата.

Младиот рапер ненадејно почина на аеродром

Младиот американски рапер Џус Ворлд почина на 21 година откако му се слошило на аеродром во Чикаго.

Како што пренесуваат американските медиуми, на музичарот, чие име е Џеред Ентони Хигинс, му била пружена помош на аеродромот, но потоа во болница била констатирана смрт.

Од полицијата соопштуваат дека по доаѓање на патрола на лице место е утврдено крварење од уста кај младиот рапер.

Тој е роден на 2 декември 1998 година во Чикаго, на свои четири години научил да свири клавир а потоа и гитара, тапани и труба.

Во некои од последните интервјуа раперот говорел за своите проблеми со дрогата.

притисни ентер