Хаос во Далмација – Паднати дрвја и фасади , бродските линии во прекин (ВИДЕО)

Силно невреме денеска го зафати хрватаското приморје со врнежи и удари од ветер и до 145 км/час.

Во Сплит од силината на ветрот летаа контејнери ,а падна и фасадата на Медицинското училиште. Делови од градот се поплавени од огромните бранови.

Поради силното југо ,кое дува и со 120 км/час , во прекин се голем број редовни бродски линии до островите. Црвен метеаларм е воведен и во регионот на Дубровник.

Во градот паѓаа дрвја , со оштетени автомобили. За среќа , до сега нема повредени во невремето , а властите ги предупредуваат граѓаните да останат дома.

Поради големото количество врнежи , постои опасност од поплави во градските зони на Дубровник , каде биле измерени и удари на ветрот од 145 км/час.

ИНКЛУЗИВНА ГРИЖА со НЛБ Рамка за помош

Интервју на Сашко Јованов од Здружение за подршка и развој “ХУМАНОСТ”

НЛБ Банка како дел од регионална Групација која оперира на 6 различни пазари во рамки на регионот на Југоисточна Европа (Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија), веќе четврта година по ред го реализира проектот „Рамка за помош“. Станува збор за иницијатива која има за цел да ги помогне и промовира иновативните проекти кои го подобруваат и збогатуваат нашето општество и овој пат решаваат предизвици како што се на пример: прекумерна употреба на дигитални технологии кај младите луѓе, врсничко насилство, кршење на човековите права, родова еднаквост, сиромаштија, како и предизвици поврзани со деменција и други болести на стареењето на населението.

Веќе четврта година НЛБ Банка успева да одржи континуитет во рамки на еден цел регион. Нивната порака е дека единствено заедно можеме да се справиме со клучните предизвици со кои се соочуваме во општеството, односно дека секој треба да соработува и активно да придонесе за решенија.

Во рамките на „Рамка за помош“, оваа година се даде одлична можност на оние кои работат за доброто на луѓето, односно беа избрани 10 финалисти од нашата земја, но и на секој поединечен пазар каде што работи НЛБ Групацијата, а секој од нив ќе биде награден со финансиска и комуникациска поддршка.

Потоа, регионалната комисија ќе избере 3 победници на проектот, од 60- те финалисти од Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија. Добитниците ќе бидат објавени на 9-ти мај 2024-та година во Љубљана, а ќе добијат значајна финансиска поддршка која ќе им овозможи полесно да ја реализираат својата визија и да почнат да ги менуваат општеството и светот на подобро.

Во продолжение, Ви го претставуваме проектот ИНКЛУЗИВНА ГРИЖА на Сашко Јованов од Здружение за подршка и развој “ХУМАНОСТ”

Проектот „Инклузивна грижа“ пред се е креиран од потребите на заедницата ( клучните чинители, образовниот систем и семејствата на лицата со попреченост) и истиот има за цел да воспостави иновативен центар за дневен престој кој ќе ги задоволи потребите на лицата со попреченост ( деца, млади и возрасни) во Демир Капија. Препознавајќи ја итната потреба за инклузивни и поддржувачи средини, нашиот центар се стреми да направи значајна разлика во животот на лицата со попреченост обезбедувајќи им средина за поддршка и зајакнување каде што ќе можат да напредуваат, растат и да го постигнат својот максимален потенцијал. Центарот за дневен престој пред се ќе ги задоволи пропишаните нормативи и стандарди согласно со законските и подзаконските акти и истиот ќе нуди низа сеопфатни услуги кои ќе бидат приспособени за да ги задоволат различните потреби на лицата со попреченост. Ова вклучува помош за лична нега, исхрана, потребите за учење, обезбедување моторна и говорна терапија. пат ќе се воспостави и треба да биде пример и водилка за во иднина. Тимот кој ќе биде вклучен во проектот е составен од струни работници (социјален работник, дефектолог, логопед, асистенти, раководител) и професионалци во областа на социјалната заштита за воспоставување и испорака на оваа социјална услуга. Воспоставувањето на ваквиот тип на социјална услуга е за првпат на територија на општина Демир Капија и е во корелација со мапираните потреби на градинката, основните училишта, семејствата и самата заедница

Зошто е меѓу избраните?

Психосоцијалната грижа за лица со попреченост и нивните семејства е голем проблем во земјава. Стигмата од зедницата доведува до исклучување на лицата со попреченост и нивните семејства од редовните животни текови и социјални збиднувања, а инклузијата на лицата со попреченост станува предизвик. За жал, државата нема систем за одговор на овие предизвици, но за среќа постојат организации кои ги адресираат потребите на оваа маргинализирана група и кои треба да се поддржат.

Одложено гласањето за Резолуцијата за Сребреница во ОН, текстот се испраќа на ревизија

Гласањето за Резолуцијата за Сребреница нема да се одржи на 2-ри мај, како што првично беше најавено.

Причина за одложувањето е тоа што текстот на нацрт-документот ќе биде испратен на ревизија, пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се на изјава на амбасадорот на Босна и Херцеговина во Обединетите нации, Златко Лагумџија.

Денеска го испраќаме текстот на резолуцијата на ревизија, доколку земјите членки на Обединетите нации имаат други предлози за текстот.

Генералното собрание секако ќе биде по 6 мај, во зависност од распоредот на седниците што ќе знаеме во вторник, посочил Лагумџија.

Со Резолуцијата за Сребреница, која предизвика негодување во Србија, се бара 11-ти јули да биде прогласен за меѓународен ден на сеќавање на жртвите на геноцидот во Сребреница во 1995 година..

ЕУ обезбедува дополнителни 68 милиони евра помош за Палестинците во Газа

Европската унија денеска соопшти дека обезбедува дополнителни 68 милиони евра потребна помош за Палестинците во Газа.

Територијата е уништена од повеќе од шест месеци израелско бомбардирање и копнени операции по нападот на Хамас на 7 октомври, оставајќи го цивилното население од два милиони луѓе кои имаат потреба од хуманитарна помош за да преживеат.

„Поради континуираното влошување на тешката хуманитарна криза во Газа и постојаниот пораст на потребите на теренот, (Европската) комисија го засилува своето финансирање за поддршка на Палестинците погодени од тековната војна. Оваа поддршка ја носи вкупната хуманитарна помош на ЕУ до 193 милиони евра за Палестинците на кои им е потребна во Газа и во целиот регион во 2024 година“, се вели во соопштението на ЕУ.

ЕУ соопшти дека новата помош ќе биде фокусирана на испорака на храна, чиста вода, канализација и засолништа и ќе биде канализирана преку локални партнери на терен. /МИА

притисни ентер