МЗЖСПП : Состојбата во Охис е целосно под контрола и нема место за паника

Министерството за животна средина и просторно планирање согласно последните информации добиени од надлежните инспекциски служби, ја информира јавноста дека состојбата во Охис е целосно под контрола и дека нема место за паника.

Имено, излевање на вода при перење на празна цистерна поради пукање на вентил се случило во бетонска када чија функција е безбедносна токму при вакви случаеви. Во моментов излеаната течност е целосно собрана, а кадата е покриена со пилевина за да се соберат евентуалните остатоци од течноста.

Пилевината ќе биде собрана во текот на утрешниот ден и соодветно, безбедно одстранета во специјални буриња за таква намена.

Надзорот на локацијата ќе продолжи и утре, се анведува во соопштението од Министерството.

Само за најбогатите : Ламборџини јахта со два моќни мотори (ФОТО)

Производителите на ексклузивни автомобили одамна ја преминаа копнената граница, а најновиот пример доаѓа од Ламборџини.

По Астон Мартин, Лексус, Мерцедес и Порше, кои во последните години понудија свој вид за идеален брод, и Ламборџини влезе во избраната група. Се разбира, тие не решија да измислат топла вода, туку се здружија со домашни бродоградители за да развијат ексклузивен брод.

Италија, како најголема расадник за идеи во наутиката, има широк спектар на компании подготвени да соработуваат со Ламборџини. Изборот падна на италијанската Техномар, која направи одлична работа.

Како и да е, Lamborghini 63 го напојуваат V12 мотори. Има два такви мотора, секој со моќност од 2000 КС, но со потпис на МАН. Ова е исто така најбрзиот брод од Tecnomar затоа што може да оди до 60 јазли. Да потсетиме, зборуваме за јахта долга 63 метри.

Остри рабови, карактеристични лесни линии и кокпит - сите се во врска со автомобилите Ламборџини. И две работи се исти како во автомобилот. Воланот и копчето за стартување за секој мотор.

Првите примерoци на бродот ќе бидат изградени до крајот на годината, така што нема да можеме да ги видиме на море до следната година.

Заев: ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во опозиција за да си ја обнови партијата

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска од Ваташа најави дека за десет дена ќе биде објавен тендер за изградба на патот Градско – Прилеп.

Ќе се избере, рече Заев, нова компанија која ќе ја продолжи делницата, проект што се реализира со Европската банка за обнова и развој.

-Сето тоа што било направено со патот во минатото заради пусти провизии, доведе до катастрофални решенија. Патот беше прекинат бидејќи постојано се правеле анекси, не се водело сметка колку државата ќе плати, а оваа делница е аорта, најважна срцева артерија на целата земја, напомена Заев.

На новинарско прашање како ги коментара изјавите на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ околу затворање на германската фабрика „Дрекслмаер" и проблемите околу изградбата на патот Градско – Прилеп, рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во опозиција за да си ја обнови партијата.

-Кавадарчани, Тиквешијата и сите се сведоци колку нашите противници се изгубени. Ние градиме сериозно, исправаме грешки, пакосни и криминални, бандитски, но верувам дека правиме само добро за нашата земја и така ќе продолжиме, додаде Заев, обвинувајќи ја опозицијата за лаги и негативна кампања.

Според него, најголемата фабрика во Република Северна Македонија која вработува повеќе од шест илјади луѓе и која во време на корона криза дава плати, најавила дека во август ќе го зголеми производството и ќе има нови вработувања.

По 19 години брак , се разведува позната холивудска двојка: Плачеме додека ова го објавуваме

Џенифер Греј и Кларк Грег решија да го прекинат бракот.Двојката вчера ја објави веста во заедничка изјава на нивните профили на социјалните медиуми.

Актерската двојка објави дека се разделиле во јануари по 19 години. Додадоа дека секогаш ќе има семејство чии членови се сакаат, ценат и се грижат едни за други. „Неодамна донесовме тешка одлука за развод, но остануваме блиски и длабоко благодарни за животот што го споделивме и прекрасната ќерка што ја воспитавме“, пишуваат тие.

„П.С., тотално плачеме додека го објавуваме ова“.

Ѕвездата на филмот ,,Валкан танц” , 60-годишната Греј и ѕвездата на Марвел, Грег (58), се венчаа во јули 2001 година. Во декември истата година, ја добија ќерката Стела, која матурираше минатиот месец, а нејзиниот татко и честиташе на социјалните медиуми.

притисни ентер