Ирина Шајк се соблече во минијатирно бикини (ФОТО)

Атрактивната руска манекенка Ирина Шајк ги изненади своите фанови со објава на фотографија сликано во огледало.

Иако ја „скратила“ главата, фановите не беа разочарани затшто манекенката го покажа своето совршено тело во минијатурно портокалово бикини. Ирина поставила бар полн со пијалоци во прв план на фотографијата, но малкумина ги забележаа.

За само еден ден, таа доби скоро 400.000 лајкови, а следуваа и многу комплименти во коментарите.

On da rocks....

A post shared by irinashayk (@irinashayk) on

„Леле“, „Каква убавина“, „Немате недостатоци“, „Прекрасно тело“, „Ирина, кралице“, беа некои од коментарите.

Триста луѓе го посетиле Винскиот музеј во Кавадарци во ноември

Триста луѓе го посетиле Винскиот музеј Кавадарци во ноември, информираа денеска од оваа нова регионална културна институција.

– Благодарни сме за интересот на оние кои дојдоа и во услови на пандемија од вирусот Ковид-19. Се работи за посетители од Кавадарци, но и од други места. Посетите се реализираат со строго почитување на превентивните мерки за заштита од коронавирус, посочија од Винскиот музеј, нагласувајќи дека и понатаму остануваат на располагање на сите што сакаат да ја почувствуваат винската традиција и култура.

Оттаму најавија и низа други интересни културни содржини и во иднина. Содржини кои во себе ја содржат историјата на винопроизводството во Тиквешко, како најголем лозаровинарски регион во државата. /МИА

За пругата кон Бугарија за 2021 проектирани 1,8 милијарди денари

Пругата кон Бугарија најприоритетна за 2021 – но и на пат да стане рекордно најскапа капитална инвестиција во земјава. 

Физибилити студиите покажале дека пругата ќе „тежи“ најмалку 600 милиони евра, без евентуалните анекс-договори и експропријации кои би произлегле при градежните зафати.

Првиот човек на транспорт Бочварски се надева дека до март конечно ќе го распишат тендерот за изведувач на пругата. Вели, цената е висока но ја оправдува бидејќи на земјава и треба вакво регионално поврзување, а особено бенефит ќе имаат македонските компании за полесен транспорт на стоките.

„Само за втората и третата делница имаме 91 мост кои треба да бидат изградени и 32 тунели. Самиот граничен премин се наоѓа во тунел. Ние во моментов имаме товарен транспорт кој што го има обемот со 90 проценти а само 10 отсто е патничкиот транспорт. Секако дека е комплексен и тежок проект, се согласувам дека станува збор за многу средства, но ние треба да опстоиме затоа што не може нашата земја да биде изземена од овој регионален тек.“вели Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Нови автопатишта нема да се градат, но ќе се токми проектирање на два поголеми автопатни правци: Прилеп – Битола и Тетово – Гостивар. Догодина ќе бидат готови и двата магистрални гасоводи Неготино – Прилеп – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар.

Бочварски уверува дека активностите на трасата Кичево – Охрид ќе земат уште поголем замав и дека првите дваесетина километри ќе бидат пуштени догодина.

„Сите клучки се испроектирани, косините, со ревизија на тој проект, веќе имаме голем замав, во вториот дел од годината имаме шест пати поголем прогрес на работите заради тоа што таму навистина се случуваат обемни градежни зафати и досега имаме околу 350 милиони евра инвестиција на овој автопат од предвидени 600,вели Благој Бочварски, министер за транспорт и врски .

Токму капиталните инвестиции министерството ќе ја чинат 4,4 милијарди денари од вкупно 5,3 милијарди кои ги одвои за следната година.

Опозицијата не се откажува од блокада на измените за онлајн собраниски седници

Обвинувајќи дека владејачкото мнозинство и спикерот Џафери без консензус се обидува да го менува деловникот, опозицијата не се повлекува од блокадата на измените кои треба да овозможат он лајн седници на Собранието. 

Според пратениците на ВМРО ДПМНЕ и Левица, со вака предложените измени се минира Жан Моне процесот, а воедно се крши и Уставот.

Амандманите се со цел никогаш процесот да не заврши, додека не се отрезни спикерот да почне да координира а не да супресира, така да ова е поука до него, ќе видиме следните чекори, можно е силеџиски да ги групираат, има некои такви муабети, но сето тоа е спротивно на деловникот. Амандманот треба да се расправа еден по еден и предлагачот има право да го елаборира без ограничување на времето, вели Димитар Апасиев – пратеник од Левица.

-Јас очекував да седнеме и да поразговараме за оваа онлајн идеја која што ја турка владејачкото мнозинство, имајќи во предвид дека собранието е функционално, ние во парламентот имаме минимум 115 пратеници секогаш присутни на седница. Единствената причина поради која што бара ова онлајн собрание е малиот број на пратеници од владејачкото мнозинство, истакна Никола Мицевски – пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачкото мнозинство го осудија ваквото однесување на опозицијата, бидејќи го кочат системот да функционира. Пратеникот на СДСМ Јован Митревски вели дека поднесените амандмани се целосно нелогични .

Опозицијата во собранието продолжува со неодговорно однесување на штета на граѓаните и институциите. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат функционално собрание и продолжуваат со својата деструктивност да работат директно на штета на граѓаните, изјави пратеникот на СДСМ Јован Митревски.

Опозицијата здружено поднесе над 3000 амандмани, од кои најмногу се на Левица, 1400, ВМРО-ДПМНЕ поднесе 1350, а коалцијата Алијанса и Алтернатива поднесоа 300 амандмани. Пред почне расправата по нив на службите, како што велат од Собранието, ќе им бидат потребни три до четири дена за да ги архивираат и преведат. Во меѓувреме, Џафери најави дека ќе бара заедничко решение со опозицијата за да им се овозможи на пратеници кои се во изолација поради коронавирусот да учествуваат на седниците преку интернет.

притисни ентер