УФЦ шампион преживеа тешка сообраќајка и веднаш потоа отиде на спаринг тренинг: Јас сум идиот (ВИДЕО)
2УФЦ шампион преживеа тешка сообраќајка и веднаш потоа отиде на спаринг тренинг: Јас сум идиот (ВИДЕО)
3Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
3 Витаминот Д и неговата заштита од сериозни заболувања, време е да ги проверите неговите вредности, тврдат истражувањата
Забава Серијата „Фамилијата Марковски" повторно на Канал 5 телевизија Долгоочекуваната втора сезона од популарната македонска серија „Фамилијата Марковски" ќе почне со премиерно прикажување оваа сабота (09.11.2019) во 19.20 часот на телевизијата „Канал 5". Серијата минатата сезона ги освои симпатиите на публиката прикажувајќи го секојдневието на членовите на фамилијата Марковски и предизвиците што ги носи живеењето во едно дисфункционално општество. Серијата е во продукција на „Арт проект лаб", а е поддржана од European Endowment for Democracy (EED) и National Endowment for Democracy (NED). Лиле (Силвија Стојановска), Иван (Александар Миќиќ), Јана (Тамара Ристоска), Виктор (Владимир Петровиќ) и Бојан (Петар Петковски) од оваа сабота ќе продолжат преку своите лични приказни да ни го илустрираат македонското секојдневие допирајќи многу теми кои често завршуваат на маргините. Здравствениот хаос, партиските вработувања и непотизмот беа само дел од темите кои беа обработени во претходната сезона. - Со првата сезона се обидовме да допреме теми кои тогаш, но за жал и денес се сѐ уште актуелни. Публиката го препозна импулсот на серијата и ни дозволи да ја раскажеме приказната онака како што ја замисливме. Со втората сезона одиме уште подалеку, обработувајќи теми како семејното насилство, зависноста од коцкање и онаа можеби најболна тема за македонското општество – иселувањето на младите. Дејствието и овој пат е инспирирано од вистинити приказни од животот на граѓаните - изјавија од „Арт Проект Лаб". Втората сезона на „Фамилијата Марковски" имаше и свое фестивалско претставување на овогодишниот Сараевски филмски фестивал, каде премиерно беа прикажани првите две епизоди од серијата како дел од програмата „Avant Premiere Gala" заедно со уште четири балкански серии од новата продукција. „Фамилијата Марковски" е во режија на Даријан Пејовски а главните улоги ги толкуваат Силвија Стојановска, Александар Миќиќ, Тамара Ристоска, Владимир Петровиќ и Петар Петковски. Серијата покрај премиерното прикажување во сабота во 19:20 на „Канал 5" ќе може да се погледне и репризно во недела од 17:00 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
МакедонијаАрбен Таравари во „Само интервју“Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.Оправдана ли е поддршката на албанските партии за пресудите на ОВК во Хаг? Кој и зошто потпалува етнички теми? Уставните измени заглавени низ политичките лавиринти, какви сценарија се можни ако останеме во чекалната до недоглед? Што договорија со Ахмети за вонредните избори во Брвеница и дали тие значат вовед во коалиција за следните парламентарни избори – редовни или предвремени? Вечерва кај Гоце Михајлоски во Само Интервју гостува Арбен Таравари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 24. септември 2026 годинаДневен хороскоп за четврток, 24. септември 2026 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов На сите околу вас ќе им посакате добра забава , а вие ќе се тргнете во сопствениот интимен свет , било сами или во двојка. Кариера Една мала анализа се уште не сте ја довеле до крај. Треба прво да ја завршите , па дури потоа да ги носите новите планови. Здравје и совет Внатрешни двоумења. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ви претстои добра забава , излегување на интересно место или спортски активности што ќе ве поврзат со нови личности. Кариера На работата се појавуваат се повеќе креативци . Толку има многу добри идеи што не знаете што би направиле. Архивирајте ги. Здравје и совет Здравјето ви е одлично. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Малото нерасположение ќе се должи на желбата на некој од вас двајцата за доминација. Едната страна ќе се чувствува помалку вредна. Кариера Преостануваат уште неколку потези во една фаза на работењето. Ќе делувате сигурно и смирено ,зашто знаете како треба. Здравје и совет Ослабена циркулација во нозете . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Да се прифати нешто што не ви е драго е знак на зрелост и трпение. Ќе бидете тивки и дискретни. Кариера Очекувате да се појават резултатите од една работа. Треба да бидете трпеливи. Здравје и совет Наскоро се ќе биде јасно. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Луѓето од вашата поблиска околина ќе бараат од вас поголема активност , излегување во природа , што е можност за средби со нови лица. Кариера Некои би сакале да останат дома , но сепак ќе мора барем малку да размислуваат на работата. Здравје и совет Обидете се потрезвено да гледате на работите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Нема да влегувате во расправии зошто нешто е такво какво што е , зашто и самите знаете дека тоа е минливо. На мирен начин одржувајте го односот на вообичаено ниво. Кариера Пред да донесете една одлука , проучете ги финансиските аспекти . Ќе забележите некои нови детали. Здравје и совет Немате здравствени проблеми. Овен 21.3-20.4. Љубов Како и натаму не ви доаѓаат вистинските зборови , ќе успеете да ја покажете љубовта на еден поразличен начин. Кариера Ќе се анализираат вашите знаења , она што до сега сте го постигнале.Врз основа на тоа , наскоро ќе има одлука. Здравје и совет Мали нервози. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата друштвеност и денеска ќе ви носи дополнителни поени во љубовта , но внимавајте да не претерате. Кариера Ве очекуваат некои нови потези на управата , но сеуште не е јасно за што станува збор. Треба дас е стрпите. Здравје и совет Опуштете се на начин на кој вам ви одговара. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Еден семеен проблем повторно ќе се појави , а вие ќе мора да се ангажирате околу него.Односто со саканата личност е добар. Кариера Соберете сила и продолжете да го работите она што од вас се бара. Бесмислено е да поставувате прашања на кои нема одговор. Здравје и совет Направете мала пауза или земете краток одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Она што во моментов ве измачува , ќе го составите во една реченица , но не ја кажувајте уште денеска . Почекајте до утре. Кариера Ве нервираат неработници , зашто вие по природа сте голем работник. Ако треба , бидете строги. Здравје и совет Проверете ја состојбата на автомобилот. Лав 23.7-22.8. Љубов Би можело да се најдете во многу интересно друштво или на уметнички собир , кој ќе ве поттикне на нови љубовни потези. Кариера Се подготвуваат нови одлуки поврзани со условите на работното место. Не е сеуште дефинирано , но наскоро ќес е случи. Здравје и совет Размислувате за нов стил во животот. Девица 23.8.-23.9. Љубов Друштвеност и комуникативност ќе бидат особините што денеска ќе ги покажете во приватниот живот. Кариера Се повеќе работи и луѓе се фокусдирани на вас и на вашите способности. Од вас сите нешто ќе очекуваат. Здравје и совет Концентрирајте се на крајната цел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Магазин Ослободете се од мравките еднаш засекогаш – пет состојки што делуваат подобро од отровотИако во природата се исклучително корисни, присуството на мравки во кујната може да предизвика фрустрација. За среќа, решението не лежи во агресивните хемикалии, туку во паметната употреба на состојки што ги имаме при рака.Многумина при појава на мравки во домот, посегнуваат по комерцијални инсектициди, но сè поголема е свеста за нивната потенцијална штета по здравјето на децата, домашните миленици и општото здравје во домот. Сепак постои изненадувачки ефикасна алтернатива, заснована на попречување на софистицираниот систем за комуникација кај мравките. Мравките се потпираат на феромоните, што ги лачат и кои влијаат како природен сигнал во обележување на патот до храната и назад кон колонијата, па ако употребите супстанца со силен мирис може да го попречите овој сигнал, да ги дезориентирате и да ги принудите да бараат друг извор на храна. Бел оцет или лимонов сок Еден од најмоќните сојузници во оваа борба е обичниот бел оцет. Неговата силна киселост не само што ги отстранува маснотиите и ги дезинфицира површините, туку и целосно ги неутрализира трагите од феромони. Едноставно измешајте оцет и вода во сооднос 50:50, истурете го растворот во шише со распрскувач и темелно испрскајте ги сите површини по кои се движат мравките, како и местата преку кои влегуваат – на пример, праговите на прозорците и вратите, и ситните пукнатини во ѕидовите. Лимоновиот сок има сличен ефект бидејќи неговата киселост ја попречува нивната ориентација. Можете да исцедите свеж сок од лимон директно врз проблематичните места или да ги пребришете работните површини со крпа натопена во сокот. Друг трик вклучува употреба на рендана кора од лимон, која треба да ја растурите по нивните патеки. Иако овие методи нема веднаш да ја уништат цела колонија, со редовна примена се ефикасни и го спречуваат враќањето на мравките. Зачини Светот на зачините исто така нуди моќно оружје. Силниот мирис на циметот ги одбива мравките, а постојат и теории дека ситните честички мелен цимет можат да им ги затнат дишните патишта. Посипете мелен цимет по нивните патеки или околу садовите со шеќер, или создадете бариера пред влезната врата што тие нема да ја преминат. Биберот има слично дејство, бидејќи неговата лутина и интензивна арома им дава сигнал на мравките дека во близина нема ништо благо, па тие се откажуваат од понатамошно истражување. За посилен ефект, биберот може да се измеша со вода и директно да се испрска на местата каде што се собираат мравки. И вообичаената кујнска сол може да биде изненадувачки корисна. Растворете неколку лажици сол во зовриена вода, оставете да се излади, потоа попрскајте ги прозорските рамки и праговите. Мравките го избегнуваат солениот слој што останува по сушењето. Кафе Меленото кафе е подеднакво ефикасно; може да го посипете околу темелот на куќата или на места од кои би можеле да влегуваат, така создавате мирисна бариера што ги држи подалеку. Креда Друг едноставен и ефикасен метод е користењето училишна креда. Калциум карбонатот, ги одбива мравките, па цртањето дебела линија со креда околу пукнатините или ногарките на масата може да создаде непробојна бариера. Сода бикарбона За најупорните колонии, може да подготвите стапица со сода бикарбона и шеќер во прав. Шеќерот ги привлекува како мамка, но содата бикарбона што ќе ја внесат во организмот е фатална за нив. Оваа смеса се поставува на места каде мравките се активни. Иако споменатите методи можат да го решат проблемот, превенцијата е најважна. Ова првенствено значи одржување на беспрекорна чистота. Редовно вакуумирајте, бришете ги подовите и работните површини за да ги отстраните и најмалите честички од храна. Чувајте ја храната, особено шеќерот, брашното и житарките во херметички затворени стаклени или пластични садови. Редовно празнете ја корпата за отпадоци и внимавајте храната за домашни миленици да не стои предолго во чинијата. На крај, внимателно проверете го домот и запечатете ги пукнатините околу прозорците, вратите и цевките преку кои мравките би можеле да влезат. Комбинацијата чист дом, затворање на пукнатините и примената на природни репеленти ќе ја претвори вашата кујна во зона без мравки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50