Серијата „Фамилијата Марковски" повторно на Канал 5 телевизија - Канал 5

Серијата „Фамилијата Марковски" повторно на Канал 5 телевизија

Долгоочекуваната втора сезона од популарната македонска серија „Фамилијата Марковски" ќе почне со премиерно прикажување оваа сабота (09.11.2019) во 19.20 часот на телевизијата „Канал 5". 

 Серијата „Фамилијата Марковски" повторно на Канал 5 телевизија

Серијата минатата сезона ги освои симпатиите на публиката прикажувајќи го секојдневието на членовите на фамилијата Марковски и предизвиците што ги носи живеењето во едно дисфункционално општество.

Серијата е во продукција на „Арт проект лаб", а е поддржана од European Endowment for Democracy (EED) и National Endowment for Democracy (NED).

Лиле (Силвија Стојановска), Иван (Александар Миќиќ), Јана (Тамара Ристоска), Виктор (Владимир Петровиќ) и Бојан (Петар Петковски) од оваа сабота ќе продолжат преку своите лични приказни да ни го илустрираат македонското секојдневие допирајќи многу теми кои често завршуваат на маргините. Здравствениот хаос, партиските вработувања и непотизмот беа само дел од темите кои беа обработени во претходната сезона.

- Со првата сезона се обидовме да допреме теми кои тогаш, но за жал и денес се сѐ уште актуелни. Публиката го препозна импулсот на серијата и ни дозволи да ја раскажеме приказната онака како што ја замисливме. Со втората сезона одиме уште подалеку, обработувајќи теми како семејното насилство, зависноста од коцкање и онаа можеби најболна тема за македонското општество – иселувањето на младите. Дејствието и овој пат е инспирирано од вистинити приказни од животот на граѓаните - изјавија од „Арт Проект Лаб".

Втората сезона на „Фамилијата Марковски" имаше и свое фестивалско претставување на овогодишниот Сараевски филмски фестивал, каде премиерно беа прикажани првите две епизоди од серијата како дел од програмата „Avant Premiere Gala" заедно со уште четири балкански серии од новата продукција.

„Фамилијата Марковски" е во режија на Даријан Пејовски а главните улоги ги толкуваат Силвија Стојановска, Александар Миќиќ, Тамара Ристоска, Владимир Петровиќ и Петар Петковски.

Серијата покрај премиерното прикажување во сабота во 19:20 на „Канал 5" ќе може да се погледне и репризно во недела од 17:00 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канадскиот селектор стана апсолутен хит со танцот по победата (ВИДЕО)

Канадската фудбалска репрезентација минатиот четврток испиша историја, освојувајќи ја својата прва победа на Светското првенство со убедлив настап против Катар. 

Канадскиот селектор стана апсолутен хит со танцот по победата (ВИДЕО)

Сепак, и покрај победата со шест гола разлика, моментот од натпреварот што стана вирален низ целиот свет беше необичната прослава на канадскиот тренер Џеси Марш од аут-линија.

Танцот што стана интернет хит

Откако Таџон Бјукенен беше соборен во шеснаесетникот на Катар во средината на првото полувреме, тренерот Марш не можеше да ги сокрие своите емоции. Тој истрча по теренот и изведе танц преку чиста импровизација, мавтајќи со рацете и енергично танцувајќи, а истовремено изгледаше како самиот да ја сигнализира најстрогата казна.

Видеото стана вирално, а корисниците на социјалните мрежи сè уште се обидуваат да сфатат што точно сакал да каже 52-годишниот Американец. „Ова е GIF од целото првенство, без понатамошно одложување“, напиша еден навивач, додека друг додаде: „Човекот заслужува награда за овој мем“.

Исто така, имаше хумористични коментари, како на пример: „Само не дозволувајте белото момче премногу да се занесе“, а некои предложија Канада да ја замени репликата „Чарли Браун“ во популарната песна „Ча-Ча Слајд“ со танцовиот потег на Марш. Други го споредија со месар кој сече шунка, додека некои сметаа дека дипломецот од Принстон само ја пушта својата екипа од „Ајви лигата“ да се опушти.

Не беа сите импресионирани

Сепак, не беа сите задоволни од однесувањето на Марш. Ирскиот телевизиски аналитичар Алан Ко од RTÉ Sport беше многу критичен, нарекувајќи ја неговата прослава „глупост“. „Имајте малку стил и достоинство, ова е само вториот натпревар од групата на турнирот“, рече Ко. „Само соберете се и смирете се малку“.

Марш: Треба да славиме моменти како овој

По натпреварот, Марш накратко се осврна на својата енергична прослава, објаснувајќи дека победата не е обичен момент за неговата земја. „Треба да го славиме успехот“, рече тој. „Големи моменти како овој не се случуваат лесно. Тоа беше важен момент за спортот во оваа земја“.

Победата против Катра е од огромна важност за Канада. Имено, до минатиот четврток, нивната машка репрезентација никогаш не победила на натпревар од Светското првенство, ниту пак постигнала повеќе од еден гол на турнирот. Убедлива победа ја става Канада во одлична позиција да се пласира во осминафиналето поради подобрата гол-разлика.

Следниот противник ќе зависи од исходот на последниот натпревар во Групата Б против Швајцарија. Двете репрезентации моментално имаат по четири бода, но Канада е во водство поради гол-разликата, што е прв критериум во случај на ист број бодови. Канада може да го обезбеди првото место во групата со победа или нерешен резултат против Швајцарија. Натпреварот ќе се игра следната среда во Ванкувер, со почеток во 21:00 часот по средноевропско време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Целосно нова градинка,,Пролет 2” во Козле

Општина Карпош денес ја започува изградбата на нов, современ објект на градинката „Пролет“ -Објект Пролет 2 во Козле кој ќе биде лоциран на улицата Милан Марковиќ, на местото на стариот досегашен објект.

Целосно нова градинка,,Пролет 2” во Козле

Новиот објект е проектиран согласно современите стандарди за престој и развој на децата, со предвидена изградена површина од 1.156 м2 и вкупна површина за игра и зелени површини од 1.949 м2.

Капацитетот на новата градинка изнесува 130 деца.

Овој нов современ објект на градинката „Пролет„ содржински е уреден со зони за згрижување на децата, административен дел, кабинети, чајна кујна, креативен простор, помошни простории, подземен паркинг, лифт и кровна зелена тераса. Објектот ќе содржи седум занимални со посебни санитарии и посебни тераси како и една сензорна соба и тоалет за деца со инвалидитет.

Заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски, истакна дека со реализација на овој проект, по долгогодишен период, општината конечно добива нов, современ објект во урбаниот дел од Карпош, наменет за најмалите жители.

-Посебно сме горди што денес започнуваме со изградба на објект кој ќе биде дом на најмладите карпошани. Не станува збор само за инвестиција во објект туку за инвестиција во иднината на нашите најмали жители, во место во кое ќе растат, ќе се развиваат и ќе создаваат спомени“ – истакна Крстевски.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 137.245.089 денари, средства обезбедени од Владата преку јавен повик, на кој Општина Карпош аплицираше со сопствен проект. Рокот за завршување на проектот е 120 дена.

Изведувач на градежните работи е Друштвото за производство, трговија и услуги ,,НЕКСОС ИНЖЕНЕРИНГ” ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, а надзор над градежните работи ќе врши МГ ПРОЕКТ.

Со изградната на новиот објект „Пролет 2“, Општина Карпош продолжува со унапредување на предучилишната инфраструктура и создавање современи услови за воспитување, образование и правилен развој на најмладите жители.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анчелоти ги израдува навивачите: Нејмар се враќа

Бразилската репрезентација лесно го победи Хаити во второто коло од Групата Ц со резултат од 3:0, а Карло Анчелоти откри неколку добри вести по натпреварот.

Анчелоти ги израдува навивачите: Нејмар се враќа

Бразилците не блескаа во дуелот со Хаити, но тоа беше доволно што по првото полувреме не мораа да се грижат за конечниот исход. Сепак, Нејмар повторно отсуствуваше од составот, кој не отпатува со тимот на вториот натпревар, но Анчелоти откри одлични вести.

Бразилскиот селектор беше прашан дали Нејмар ќе се врати пред дуелот со Шкотска и даде потврден одговор:

- Нејмар ќе тренира индивидуално утре, потоа ќе се врати на тренинг со тимот во недела, а потоа ќе биде во составот за натпреварот против Шкотска - рече Анчелоти.

Имаше сериозна контроверзност околу тоа дали Нејмар треба да оди на Светското првенство токму поради неговите чести проблеми со повреди. Анчелоти сепак го зеде со себе и сега Бразилецот би можел да дебитира на Светското првенство оваа година против Шкотите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер