Рапер ја носел ќерка си на гинеколог за да провери дали е невина

Американскиот рапер T.И.  шокираше со изјавата дека секоја година оди со својата 18- годишна ќерка на гинеколог , за да се увери дека е невина.

Познатиот американски рапер гостуваше во подкастот „Ladies Like Us“, истакнувајќи ја важноста што неговата ќерка Дејах Харис сè уште немала секс, признавајќи дека ја придружувал на нејзиниот годишен гинеколошки преглед за да добие потврда дека е невина.

„Ќе кажам само дека на 18 години нејзиниот химен е сè уште недопрен“, изјавил раперот. Тој додаде дека Дејах има 18 години, завршила средно училиште и се запишала на прва година на колеџ. „И да, не само што зборуваме за секс, имаме годишни посети на гинеколог за да го провериме нејзиниот химен“, вели ѕвездата, која има и 3-годишна ќерка, Хаирес и 15-годишен син, Кинг.

Презентерките на подкастот, Назанин Манди и Надија Мохам, мислеа дека тој се шегува или претерува. Затоа Т.И. ги опиша деталите од посетата на гинеколог. „Еднаш, мислам дека беше околу нејзиниот 16-ти роденден. Славиме веднаш по нејзиниот роденден.Обично ден по забавата, таа ужива во подароците, а јас и ставам налепница на нејзината врата:„ Гинеколог. Утре. 9:30 “, раскажа раперот.

✨🥀✨ dress from: @prettylittlething

A post shared by Deyjah Harris✨ (@princess_of_da_south) on

Меѓутоа, Т.И. воопшто не е загрижен за сексуалната активност на неговиот 15-годишен син Кинг - кој веќе бил сексуално активен. Тинејџерот призна дека имал секс пред неколку месеци, а раперот, иако не бил воодушевен, само се насмеал.

„Не сакам моите деца да имаат секс пред да дојде времето, но кој ќе каже кога е вистинското време?“ рече и призна дека сепак има двојни стандарди.

Универзитетот Колумбија го одложи рокот што им го даде на демонстрантите против војната во Газа

Американскиот универзитет Колумбија го одложи рокот, кој истекува на полноќ, што им го даде на пропалестинските студенти да го расчистат кампусот, каде што протестираат против војната во Газа.

- Преговорите напредуваа и продолжуваат според планираното, соопшти кабинетот на претседателот на Универзитетот во Њујорк Минуш Шафик, негирајќи дека била побарана полициска интервенција.

- Не нарекуваат терористи, нè нарекуваат насилници. Но единствената алатка што ја имаме е нашиот глас, рече еден од студентите на собирот.

Пропалестинските студентски демонстрации во САД, кои се проширија на неколку универзитети, почнаа на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Некои од најпрестижните универзитети во светот, како Харвард, Јеил и Принстон, се приклучија на студентското движење и демонстрации.

Блинкен за неколку дена во Израел, седми пат од почетокот на војната

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе го посети Израел, седми пат по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше како одговор на Израел во Појасот Газа.

Јавниот сервис Кан денеска јави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафа, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држи Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа, ние ќе продолжиме да се бориме.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа.

Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија.

Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен.

Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.

Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.

Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард.

Нема откажување од иднината!

СДСМ

притисни ентер