Одливот на мозоци ја чини Македонија илјадници евра - Канал 5

Одливот на мозоци ја чини Македонија илјадници евра

Младите масовно се отселуваат од Македонија, а државата губи по околу 16.000 евра годишно за секој отселен млад човек, покажуваат анализите од меѓународните организации. 

Одливот на мозоци ја чини Македонија илјадници евра

Македонија е една од земјите со најголемо отселување во Европа, според извештајот на Светската Банка, 500.000 луѓе ја напуштиле земјата во последните 15 години. Од „Мрежата за спречување на одлив на мозоци“ алармираат дека финансиите не се единствената причина за заминувањето на младите и висококвалификувани кадри.

Државата досега нема спроведено ниту една анализа за да ги истражи проблемите и преземе соодветни мерки, реагираат од младинските организации. Според последната официјална статистика на Државниот завод 141 лице се отселиле во 2017 година, но податоците на меѓународните организации меѓу кои и Светска банка, покажуваат далеку поголеми бројки. Итно е потребен попис за да се добие пореална бројка на иселени млади, велат од Мрежата.

Нејасно е зошто постои огромна разлика меѓу статистичките податоци од Државниот завод и тие на Светска Банка.Како една од причините од Мрежата за спречување на одлив на мозоци го гледаат неводењето сметка од државата, но и непријавувањето на младите на нови живеалишта во странство, што е законска обврска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спикерот Гаши на средба со претседателот на Претставничкиот дом на Холандија, Том Ван Кампен

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши оствари билатерална средба со претседателот на Претставничкиот дом на Кралството Холандија, Том Ван Кампен, во Рим

Спикерот Гаши на средба со претседателот на Претставничкиот дом на Холандија, Том Ван Кампен

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши оствари билатерална средба со претседателот на Претставничкиот дом на Кралството Холандија, Том Ван Кампен, во Рим, во рамките на конференцијата на претседатели на парламенти на земјите членки на Советот на Европа.

Тој ја искористи оваа можност да изрази благодарност за бројните проекти преку кои Кралството Холандија придонесува за демократскиот развој и спроведувањето на реформските процеси во Република Северна Македонија. Претседателот Ван Кампен информираше дека во претходниот пратенички мандат ја извршувал функцијата известител во Комисијата за европски прашања за европските перспективи на земјите од Западен Балкан.

Во таа насока, претседателот Гаши даде поширок осврт на состојбите поврзани со евроинтегративниот пат на државата, како и на потенцијалните предизвици што произлегуваат од одложувањето на процесот на проширување. Потврдена беше стратешката важност на евроинтеграциите и трансформативниот ефект што би го имало отворањето на пристапните преговори врз општеството. Планот за раст и Реформската агенда беа оценети како позитивни чекори во насока на унапредување на реформските процеси и приближување на државата кон Европската Унија.

Двајцата соговорници се согласија дека постојат можности за унапредување на билатералната парламентарна соработка, како на ниво на пратеници, така и на ниво на парламентарните служби, и покрај тоа што во холандскиот Парламент не постои група за пријателство, каква што функционира во Собранието. На крајот се заложија за натамошно унапредување на билатералната соработка во претстојниот период и преку посети на највисоко ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во Битола

Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во Битола, со кој во следните четири години се предвидува отворање на 2.000 нови работни места, објави на совјот Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во Битола

Оваа инвестиција е силен поттик за економскиот развој на Битола, Пелагонија и целата држава, но и потврда за потенцијалот на македонската работна сила и индустрија. Нашата определба е јасна, нови инвестиции, современи технологии, повеќе работни места и конкретни резултати. Разликата ја правиме со дела, а не со зборови!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Приказни што оживуваат“ – уметност, литература и пантомима во циклус креативни работилници за деца и млади

Почнувајќи од четврток, 22 октомври, креативниот центар „Сончогледи” во Скопје организира циклус од 4 креативни работилници под наслов „Приказни што оживуваат – уметност, литература и пантомима за деца“.

„Приказни што оживуваат“ – уметност, литература и пантомима во циклус креативни работилници за деца и млади

Почнувајќи од четврток, 22 октомври, креативниот центар „Сончогледи” во Скопје организира циклус од 4 креативни работилници под наслов „Приказни што оживуваат – уметност, литература и пантомима за деца“ кој ќе им овозможи на децата преку приказни, разговор, движење и творење да се запознаат со светот на уметноста и да го истражуваат сопствениот креативен израз.

Пабло Пикасо, Салвадор Дали, Василиј Кандински и Винсент ван Гог се четворицата уметници вклучени во овој циклус работилници кои ќе ги инспирираат младите посетители со своите различни светови и идеи, но и специфичните начини на изразување.

Секоја од овие креативни средби ќе вклучува кратко запознавање со приказната на уметникот и неговите техники на творење, создавање свое уметничко дело, а потоа и оживување на приказните преку актерска игра и пантомима.

Проектот е наменет за деца на возраст од 6 години па нагоре и предвидува реализација на четири тематски работилници, во кои литературата, ликовната уметност и пантомимата се поврзуваат во единствена едукативна програма. Неговата цел е да ја поттикне детската љубопитност, да го развива креативното размислување и да отвори простор за прашања, слободно изразување, соработка и запознавање со светската уметност.

Циклусот ќе биде заокружен со јавен настан во просториите на креативниот центар „Сончогледи“, на кој ќе бидат претставени резултатите од работилниците. Настанот ќе опфати групна изложба на изработените детски дела, пантомимски перформанс и завршна читачка работилница посветена на уметниците обработени во текот на циклусот и нивното значење во историјата на уметноста.

Влезот за секоја од работилниците е слободен.

Работилниците ги водат Марина Туфекчиевска, комуниколог и дипломиран филолог по општа и компаративна книжевност; Кристина Таневска, визуелен уметник, ликовен педагог, вајар и магистер по сликарство и Мето Јанакиевски, историчар на уметност и пантомимичар.

Проектот „Приказни што оживуваат – уметност, литература и пантомима за деца“ е поддржан од Град Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер