Емина Јаховиќ во тајна врска со екс кошаркарот Кутлај!?

Балканската музичка ѕвезда Емина Јаховиќ ги изневерила своето момче, милијардерот Садетин Саран  со легендата  на туркста кошарка Ибрахим Кутлај.

Според турските медиуми убавата Емина која е во врска со богатиот Садетин , го изневерила бизнисменот со екс кошаркарот 45 годишниот Ибрахим Кутлај.

-Емина се сретнала со Кутлај додека Садетин бил надвор од Турција! Кошаркарот го знае одамна преку својот брат Мирсад кој му беше соиграч. Емина и Ибрахим не се виделе се до неодамна, кога тргнале тајно да се гледаат и комуницираат, раскажал анонимен извор за медиумите , кој воедно открил и како Емина реагирала кога медиумите ја откриле нејзината тајна врска.

„Немојте да дозволите Садетин да дознае за нас, наводно им изјавиле Емина на турските медиуми.

Но богатиот Садетин наводно се дознал токму од медиумите.

„Веднаш откако дознал ја повикал Емина. Имале жестока расправија, а таа цело време ми се правдала дека случајно го сретнала Ибрахим, истакнал истиот извор.

По ова врската на Емина и Садетин е во криза.

-Нивната врска е во сериозна криза. Не раскинале, но по расправијата не се виделе ниту еднаш, само размениле неколку пораки. Садетин е многу љубоморен и забранил на Емина да излегува без него“.

Сега Емина за да му докаже на Садетин дека искрено го сака одлучила да се затвори дома и да не излегува.

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство. /МИА

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

притисни ентер