Филипче: За 15 отсто зголемени бодовите за матичните лекари, растат и платите, здравството е на прав пат

Од 1 октомври 2019 година вредноста на капитациониот бод на сите матични лекари се зголемува за 8 денари.

Тоа значи дека сите коишто работат во примарното здравтсво, сите матични лекари – општи доктори како што се специјалистите по општа медицина, специјалистите по семејна медицина, педијатри, гинеколози, како и специјалистите стоматолози, орална хирургија и ортодонција, но и сите лекари коишто работат и имаат договор за специјалистичко -консултативни дејности со ФЗОМ ќе го добијат ова зголемување.

Тоа изнесува помеѓу 15 и 20% зголемување согласно вредноста на капитациониот бод и разликата којашто досега ја имаа матичните лекари од медицината и стоматологијата. Сите овие матични лекари би значело дека за 1000 пациенти ќе добијат околу 8000 денари повеќе, а за 2000 пациенти, 16000 денари повеќе средства, со што веруваме дека значајно ќе се олесни нивната работа и нивното функционирање, а ќе бидат и стимулирани дополнително да вработат медицинска сестра којашто од сега ќе има можност да работи и на скратено работно време, но и да вработи административен работник се со цел докторите се повеќе да бидат посветени на нивните пациенти.

Ова е само еден дел од значајната реформа која се имплементира во секторот на примарното здравство. Тоа започна со укинување на квотите на лековите во сите аптеки и оваа мерка одлично се имплементира, а задоволството кај граѓаните е големо за оваа мерка, поради тоа што во било кое ден од месецот сега може да се дојде до посакуваниот лек со рецепт.

Со оваа реформа, ние имплементираме уште неколку новитети што се карактеристика за развиените европски земји. Многу услуги ќе им бидат дополнително достапни на пациентите токму на примарно ниво, се со цел да се задржат пациентите повеќе на ова ниво и да се намали патувањето во болниците ширум државата.

Согласно протоколите коишто ќе ги имплементираме од најразвиените европски земји на нашите граѓани ќе им бидат достапни услуги за рано откривање на карцином на простата, дојка, проблеми со тироидеата, остеопорозата, евентуално откривање на обезност кај децата и многу полесно следење на хроничните болести.

Матичните лекари за прв пат ќе имаат можност да препишат лек за којшто пациентите до сега беа упатувани на Клиника а што резултираше со долго чекање и гужви по амбулантите. На овој начин хроничните болести како астма, опструктивна болест, понатаму, дијабет, хронични срцеви заболувања, многу полесно ќе бидат третирани кај матичните лекари, односно ќе одат пациентите само кај својот матичен лекар, ќе можат да добијат рецепт, да бидат прегледани, и да не закажуваат термини и да чекаат долго време по болниците.

Во континуитет ги зголемуваме финансиите со цел да се зголемат примањата на сите здравствени работници после платите на приватните специјализанти, понатаму зголемувањето на дежурствата, зголемувањето на платите на сите во здравството за 5% минатата година, оваа година, за 10% на специјалистите, 5% на сестрите, 8% на сестрите во Клиничкиот Центар на болничарите, здравствените соработници и административците сега од Септември, близу милијарда денари се вложени во примањата на сите коишто работат во нашиот здравствен систем.

Сега работиме на проекцијата за следната година, со цел да се оствари ветувањето за да еден лекар специјалист има примања од 100.000 денари во нето износ. Ова е една од мерките којашто веруваме дека ќе ги стимулира здравствените работници да што по посветено работат, да пружаат и понатаму квалитетна здравствена услуга и истата да се надградува, а ние продолжуваме и со надградување на капацитетите, на инфраструктурата. После реновирањето на близу десетина одделенија во следниот период ќе се реновираат и ќе се надградат стандардите на триесетина други ширум државата согласно потребите, а во соработка со асоцијациите, стручните здруженија, понатаму здруженијата на пациенти, ги надградуваме и сите програми во рамките на Министерството за здравство, се со цел да обезбедиме што поквалитетна здравствена заштита, што послесен пристап до потребната терапија, и секако што позадоволни здравствени работници.

Ви благодарам

Венко Филипче, претседател на Комисија за здравство на СДСМ

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер