Д-р Симеонов ја спаси малата Анастасија, на 15-месечна возраст ѝ бил изваден тумор од 2 килограми

Родителите се подготвени да направат сè за своите деца. Прво се обидуваат самите да им помогнат, но кога не можат да најдат решение, бараат помош од докторите.

Понекогаш не сите доктори можат да помогнат, па тогаш родителите ги бараат најдобрите. Оние кои се стручни и искусни и кои ќе им понудат решение. Таков бил и случајот со шеснаесетмесечната Анастасија, на која на 7-месечна возраст ѝ бил дијагностициран тумор во стомакот. Стомакот почнал да се зголемува, а дишењето станувало сè потешко и потешко. Малото бебе често повраќало и барало постојано да биде во рацете на мама и тато. Само така успевала да се смири за момент, сè дури не започнела следната епизода на болка.

Малото и кревко бебе било оперирано веднаш по дијагнозата и ѝ бил отстранет туморот. Но проблемите не завршиле тука. Дел од туморот останал во стомакот и продолжил да прави дополнителни проблеми. По 4 хемотерапии, туморот почнал повторно да расте, а докторите кренале раце од Анастасија. Избезумените родители биле подготвени да направат сè за своето чедо. Барале спас секаде. За нивна среќа, велат, судбината ги довела кај д-р Ристо Симеонов во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

„Д-р Симеонов ги виде резултатите и прифати заедно да ја водиме битката. По првите моменти на страв и агонија, решивме да почнеме тешка битка. Поминавме низ многу тежок пат досега, но пресреќни сме што Анастасија повторно се смее. Од мирно и повлечено бебе, кое постојано плачеше, сега ја имаме најнасмеаната и најтемпераментна ќерка. Порадосно дете од неа нема! Досега ја немаме видено таква. Сите сме пресреќни. Д-р Симеонов ни даде надеж и утеха, а тоа што го кажа се исполни. Ваков доктор би посакал секој родител, искусен, професионален и достапен за загрижените родители 24/7“ – изјавија Катица и Ристе Ризови од Валандово.

Д-р Ристо Симеонов, детски хирург, објаснува дека станува збор за редок и сериозен тип на тумор и неопходно е да се изведе операција со која целосно ќе се отстрани туморот.

„Во претходната операција не беше отстранет целиот тумор и тој продолжил да расте многу интензивно. Од малото кревко тело на пациентчето извадив два килограми туморска маса. Туморот притискаше на дијафрагмата и вена кава, а Анастасија имаше отежнато дишење, и ако не се направеше интервенцијата веднаш, исходот ќе беше летален. Кај овој тип малигнен тумор нема потреба од хемотерапија ако се направи целосно отстранување. Туморот правеше голем притисок во левиот бубрег и слезинката, и бидејќи беа зафатени и овие делови, мораше да се отстранат и тие. Препораките се редовни контроли со ехо. По еден месец од интервенцијата ехонаодот е уреден, а девојчето продолжи со нормален живот. Овие тумори се ретки и многу ризични бидејќи ако има потреба од хемотерапија, колку што е сериозна операцијата, толку е сериозна и хемотерапијата. Туморот треба добро да реагира на хемотерапијата, а и детето добро да ја поднесе истата“ – објасни д-р Симеонов.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

Чудна банда кинески фалсификатори е фатена во Шпанија, која правела лажни монети од две евра.

Ова е чудна идеја на фалсификаторите бидејќи во Европската Унија најчесто се фалсификуваат банкноти од 50 и 20 евра, што е и логично - тие се најобични банкноти, и има многу мали шанси некој да ги земе под микроскоп. од банкноти од 100 или 200 евра, пренесува Дојче веле.

Со помош на Европол, шпанската полиција во Толедо разби синџир фалсификатори на пари кои фалсификувале половина милион „висококвалитетни“монети од две евра.

Полициската акција е опишана како „најважната“ против фалсификувањето на пари во Европа во последните 10 години.

Уапсени се 10 кинески државјани, а шпанската полиција соопшти дека ги бркала шест години. Се вели дека монетите се исклучително тешки за следење.

Монетите немаат холограми и безбедносни печати како хартиените пари. Но, повторно имаат доволно карактеристики што тешко се копираат.

притисни ентер