Меркел и Ердоган во телефонски разговор за планот за Сирија

Германскаста канцеларка Ангела Меркел телефонски денеска разговарала со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за состојбата на североистокот на Сирија.

„Се согласија да останат во близок контакт кога станува збор за оваа тема“, рече портпаролката на германската влада, без да открие детали за содржината на разговорите.

Пред нешто повеќе од две недели, Турција започна офанзива во северна Сирија за протерување на припадниците на курдската милиција за која смета дека се членови на терористичка организација.

Германската коалициска Влада размислува да одговори на овој потег. Социјалдемократите не се согласуваат со предлогот на министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер oд партијата на Меркел ,за воспоставување на безбедносна зона под контрола на ООН во пограничното подрачје со Турција.

Во исто време, сириската влада го поздрави повлекувањето на курдските сили од северот на земјата, 30 км од границата, јави државната новинска агенција САНА, повикувајќи се на официјални извори од Министерството за надворешни работи.

Официјален Дамаск смета дека повлекувањето на сириските демократски сили (СДФ) од пограничното подрачје „ја отстранува главната причина за жестоката турска агресија на сириската територија“.

Во изјавата се вели дека владата ќе им помогне на граѓаните да се реинтегрираат, отворајќи го патот за враќање на сириското национално единство.

„Гответе со Дракче“ - Баци пинџур

Во вторник (07.05.2024) во емисијата гостин ни беше Благица Павловска

Состојки за денешниот рецепт:

9 пиперки

4 црвени домати

1 врзопче младо лукче

3 чешниња лук

сол по вкус

маслиново масло

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатната линија 0800 54321

Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право кај народниот правобранител на бесплатната  линија 0800 54321

Денеска како што информираа од Јавното обвинителство граѓаните можат да пријавуваат секакви сомненија за кривични дела поврзани со изборите на електронска адреса .

Граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право кај Народниот правобранител на бесплатната телефонска линија 0800 54321, како и лично во канцелариите на омбудсманот.

Граѓаните можат да пријавуваат секакви сомненија за кривични дела поврзани со изборите на [email protected]

Под 5 проценти е излезноста до 09:00 часот во Македонска Каменица

Во Македонска Каменица до 09:00 часот од вкупно 6652 гласачи за вториот круг од претседателските избори гласале 332 избирачи.

Како што информираа од тамошната ОИК, бројката е слична и за парламентарните избори на кои своето право на глас, од 6641 граѓани гласале 331 лице.

- Во проценти до 09:00 часот бројката за вториот круг од претседателски избори изнесува 4,99 проценти, додека таа бројка за парламентарни избори изнесува 4,98 проценти, појаснија од ОИК.

Во оваа општина избирачките места, како што информираат од ОИК, биле отворени навреме, а гласањето се одвива во најдобар ред.

притисни ентер