Јовановски: Градскиот стадион, затворениот базен и детската градинка во Прилеп ги реализира СДСМ, на прав пат сме

Заробена и задолжена општина беше состојбата во  која ја затекнав општина Прилеп, со моето доаѓање на функција како градоначалник – истакна Илија Јовановски, градоначалникот на Прилеп на граѓанската трибината „На Прав Пат" на СДСМ. 

12 години ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот градоначалник Марјан Ристески им продаваа на граѓаните лажен патриотизам и популизам. Но, граѓаните ги препознаа лагите и затоа им рекоа „не" на ВМРО-ДПМНЕ. –истакна Јованоски.Тој потенцираше дека 12 години, проекти биле само ветувани, а ништо не се сработило. Како лажното ветување дека Прилеп ќе биде европски град, а при тоа не бил направен ниту еден детален урбанистички план,а сега само последнава година направени се 4 урбанистички планови и во моментов се работи на планови за 30 села во оваа општина.-истакна Јовановски.

За 12 години немаше ниту еден капитален проект, а во мојата предизборна програма имаше 12 проекти и сите ќе бидат направени за мандатот од 4 години.-истакна Јовановски .

Единствен капитален проект кој го започна минатата локална власт е училиштето кое што е позиционирано на место без пристапен пат, без одвод и довод на вода, без потребната инфраструктура ,на ливада, целосно несоодветно за училиште.-посочи Јовановски.Тој додаде дека за цел еден мандат Марјан Ристески асфалтирал само 8 километри улици, а локалната власт од СДСМ за само две години асфалтираше 24 километри улици во градот, а до крајот на оваа градежна сезона ќе се довршат уште 20 улици.

Шест години минатата власт го правеше градскиот стадион, два пати сечеа ленти и не го направија. Една година потрошивме на средување на проектната документација и поправање на гршките во статика во самиот проект.До крајот на оваа градежна сезона стадионот ќе биде пуштен во употреба.-потенцираше Јовановски.Како дел од проектите на кои работеше и сеуште работи локалната власт во Прилеп, градоначалникот Јовановски ги истакна дневниот центар за детска парализа, новите автобуси на метан,новиот мост на градската река широк 20 метри со 4 ленти, комплетно преуреден просторот на Марковите кули,а готов е и проектот за езерото околу кое комплетно е уредено со мултикултурни содржини кое ќе се гради следната година.

Општина Прилеп неуморно работи и на уште големи проекти планирани за периодот кој следува, како булеварот од вредност од 1 милион евра, реновирање на градската чаршија, затворен базен и детска градинка и театарот во Прилеп.

За разлика од порано, оваа власт предводена од СДСМ стои на зборот и го исполнува ветеното. Прилеп е на прав пат, државата ни е на прав пат!

ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори

Државната изборна комисија на денешната седница донесе заклучок за конечност на разултати за избор на претседател на Република Северна Македонија, прв круг.

Според заклучокот, за изборите одржани на 24.4.2024 година, вкупен број на избирачи запишани во избирачки список имало 1 814 317 гласачи од кои гласале 905 622. Неупотребени гласачки ливчиња биле 908 720, важечки ливчиња 881 040, а неважечки ливчиња 24 560.

Конечните резултати покажуваат дека кандидатот за претседател Стево Пендаровски добил 180 499, Гордана Силјановска Давкова 363 085, Стевчо Јакимовски 8 121, Бујар Османи 120 811, Билјана Ванковска 41 331, Арбен Таравари 83 337 и Максим Димитревски 83 855.

Во вториот круг на избори за претседател што треба да се одржат на 8 мај ќе се гласа за кандидатите за претседател Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова.

За претстојните избори за претседател, до Државната изборна комисија пристигнале акредитации од 52 домашни набљудувачи, 11 меѓународни и пет странски новинари, истите доставиле барање и за изборите за пратеници во Собранието, соопштија на денешната седница на ДИК.

На денешната седница ДИК ги усвои и записниците од 97 и 98 седница.

Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција

Претставници на грчката Влада и оваа година се очекува да отпатуваат за Ерусалим и на Велика сабота во Грција да го донесат светиот благодатен оган, што подоцна ќе биде пренесен во сите делови на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчките авиокомпании „Ејџиан ерлајнс“, „Олимпик ер“ и „Скај експрес“ соопштија дека со редовни и вонредни летови, светиот оган ќе патува низ цела Грција откако во попладневните часови в сабота од Ерусалим ќе пристигне на атинскиот аеродром, што ќе биде во организација на грчката Влада.

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада

„По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“

„Според оваа емоција што ја чувствувам овде и онаа емоција и енергија што ја чувствувам насекаде низ Македонија значи дека на 8-ми мај ќе ни донесе историски резултат, подобар од оној кој што се случи на првиот круг на претседателски избори. Сепак 2:1 резултат во однос на освоени гласови помеѓу идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова и досегашниот сега и веќе поранешен претседател, Стево Пендаровски е нешто кое што за првпат се случува во македонската демократска историја , истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Маврово Ростуше.

„Многу работи се изнаслушав овие шест години откако сум претседател на партијата, и многу работи како што тие ги замислиле не излегоа како што тие ги кажуваа. Можам да кажам слободно дека ништо не излезе така како што тие кажуваа“, рече Мицкоски говорејќи дека на СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа.

Мицкоски додаде на СДСМ ништо нема да им се оствари бидејќи граѓаните гледаат кој мисли добро на Македонија. По осми мај ќе победи Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ.

„Сепак 183.000 гласови е нешто што испишува историја. Последниве години ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот испишува историја. Така беше и пред две и половина години на локалните избори кога за првпат една коалиција, политичка партија во независна Македонија од позиција на опозиција заедно со народот успеа да победи во мнозинството општини во Македонија и да освои мнозинство градоначалници“, потсети тој.

Тој посочи дека таа историја од локалните избори продолжи да се испишува и во првиот круг на претседателски избори и така ќе продолжи и на осми мај.

„По осми мај ќе отвориме нова страница за Македонија и ќе ја направиме Македонија онаква каква што нашите генерации сонуваа да биде. Ќе започне процесот на трансформација на Македонија. Доста беа порази, понижувања и грабеж. Ќе отпочне Македонија со својот развој, да бидеме лидери во регионот, да се вратиме во првите пет во Европа“, порача Мицкоски.

Тој истакна дека подобри времиња за Македонија доаѓаат со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

притисни ентер