Каде беа кога им требаа на државата? рече претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина „На прав пат" во Прилеп" упатувајќи прашање за однесувањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и лажните манифестации кои ги промовира.
-Го слушам Мицкоски пред некој ден во Прилеп вели тие македонскиот код ќе го врателе. Не, господине Мицкоски, ти сакаш само криминалниот код да го вратиш. Македонскиот код е загарнтиран како никогаш досега, признаен, потврден, верифициран. Денеска, почитувани прилепчани, ние сме Македонци, признаени од целиот свет, впишано во личната карта во Обединетите нации, е тоа е патриотизам, рече претседателот Заев во преполната сала Марко Цепенков во Прилеп.
Заев на трибина во Прилеп: Мицкоски прво нека се откаже од Груевски, па потоа нека бара довера од граѓаните, може за 4.5 години
Претседателот Заев пред граѓаните на Прилеп порача дека само Христијан Мицкоски се израдувал на одлуката ЕУ да не започне преговори со Северна Македонија, што не е карактеристика на луѓе коишто си ја сакаат државата.
- Целиот свет ни признава дека сме на прав пат, ни признава за успесите. Само Мицкоски се израдува и ја поздрави одлуката на Франција. Ако мисли дека заради тоа ќе дојде на власт се излажал. Народот дава шанса, но Мицкоски мора да се промени, мора прво да се откаже од неговиот шеф Никола Груевски, да се огради од криминалите, да ги осуди. Кога ќе го сторат тоа нека побараат поддршка, можеби за 4,5 години. А сега, на 12 април, одиме на прав пат и никако поинаку, порача Заев