Џафери се обрати на Самитот на Универзалната федерација за мир во Тирана

Претседателот на Собранието Талат Џафери се обрати  на Самитот на Универзалната федерација за мир на тема„Мирот, безбедноста и човечкиот развој во Југоисточна Европа“ што викендов се одржува во Тирана.

,,Потпишувањето на Декларацијата на Обединетите нации, обврската и посветеноста кон принципите и целите на меѓународните закони и правда и владеењето на правото засновано токму на ова меѓународна право е гаранција за мирот и безбедноста во светот. Чувањето на овој мир и обезбедувањето на достоинствени услови за живот е елементарна обврска на секој човек. Југоисточна Европа, има турбулентна историја која не остава никого индиферентен. Секогаш имало антагонизми и раздори, секогаш било лесно да се разбудат чудовиштата и да врие казанот наречен „Балкан“, меѓутоа, се чини дека лека полека меѓутоа сигурно, се надминуваат овие штетни симптоми, говорот на омраза се заменува со современ говор на цивилизиран и визионерски дијалог, создавајќи на овој начин доволен простор за развој и унапредување на овој де на Земјината топка. Затоа што, рака на срце, ги имаме сите предуслови за создавање на здрава и добра средина за сите. Потребно ни е само искрена волја за соработка и за поддршка на едни со други, и со тоа и на себеси, потребна е мудрост и далековидост, потребна е визија за големата слика, сеопфатна а не тесна и исклучувачка. Како земји не сме привлечни и интересни меѓутоа како регион можеме многу и нашите граѓани заслужуваат многу. Водени од оваа максима дека заедно сме посилни, уште од осамостојувањето на државата го утврдивме стратешките цели и патот по кој ќе чекориме како држава, односно зачленувањето во Европската унија и во НАТО.

Како што ви е познато, Република Северна Македонија работеше и продолжува да работи многу на полето на унапредување и зацврстување на добрососедските односи затоа што веруваме дека само искрениот пристап кон недоразбирањата и кон отворените прашања и водењето на политички дијалог се до исцрпување на сите можности, може да доведе до компромисот прифатлив за сите. Како резултат на овој несебичен ангажман беше потпишувањето на двата договори, односно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија и Договорот со Република Грција со кој се надмина повеќегодишниот спор и кој не спречуваше во постигнувањето на нашите стратешки цели, односно интегрирањето во НАТО и во ЕУ. Сега, овој процес е деблокиран и очекуваме до крајот на оваа година да станеме 30-та полноправна членка на НАТО додека во насока на зачленувањето во Европската унија, знам дека сте запознаени од причина што и Република Албанија ја живее истата судбина како и ние.

Доаѓам тука од Стразбур, каде што бев учесник на Европската конференција на претседатели на Парламенти на Парламентарното собрание на Советот на Европа, каде покрај моето обраќање на Конференцијата, тмав и средба со претседателот на Европскиот парламент и со други европратеници. За време на разговорите што се одвиваа во искрена и пријателска атмосфера, се кажа тоа што постојано се повторува од сите дека поддршката за нашата евроинтеграција продолжува и понатака, признаваат дека е нанесена неправда, меѓутоа и дека не смееме да губиме надеж и дека треба да го следиме истиот пат на исполнување на критериумите, односно правењето на реформите. Јас реков дека разочарувањето е природно кај сите, меѓутоа и тоа дека за нас е неприфатлива каква било евентуална алтернатива на процесот на пристапување, односно, ставањето на земјата во категоријата на соседство на ЕУ и истакнав дека Берлинскиот процес е комплементарен со процесот на евроинтеграција преку кој земјите на Западен Балкан можат да постигнат забрзан напредок на реформите и ние сме сериозно посветени кон процесот во интерес на поскорото интегрирање во Европската унија. Потврда за поддршката на нашите две земи е и Резолуцијата што се усвои во Парламентот со огромно мнозинство и со признавање на сите напори и реформи што сме ги направиле. Се разбира дека нашите активности нема да застанат тука и дека и понатака ќе продолжиме во сиот ритам затоа што тоа е за развојот и напредокот на нашите земји, за безбедноста и благосостојбата на нашите граѓани и за еден поквалитетен живот за сите. Ќе продолжиме да градиме мостови на соработка и приближување меѓу нашите народи, нашите држави и целиот регион и светот. Ќе продолжиме со заеднички проекти за да бидеме конкурентни со развиениот свет во технолошки, еколошки, културен, научен, интелектуален, уметнички и друг аспект, затоа што имаме човечки потенцијал, имаме силна волја и имаме далековидност да бидеме примерни." рече џафери во обраќањето.

Потрошил 14.000 евра за да стане куче, а сега повторно шокира со новиот кучешки костум (ВИДЕО)

Претходно пишувавме за Јапонец, кој се крие зад прекарот Токо.

Тој потрошил повеќе од 14.000 евра на костим за куче, со цел да го исполни детскиот сон и да го запознае светот од перспектива на животното.

Сега тој повторно го шокира светот, откако претстави хиперреалистичен костим на маламут од Алјаска што му овозможува да прави „нови трикови“.

Потсетуваме, Јапонците ангажираа експерти од компанијата „Цепет“ на кои им биле потребни 40 дена за реализација на проектот.

Му дале импресивен костим на овчарско куче со густо крзно и анатомски исправни екстремитети, но неговата глава била „најслабиот“ елемент.

Сега Токо претстави нова инвестиција, а костимот од Alaskan Malamute изгледа импресивно, со можност за движење на опашката и устата, пренесува Oddity Central.

Тој признава дека ја крие својата страст од пријателите, семејството и колегите на работа, плашејќи се од суд, но не планира наскоро да се откаже од хобито.

Ако ништо друго, се чини дека тој е сѐ повеќе и повеќе опседнат со кучешкиот живот секој ден.

„Жешката“ полицајка која му играше во скут на шефот доби отказ, но не за снимката (ВИДЕО)

Њујоршката полицајка Вера Мекали (26) се најде во центарот на вниманието на јавноста откако беше објавено видео на кое таа танцува во скутот на тогашниот шеф.

Оттогаш поминаа три години, а жената сега е отпуштена - од други причини, објави Дејли Стар.

По жешкото видео од забавата, Вера продолжи да работи во службата, а нејзиниот шеф бил префрлен на ново работно место.

Сепак, иако не добила отказ, по две години од егзотичното танцување, Вера била суспендирана поради мешање во апсењето на нејзиниот девер кому се обидела да му помогне кога бил запрен поради возење во пијана состојба.

Вера ги нападна полицајците од Њу Џерси затоа што го фатиле, велејќи дека „не ја завршиле добро работата“.

Како што пренесуваат американските медиуми, таа боса втрчала во станицата и врескала дека е полицајка.

Таа барала да ѝ кажат зошто мажот е уапсен.

Истрагата покажала дека полицајците направиле сѐ по протокол, а Вера била исфрлена од полициските сили.

„Тато, згрешив, се срамам што те посрамотив тебе и семејството“, му рекла Вера на својот татко и додала дека сѐ „требало да биде шега“.

„Не бев свесна дека му ја уништив кариерата, сега изгледа како лош човек, извини“, рекла поранешната полицајка.

Во куќата на нацистички лидер се пронајдени човечки остатоци- сите немаат шаки и стопала

Група аматерски истражувачи пронашле коски од пет луѓе во куќа која некогаш му припаѓала на еден од најблиските соработници на Хитлер - Херман Геринг.

Остатоците се пронајдени во трошна зграда во близина на поранешното седиште на Адолф Хитлер, Волчјо дувло, во денешна Полска, пренесува Der Spiegel.

Во густо пошумена област покриена со бункери, националсоцијалистите изградиле добро обезбеден квази-мал град за нивното раководство - вклучувајќи кино, чајџилница и противвоздушни станици.

Речиси 80 години подоцна, Волчицата била обрасната со плевел и природата ги „голтнала“ куќите, а се верувало дека урнатините на куќата што некогаш ја користел Геринг биле добро истражени. Меѓутоа, кога археолози аматери од Полска и Германија почнале да бараат под дрвениот под, ископале човечки череп на длабочина од десет сантиметри.

Веднаш повикале полиција, но немало докази дека таму е извршено неодамнешно злосторство. Тогаш тимот истражувачи, предводен од Октавијан Бартошевски, почнал да копа понатаму. Како што пишува Der Spiegel, пронајдени се останките на уште три лица, тинејџер и бебе.

„Можеби се работи за семејството кое било погребано во куќата на Геринг, пишува Der Spiegel.

Засега не е јасно чии се посмртните останки. Можно е дека остатоците веќе биле таму за време на изградбата на куќата, како што знаел фелдмаршалот Рајх. Меѓутоа, можно е и овие луѓе да дошле во Волчицата по завршувањето на Втората светска војна.

Полското јавно обвинителство сега сака да утврди дали масовното убиство има врска со нацистите.

Она што ги загрижува сите е тоа што на сите скелети им недостасуваат шаки и стопала. Постои можност коските да изгниле во текот на децениите, но и некој да им ги отсекол екстремитетите.

притисни ентер