Заев: Рано е за предизборно коалицирање, дебатата по ноември

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека дебатата за предизборно коалицирање на предвремените парламентарни избори најавени за 12 април следната година нема да ја почнат пред крајот на следниот месец.

Одговарајќи на новинарско прашање дали досега веќе разговарал со сегашните коалициски партнери и им предложил предизборна коалиција, Заев истакна дека се уште е рано со оглед дека до кампањата и изборите има пет односно шест месеци и оти ставот за тоа би се знаел веројатно на крајот на февруари или почетокот на март.

– Не сме зборувале. За претседателските избори е едно стојалиште и нормално е кога само еден кандидат или повеќе канидати да се групираат политичките партии. Ние не сме ја ни отвориле таа дебата и немаме намера сигурно да ја отвориме до крајот на ноември. Далеку се изборите, без малку за шест месеци, до кампањата има уште пет месеци. Веројатно тоа ќе се случува крајот на февруари и почетокот на март кога ќе ги замеме нашите стојалишта, така што многу е рано да зборуваме за тоа, изјави Заев, по стартот на кампања за промоција на стручното образование и занимања во СГГУ „Здравко Цветковски" во Скопје.

На лидерската средба што се одржа во неделата на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски беше договорено на 12 април следната година да се одржат предвремени парламентарни избори, откако државата не доби датум за почнување преговори за членство со Европската Унија. /MИА

ДИК: Прегласување ќе има на 7 избирачки места, гласањето ќе биде во среда на 22 мај

Изборите сепак не се завршени. Во игра се уште два мандати, по еден во 5-тата и 6-тата изборна единица, кои првично го доби ДУИ, но по прегласувањето може да ги изгуби.

По синоќешната одлука на Управниот суд да ги отфрли сите жалби на Европскиот фронт, ДИК на седница на која не пресуствуваше потпретседателката претставник на ДУИ, Дитмире Шеху, едногласно ја донесе одлучи во среда да се гласа на едно избирачко место во селото Ларце, Желино кое е дел од шестата изборна единица, како и во шест изборачки места во Крушево, Долнени, Струга и Охрид, кои се во рамките на 5-тата изборна единица.. .

ДИК – прегласување за Парламентарни избори 2024

Изборна единица 5 Изборна единица 6

Крушево – избирачки места 1194 и 1202 с. Ларце - Желино - 2101

Долнени – избирачки места 1470 и 1470/1

Струга – избирачко место 1884

Охрид – избирачко место 1272

ДУИ во 6-тата изборна единица освои 9 мандати наспротив 7 на Вреди, но доколку разликата на ова избирачко место се зголеми за дополнителни 80 гласа, тогаш Вреди ќе добие уште еден мандат и ќе се изедначат со по 8 пратеници. Во петката пак, ВМРО ДПМНЕ доби 10 пратеници, Европски фронт 4 и СДСМ тројца. Но по прегласувањето има три опции, може да се случи ДУИ да го задржат пратеничкиот мандат, но и да го добијат или СДСМ или ВМРО ДПМНЕ.

Состојбата на Фицо е стабилизирана, но и натаму е сериозна

Тој засега нема да биде префрлен во Братислава, соопштија словачки министри.

Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо е стабилизирана, но и понатаму е сериозна, изјави словачката министерката за здравство Зузана Долинкова.

Фицо беше тешко повреден на 15 мај, по седницата на Владата во градот Хандлова, кога 71-годишниот писател Јурај Цинтула, од непосредна близина испука во него неколку истрели од пиштол.

Долинкова објасни дека вчерашната двочасовна операција за отстранување на мртвото ткиво од повеќекратните прострелни рани, која ги зголемила надежите за негово закрепнување, „придонела за позитивната прогноза“ за Фичо.

Словачкиот вицепремиер и министер за одбрана Роберт Калињак им изјави на новинарите пред болницата каде се лекува Фицо дека неговиот трансфер во главниот град Братислава од малиот град во областа, каде што беше застрелан пет пати нема да се случи во следните неколку дена.

Според вицепремиерот, не било потребно официјално преземање на функциите на Фицо и има одредена комуникација со него.

Напаѓачот денеска за прв пат се појави во судницата во Пезинок, гратче недалеку од главниот град Братислава. Судската зграда ја обезбедуваше маскирани полицајци вооружени со пушки./МИА

Во Музеј на вино Кавадарци уметници творат на тема вински артефакти

 Во Музеј на вино Кавадарци уметници творат на тема вински артефакти, во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите. 

- Ликовни уметници творат во чест на музеите. Темата на ликовниот хепенинг е „Винскиот музеј низ артефактите“. Всушност, на лице место уметниците сликаат на платно, додека заедно со посетителите кои ја следат нивната активност, имаат можност да дегустираст вино од ова поднебје и македонска храна. Настанот го организиравме во соработка со здружението на граѓани љубители на уметноста „Роднокрајци“, чии претставници творат на платно. Ги спојуваме историјата, културата и традицијата на лозаровинарството во најголемиот регион за лозарство и винарство во државата. Уметноста на платно и уметноста во извонредните вино и храна, подвлече Весела Честоева, директор на Вински музеј за регион „Тиквеш“, со седиште во Кавадарци.

Настанот е дел од програмата за работа на музејот, со поддршка на локалната самоуправа. /МИА

притисни ентер