Одбележување на Европскиот ден на правдата

Дваесет и петти октомври е Европски ден на правдата, кој секоја година се одбележува во сите држави во Европа. 

Целта за негово одбележување е во сите европски држави правдата да се доближи до граѓаните и тие да бидат запознаени со нејзиното спроведување.

Како и секоја година, нашата држава и оваа година се вклучува во одбележување на Европскиот ден на правдата. По тој повод се организираат отворени денови во судовите, средби на адвокатите, судиите, медијаторите, нотарите со граѓаните, давање информации и совети на граѓаните, симулации на судење, организирање локални конференции и слично.

Адвокатската комора на Македонија денеска во Апелацискиот суд Скопје од 10:00 до 14:00 часот организира отворен ден, при што граѓаните на средби со адвокати ќе можат да се информираат за своите основни права во повеќе области.

– Европскиот ден на правдата, 25 октомври, секоја година се одбележува во сите држави во Европа. Целта за негово одбележување е во сите европски држави правдата да се доближи до граѓаните и тие да бидат запознаени со нејзиното спроведување. Интенцијата за одбележувањето на Европскиот ден на правдата е на граѓаните во Европа да им се овозможи одблизу да бидат запознаени со нивните основни права во повеќе области, како семејно право, право на сопственост, наследување, договорно право, авторско право и слично, се наведува во соопштението од Адвокатската комора.

По повод одбележувањето на Европскиот ден на правдата, Нотарската комора денеска организира отворен ден во нотарските канцеларии. Граѓаните одблизу ќе можат да се запознаат со работата и со надлежностите на нотарската професија, како и со одговорноста што ја носи таа, потоа со постапките во кои би можеле да се најдат граѓаните пред нотарите, како и со други прашања поврзани со нотаријатот како институција што е дел од правосудниот систем во државата.

Комората на медијатори на Македонија и Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) по тој повод организираат настан „Медијацијата и бизнисот – бизнисот расте ако спорот се реши брзо".

На настанот ќе се обратат Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика и претседателот на Комората на медијатори, Славе Младеновски.

„Не се откажувај, барај правда! – подигнување на јавната свесност за пристап до правда " е настанот кој по повод Европскиот ден на правдата го организираат Коалиција Маргини и Здружение ЕСЕ. Настанот ќе се одржи пред платото пред Основен кривичен суд Скопје.

На настанот, студенти од Правната клиника при Правниот факултет „Јустинијан Први" ќе промовираат пораки за правото на бесплатна правна помош кон граѓаните.

Во 2003 година, Советот на Европа донесе одлука 25 октомври да се одбележува како Европски ден за граѓанска правда. Намерата на одбележувањето на Европскиот ден на граѓанска правда е на граѓаните на Европа да им овозможи одблизу да бидат запознаени со нивните основни права во повеќе области, како и можност да се запознаат со функционирањето на системот на правосудството. /МИА

Трајанов: Ситуацијата е во критична фаза, ЕУ немоќна да ја разреши ситуацијата

Ситуацијата е во критична фаза, ЕУ немоќна да ја разреши ситуацијата, клучно е да не се рашири конфликтот.

Ситуацијата на Косово е во критична фаза по вина и на Белград и на Приштина, смета лидерот на Демократски сојуз и поранешен министер за внатрешни работи Павле Трајанов.

Тој цени дека Брисел нема механизам да ги натера да го спроведат договорот но клучно е вели тој конфликтот да не се прошири.

Целиот разговор на Михаела Димовска со првиот човек на Демократскиот сојуз Павле Трајанов погледнете го во видеото.

Османи: Седумтемина наши државјани од Бањска, Косово се враќаат дома

Седумте македонски државјани, меѓу кои и дете, кои беа заглавени на Kосово утрово безбедно се вратени дома, информираше министерот Бујар Османи.

Како што претходно соопштија од МНР тие биле сместени во хотел, во непосредна близина на манастирот во селото Бањска, каде што се случи вооружениот судир... Според Османи, низ целиот процес, косовските служби ја гарантирале безбедноста на нашите државјани, а македонската амбасада во Приштина била во постојан контакт со нив.

- По извршените вообичаеното интервју и анализа од страна на полицијата на Република Косово, утрово нашите државјани безбедно се упатени кон дома, придружувани од косовската полиција. Околностите во кои тие се најдоа беа сложени, имајќи предвид дека беа сместени во хотел, во непосредна близина од каде се случи вооружениот напад врз полицијата. Во текот на вчерашниот ден косовската полиција беше веднаш соодветно известена за оваа ситуација по редовните канали, а јас лично разговарав и со мојата колешка Доника Гервала – Шварц, стои во објавата на шефот на дипломатијата.

Осуда за убиството на косовскиот полицаец и загриженост за состојбата на северот на Косово изразија и македонската Влада и премиерот Ковачевски.

Според министерката за одбрана Славјанка Петровска безбедносната состојба во Македонија е стабилна, а инцидентите во Косово немаат директно влијание кај нас, иако според неа не е едноставно кога во регионот има вооружени напади. Заедно со нејзиниот норвешки колега Бјорн Арилд Грам ги осудија инцидентите и повикаа Белград и Приштина интензивно да работат на дијалогот додека тоа не биде предоцна.

- Инцидентот и тоа што се случува таму нема директно влијание и од информациите со кои досега располагаме и кои ги разменуваме не влијае на загрозување на безбедноста на нашата држава. Тоа го гарантира и фактот дека сме земја членка на НАТО и тоа што изминатиов период вложуваме многу во одбраната. Меѓутоа, се разбира, секоја од институциите во Македонија има обврска да придонесе за нашата национална безбедност, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Нападот во Косово на социјалните мрежи го осуди и претседателот на ДУИ, Али Ахмети нарекувајќи го сериозна провокација со однапред смислена агенда која може да има регионални последици ако не се управува со ладнокрвност и мудрост.

Албанските опозициски партии Алтернатива, БЕСА и Демократско Движење, пак, како единствено решение за мир во регионот предлагаат Косово што поскоро да стане членка на НАТО за да не се случи, како што велат, втора Украина на Балканот.

Поставени лед светлосни дигитални знаци на дел од скопските улици

Безбедноста во сообраќајот за сите учесници е еден од приоритетите на градот Скопје, а зголемувањето на истата е дел од програмата “За Модерно Скопје”  и од инфраструктурните проекти кои се реализираат во градот. 

Отпочнавме со проект за поставување ЛЕД светлосни дигитални сообраќајни знаци со пиктограм на локации на кои во минати години имало сообраќајни незгоди и кои се нотирани како високо ризични за пешаците, со цел зголемување на видливоста. Поставени се нови знаци на бул. Партизански Одреди кај пазарчето во Ѓорче Петров, на булевар Метрополит Теодосиј Гологанов кај Алумина, и на булеварот АСНОМ.

ЛЕД светлосните дигитални сообраќајни знаци со пиктограм се поставуваат во близина на училишта, градинки и фрекфентните булевари и улици, а целта е да се зголеми видливоста на пешачките премини со што се зголемува внимателноста на возачите при движење во сообраќајот.

ЛЕД сообраќајните и ретрорефлективни знаци можат да ја зголемат видливоста до 60% што може директно да влијае на безбедноста и времето за маневрирање при возење, со што се намалува или избегнува можноста за сообраќајни несреќи предизвикани од реакција при недоволно растојание. Овие лед сообраќајни знаци можат да ги намалат сообраќајните незгоди на локалните патишта за повеќе од 70%.

Контрастот на клучните информации на Лед сообраќајните знаци во текот на ноќта и при тешки временски услови е зголемен за 35%. Со овој вид сигнализација функцијата за предупредување е значително подобрена и истата има позитивна улога во зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.

Град Скопје

притисни ентер