Џафери: За нас не постои друга алтернатива освен таа што е зацртана од осамостојувањето на земјата

 Ако се прашувате како и по кој пат продолжуваме оттука натака, можам одговорно и сигурно да ви кажам – за нас не постои друга алтернатива освен таа што е зацртана од осамостојувањето на земјата.

Односно полноправно членство во ЕУ и НАТО, уште поревносно продолжување со реформите, за доброто на нашите граѓани, за напредокот и развојот на нашата земја, за Европа во Република Македонија.

Ова во своето обраќање го истакна претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери на Европската конференција на претседатели на парламенти на тема „Нашиот заеднички европски дом: следните 70 години" во Стразбур.

Истакна дека за жал земјава не доби датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, нешто што, како што рече, за жал не се оствари и покрај неколкуте последователни извештаи во кои се нотираше позитивниот напредок на Македонија.

– И за време на самитот на ЕУ беше потврдено истото од земјите членки на ЕУ дека ние ја исполнивме доследно нашата домашна задача, меѓутоа тука престанува нашиот маневарски простор (да се изразам војнички). Познат ни е принципот на донесување одлука во ЕУ, односно тоа мора да биде со консензус од сите земји членки. Ако се постави прашање дали аргументите за не доделување датум држат или не, јас ќе се воздржам од коментар, рече Џафери.

Тој го честиташе одбележувањето на 70-годишнината од основањето на Советот на Европа, водечката организација за човекови права во континентот во која членуваат 47 европски земји.

– Светот во кој што живееме се разликува од светот кога се основал Советот, меѓутоа основите се истите демократски и суштински – владеење на правото и почитување на човековите права и слободи. Сите луѓе, без исклучок имаат право на слободен, достоинствен живот во кој нема да им биде оспорено правото на слободен живот, слобода на движење, работење и творење, остварување на права и фер и еднаков третман пред правосудните органи и државните институции. За тоа да биде така, потребно е да се почитуваат демократските права и принципи кои се одамна востановени и прифатени од земјите потписнички на меѓународните конвенции, рече тој.

Подвлече да не дозволиме да има поделби, да не дозволиме да има граѓани од втор, трет ред затоа што, хранењето на тие демони, подржувањето на нови, своеглави и егоцентрични лидери кои ќе го пренабрегнат општото добро за постигнување на своите егоистични цели, нема да донесе ништо добро за никој.

– Различностите се убави само кога се дел од некој мозаик од кој се составува цела слика во која нема линии на поделби и раздори. Во спротивно, сликата ќе биде тмурна и тажна, полна со болка која знам, на младите генерации не им е позната и се надевам нема да ја запознаат никогаш, меѓутоа, сите ние кои некогаш сме ја вкусиле таа горчина, или пак ја проживеале и ни ја прераскажувале нам нашите татковци или дедовци, имаме морална обврска да не дозволиме да ја почувствуваат ниту сегашните, ниту идните генерации, рече Џафери.

Додаде дека имаме обврска да ги научиме да живеат заедно едни со други, не едни покрај други, да сочувствуваат со радоста, меѓутоа и со болката на другиот затоа што пред се, и над се, сите сме граѓани на овој свет кој, колку и да се чини комплексен и тежок, сепак, ако се постави врз вистинските вредности на взаемна почит и разбирање, може да биде многу едноставен и убав.

– Македонија, нејзините граѓани, државните и јавните институции, политичките чинители на власт и во опозиција, невладиниот сектор и целиот човечки потенцијал, низ сите турбулентни периоди кои се чини дека се составен дел на поднебјето на Балканот, секогаш биле доследни на ратификуваните Универзални конвенции за човекови права и слободи и тие се вградени во Уставот на земјата од нејзиното осамостојување и целосно се почитуваат, затоа што тоа е гаранција за мирот дома, за безбедноста во регионот и пошироко во светот, истакна Џафери.

Подвлече дека земјава работи многу на полето на унапредување и зајакнување на добрососедските односи.

– Веруваме дека, заедно како региони, можеме да испратиме повеќекратни пораки на заедништво и моќ во справување со современите закани кои без селекција тропаат на сечија врата, било да е помала или поголема држава. Глобализацијата, технолошкиот напредок и се пообемното користење на социјалните медиуми како средство за комуникација, ширење на лажни или вистинити информации, креирање на политики и јавно мислење на се пософистицирани начини и методи, бара од нас да истражуваме и наоѓаме поефективни методи за спречување на штетите што може да ги нанесе овој начин на деструктивно однесување. Зачувувањето на тој мир и обезбедувањето на достоинствени услови за живот е наша одговорност, истакна претседателот на Собранието во обраќањето на Европската конференција на претседатели на парламенти во Стразбур.

Александар Пандов и Агим Јонуз во „Само Вистина“

Вечерва во „Само Вистина“ ќе гостуваат Александар Пандов и Агим Јонуз.

Дами и господа, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Александар Пандов и Агим Јонуз.

Партиски калкулации или предизборни махинации за идна влада, важи ли принципот „победник со победник“ или „кој губи има право да се лути“?

Кој ги сфати грешките, а кој ќе ја плати сметка од изневерени ветувања?

Се ќе почне од „0“ или ќе се случи политичко цунами, мајка или татко на нацијата, што ќе добиеме на 8 мај?

Ветувања или дела, кој најавува, а кој ќе ја сузбие корупцијата?

Вечерва во Само Вистина Елизабета Галевска со Александар Пандов и Агим Јонуз, по вестите во 18 часот.

Потрошил 14.000 евра за да стане куче, а сега повторно шокира со новиот кучешки костум (ВИДЕО)

Претходно пишувавме за Јапонец, кој се крие зад прекарот Токо.

Тој потрошил повеќе од 14.000 евра на костим за куче, со цел да го исполни детскиот сон и да го запознае светот од перспектива на животното.

Сега тој повторно го шокира светот, откако претстави хиперреалистичен костим на маламут од Алјаска што му овозможува да прави „нови трикови“.

Потсетуваме, Јапонците ангажираа експерти од компанијата „Цепет“ на кои им биле потребни 40 дена за реализација на проектот.

Му дале импресивен костим на овчарско куче со густо крзно и анатомски исправни екстремитети, но неговата глава била „најслабиот“ елемент.

Сега Токо претстави нова инвестиција, а костимот од Alaskan Malamute изгледа импресивно, со можност за движење на опашката и устата, пренесува Oddity Central.

Тој признава дека ја крие својата страст од пријателите, семејството и колегите на работа, плашејќи се од суд, но не планира наскоро да се откаже од хобито.

Ако ништо друго, се чини дека тој е сѐ повеќе и повеќе опседнат со кучешкиот живот секој ден.

„Жешката“ полицајка која му играше во скут на шефот доби отказ, но не за снимката (ВИДЕО)

Њујоршката полицајка Вера Мекали (26) се најде во центарот на вниманието на јавноста откако беше објавено видео на кое таа танцува во скутот на тогашниот шеф.

Оттогаш поминаа три години, а жената сега е отпуштена - од други причини, објави Дејли Стар.

По жешкото видео од забавата, Вера продолжи да работи во службата, а нејзиниот шеф бил префрлен на ново работно место.

Сепак, иако не добила отказ, по две години од егзотичното танцување, Вера била суспендирана поради мешање во апсењето на нејзиниот девер кому се обидела да му помогне кога бил запрен поради возење во пијана состојба.

Вера ги нападна полицајците од Њу Џерси затоа што го фатиле, велејќи дека „не ја завршиле добро работата“.

Како што пренесуваат американските медиуми, таа боса втрчала во станицата и врескала дека е полицајка.

Таа барала да ѝ кажат зошто мажот е уапсен.

Истрагата покажала дека полицајците направиле сѐ по протокол, а Вера била исфрлена од полициските сили.

„Тато, згрешив, се срамам што те посрамотив тебе и семејството“, му рекла Вера на својот татко и додала дека сѐ „требало да биде шега“.

„Не бев свесна дека му ја уништив кариерата, сега изгледа како лош човек, извини“, рекла поранешната полицајка.

притисни ентер