Тимоние: Се создаде впечаток дека Преспа е единствениот услов

Франција не е единствениот виновник за тоа што Македонија не доби почеток на преговори, виновни се и земјите кои ветувале дека на овој Самит ќе го добиете фамозниот датум, вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоние .

Тимоние го прекина молкот по француската блокада на Македонија во Брисел, но не кажа ништо поразлично од позицијата на Макрон. Според него, очекувањата во земјава биле премногу високо подигнати, а на датумот за почеток на преговори, вели дека не требало да се гледа како на награда за Преспанскиот договор. Порача дека одговорноста за не добивањето на датумот, не лежи само во Франција туку кај сите кои на земјава и дале ветувања дека тоа ќе се случи.

Користењето на терминот за Македонија како земја – модел или пример во регионот, според Тимоние е претерано. Истакна дека во земјава се уште има реформи кои треба да се спроведат, меѓу нив во судството, администрацијата, но и иселувањето на младите.

Тимоние порача и дека Франција веќе работи на новата методологија за членство во ЕУ, и додаде дека земјава треба да биде подготвена за самитот на Унијата во Загреб догодина. Појасни дека ставот на Макрон за новата методологија е обид да се воведе ред во безредието на Унијата.

Прашан за најавите дека францускиот претседател Макрон би ја посетил земјава, Тимоние вели дека до сега нема информации за такво нешто. Евентуалната посета на францускиот претседател на земјава во идниот период според него е неизвесна, имајќи предвид дека Македонија влегува во изборен период.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер