Битиќи: Власта ветуваше Чебрен и Галиште, а денес нема ни финансиска конструкција – ќе ја поддржам интерпелацијата за Божиновска
Анакиев: Ништо од ветените проекти на градоначалникот Митев, граѓаните сè уште чекаат решенија за водата, инфраструктурата и спортот во Зрновци
1Битиќи: Власта ветуваше Чебрен и Галиште, а денес нема ни финансиска конструкција – ќе ја поддржам интерпелацијата за Божиновска
2Анакиев: Ништо од ветените проекти на градоначалникот Митев, граѓаните сè уште чекаат решенија за водата, инфраструктурата и спортот во Зрновци
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаКанал 5 дојде до обвинението за ,,Рекет” – Боки 13 трошел милиони за луксузна гардероба и слики Милионски суми потрошени за луксузна облека од Луј Витон, Версаче, Гучи, Шанел и Прада но и уметнички слики од Лазар Личеноски, Вангел Ковошач и Мерсад Бербер. Ова е само дел од наведеното во обвинението за случајот Рекет до кое дојде Канал 5, а според кое обвинетиот Боки 13 ги потрошил парите. Напишано на три страни, во него обвинителството наведува како Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец ги договарале средбите со Орце Камчев, како екс шефицата на СЈО Катица Јанева го прифатила влијанието од Јовановски и ги земале парите. Вo обвинението се потврдува и она што веке беше јавно објавено - дека Јовановски и Кичеец го посетувале Камчев во неговиот дом за да го убедат во влијанието што го имал Јовановски врз Катица Јанева. Oбвинителството притоа наведува дека обвинетата екс обвинителка Kатица Јанева ги пречекорила своите службени овластуивања, со издавање на доверливи податоци од истрагата за Империја, и притоа неведувајќи дека обвинителката во Империја Стефанова ќе работи по нејзин налог. Боки и Кичеец, стои во обвинението, од Камчев ги побарале 8-те милиони евра во замена за негово ослободување од притвор, а ако СЈО со одлука на Врховен не го застапува тој предмет, Јанева ќе му даде својство на заштитен сведок или ја запре постапката против него. Обвинетата Катица Јанева пречекорувајќи ги границите на своето службено овластување – доверливи податоци од истрагата им ги соопштувала, особено потенцирајќи дека јавниот обвинител кој постапува по предметот ќе работи по нејзин налог и по ваквите разговори барале 8 милиони евра доколку СЈО со одлука на Врховен суд остане овластен тужител во кривичниот предмет против него, а доколку донесе мислиење дека тоа обвинителство е неовластен тужител да им даде 5 милиони евра за да во истражната постапка обвинетата Јанева му даде својство на заштитен сведок и со наредба ја запре истражната постапка или да склучи со него спогодба за полесни кривични дела и да плати незначителен износ на штета, а мерката одземени патни исправи ќе се укине и за тоа веднаш да им даде 1 милион евра. Еден од аргументите со кои ќе го оспорат обвинението за случајот Рекет, според адвокатите на Јанева е дека таа имала овластување да бара поблага мерка за Орце Камчев како осомничен во Империја.Според нив дејствијата што ги преземала Јанева не се кривично дело бидејќи тоа го предвидува Законот за кривична постапка.Во приговорот на обвинението наведуваат и за незаконитост во истрагата посочувајќи дека се издадени повеќе наредби меѓу кои и за вештачења по завршена истрага. Обвинението го спорат и адвокатите на друдите двајца обвинети – Боки 13 и Зоран Милески Кичеец. Според најавите скопскиот Кривичен суд треба во следните денови да одлучи дали ќе го прифати обвинението и ќе определи датум за судење. Јанева е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување, Боки 13 за примање награда за противзаконито влијание и перење пари, а Милески Кичеец само за примање награда за противзаконито влијание. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБитиќи: Власта ветуваше Чебрен и Галиште, а денес нема ни финансиска конструкција – ќе ја поддржам интерпелацијата за Божиновска Битиќи, ja обвини власта дека не сака да го искористи енергетскиот потенцијал на државата.Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, ja обвини власта дека не сака да го искористи енергетскиот потенцијал на државата, додека домашните производители се соочуваат со откуп на струја по нула евра, а стратешките проекти „Чебрен“ и „Галиште“ остануваат без затворена финансиска конструкција. На собраниската седница на која се расправа за интерпелацијата за министерката за енергетика Сања Божиновска, Битиќи отвори прашања за пазарните бариери, сомнежите за привилегирање на компании со политички врски и доцнењето на реформите што треба да ја поврзат македонската енергетика со европскиот пазар. Во продолжение интегрален текст од обраќањето на Битиќи: Во Северна Македонија денес имаме необичен енергетски парадокс. Сонцето ни произведува електрична енергија. Инвеститорите вложуваат сопствен капитал, европскиот пазар бара чиста енергија, а нашата држава сè уште не успева да ги поврзе овие три можности во функционална економска политика, а сепак создадовме услови во кои произведената електрична енергија во одредени часови од денот практично да ја губи својата вредност. Додека институциите доцнат со правилата што треба да овозможат нејзина конкурентна продажба. Пред сè, низ оваа противречност сакам да ја оценам и работата на министерката Сања Божиновска. Како држава повеќе немаме право на институционална пасивност, особено во време кога енергетиката ја определува конкурентноста на цели економии. Почитувани, од 1 јануари 2026 година започна дефинитивната фаза за европскиот механизам за јаглеродно гранично приспособување, познат како СИБАМ. Станува збор за нова економска реалност која директно влијае врз конкурентноста на нашата електрична енергија и врз условите под кои домашните компании ќе настапуваат на европскиот пазар. Според Енергетската заедница, во првиот квартал од 2026 година комерцијално планираната размена на електрична енергија преку прекуграничните врски на Западен Балкан со Европската Унија се намалила за цели 25%. Истовремено, просечните цени на регионалните пазари биле околу 30 евра за мегават-час пониски од цените на соседните европски пазари. Практично, имаме електрична енергија што економски вреди повеќе на европскиот пазар, а регулаторните и пазарните бариери го ограничуваат пристапот на нашите производители до таа вредност. И, почитувана министерке Божиновска, Македонија требаше навремено да воспостави две паралелни оперативно разработени програми. Првата е националната програма за исполнување на условите за временски ограничено изземање на електричната енергија од СИБАМ. Тоа подразбира завршување на поврзувањето со европскиот пазар, функционален систем за мерење, известување и верификација на емисиите, постепено воспоставување на јаглеродна цена и целосно усогласување со европските енергетски правила. Втората е програмата за поддршка на индивидуалните производители од обновливи извори со јасни процедури за докажување на реалните емисии, договори за откуп на електрична енергија, часовно мерење и акредитирана верификација во согласност со европските услови. И денеска, по две години владеење, сè уште немаме јавно претставена целосно операционализирана рамка што ќе покаже како овие две задачи ќе бидат исполнети со конкретни рокови, одговорни институции и финансиски инструменти. И ќе бидам коректен. Отворен е внатрешниот пазар на електрична енергија, а започна и процесот на проверка на законското усогласување за поврзување со европскиот пазар. Тоа се позитивни чекори, но започнатата проверка не е завршена интеграција од која зависи можноста нашите производители конкурентно да ја продаваат електричната енергија. И овде, во просторот што го оставаат незавршените реформи, пазарните бариери и институционалната пасивност, се отвора сомнежот дека во македонската енергетика се создава своевиден посебен тарифен модел: 0 евра за оние што ја произведуваат струјата и повластена заработка за оние што имаат политички врски. Постојат информации за случаи кога во часовите на интензивно сончево производство на сопствениците на фотоволтаични електрани им се нуди откуп по нула евра за мегават-час, додека истата електрична енергија понатаму се продава на пазарот во соседна држава по цени од над 30 евра. Овие информации бараат проверка на конкретни договори и трансакции. Особено е важно да се утврди кој ја презема инвестициската одговорност, кој располага со пристап до пазарите и кај кого завршува економската вредност на произведената енергија. Јавноста има право да знае дали меѓу корисниците на вакви пазарни услови има компании и поединци кои деловно или политички се поврзани со функционери на ВМРО-ДПМНЕ и дали таквите врски имаат какво било влијание врз институционалното постапување или непостапување. Пазарната економија не подразбира државата да биде нем набљудувач на моќта и можната концентрација на профитот. Кога производителите се соочуваат со неповолни откупни услови, а институциите не обезбедуваат доволна транспарентност и ефективен надзор, неизбежно се отвора сомнеж за селективна заштита на економски интереси. Министерството има обврска да покаже дека правилата важат еднакво за сите, да ги испита можните поврзаности и да го забрза развојот на пазарната интеграција, батериските капацитети и системите за балансирање. Доаѓаме и до односот кон ЕВН, односно кон операторот на електродистрибутивниот систем. Законот предвидува недискриминаторски пристап, економско-технички оптимални приклучни точки и олеснување на поврзувањето на обновливите извори на електродистрибутивната мрежа. Меѓутоа, од инвеститорите пристигнуваат забелешки за долгите постапки, условите за приклучување и ограничувањето на мрежниот капацитет. Особено е сериозно што Државниот завод за ревизија во септември оваа година констатира дека не е информирана Комисијата за доделување овластувања за изградба на енергетски објекти, а не е ниту донесен потребниот подзаконски акт за критериумите за овластување. Тоа создава застој кај инвестициите од 1 мегават нагоре. Замислете ја институционалната апсурдност. Од инвеститорите се бараат капитал, проекти, дозволи и сериозна финансиска подготовка, а државата не успева навреме да формира комисија што треба да им овозможи да ја реализираат оваа инвестиција. Потребен е јавен увид во бројот на поднесени, решени и одбиени барања за приклучување, трошоците што им се наметнуваат на инвеститорите и причините за доцнењата. Ако операторот располага со доминантна позиција во мрежната инфраструктура, државата има уште поголема обврска да обезбеди еднакви и проверливи услови. Привилегијата на еден оператор не мора да биде запишана во закон. Таа се создава и кога институциите предолго не проверуваат дали правилата еднакво важат за сите. Почитувани колеги и колешки, постои уште еден пример што најдобро ја открива разликата меѓу политичката реторика и вистинската способност за развој на енергетскиот сектор. Тоа се хидроенергетските проекти Чебрен и Галиште. Во септември 2023 година Владата предводена од СДСМ избра најповолен понудувач за изградба на реверзибилната хидроцентрала Чебрен со предвидена инвестиција од речиси 1 милијарда евра. Тогашната опозиција, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, разви силна кампања на политички отпор во која економските и договорните прашања сè повеќе се претставуваа како прашање на националната припадност на инвеститорот и одбрана на националните ресурси. Во февруари 2024 година, како лидер на опозицијата, Христијан Мицкоски отиде дотаму што тогашната постапка ја нарече антинационална. Во тоа време патриотизмот околу Чебрен беше високонапонски. Денес, повеќе од две години подоцна, реализацијата сè уште е без напон и еве нè денес каде сме. Во мај 2025 година премиерот најави дека Чебрен и Галиште ќе се градат со средства од британскиот финансиски аранжман, со инвестиција од 1,2 до 1,3 милијарди евра. Во февруари 2026 година министерката Божиновска најави дека за еден до два месеца ќе биде појасен моделот на реализација. Во септември 2026 година премиерот веќе зборува за можност за финансирање преку Американската развојна финансиска корпорација ДФЦ. За три години ја променивте приказната за проектите Чебрен и Галиште. Сè уште немаат затворена финансиска конструкција и далеку се од започнување на изградбата. Уште поинтересно е што денес истата оваа Влада, која некогаш ја проблематизираше националноста на инвеститорот, бара меѓународно финансирање и разговори со странски финансиски институции, и тоа е сосема легитимно. Но легитимно е и да потсетиме дека патриотизмот не се мери според државата од која доаѓа инвеститорот. Се мери според тоа колку економска вредност државата успеала да создаде и да задржи за своите граѓани. И, почитувани, како социјалдемократ, за мене енергетската транзиција има и длабока општествена димензија. Нејзиниот успех се мери со сметките за струја на граѓаните, конкурентноста на компаниите и достоинството на работниците, а не само со бројот на нови мегавати. Оваа општествена димензија останува недоволно препознаена во политиките на Министерството со кое раководи почитуваната министерка Божиновска. Недостига јасна поврзаност меѓу инвестициите во енергетиката, намалувањето на енергетската сиромаштија, енергетската ефикасност и правичната распределба на економските придобивки. Можеме да имаме сè повеќе зелена енергија, а граѓаните да чувствуваат сè помалку од нејзините придобивки. Тоа е транзиција со економски потенцијал, но со недоволно споделена вредност. Нашата татковина има сонце, вода, капитал и луѓе подготвени да создаваат. Имаме сè што е потребно за енергетски развој, освен доволно функционални политики што ќе ги поврзат овие можности со европскиот пазар и со благосостојбата на граѓаните. Поради овие причини ќе ја поддржам интерпелацијата. Фатмир БитиќиТагови: Фатмир Битиќи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАнакиев: Ништо од ветените проекти на градоначалникот Митев, граѓаните сè уште чекаат решенија за водата, инфраструктурата и спортот во ЗрновциДо кога да чекаме да отпочне постапката за ветените проекти за кои не е потребно многу време за реализација како што се: оградување на кејот на река Зрновка, пешачка патека на кејот на река Зрновка, и стационар за кучиња.Добар ден почитувани сограѓани на општина Зрновци, Денес сме овде на неколку дена пред исполнување на една година од преземањето на функцијата градоначалник на Општина Зрновци од страна на Ванчо Митев, заедно со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за да прашаме неколку работи. Дали градоначалникот ја прифати функцијата и ја доби довербата од граѓаните за како што вели онаа народната за „клати врата земај плата“. Еве безмалку една година од превземање на функцијата градоначалникот уште чекаме да објави истиот дали има нешто преземано во врска со подобрување на квалитетот на водата или само во последните два месеци добивме два негативни извештаи за забрана на вода за пиење од Центарот за јавно здравје и добивме само изготвување на договори и испумпување на општински и народни пари на неколку негови партиски активисти. Исто сакаме да прашаме дали нешто има преземано и од неговата стручна компетентност во делот на спорт или добивме згаснат фудбалски клуб и запуштено фудбалско игралиште кое беше реновирано и вратено во функција во претходните неколку години како и намалување на бројот на турнири во мал фудбал од три на еден во годината, а камоли пак да разговараме за инфраструктурни проекти во делот на спортот кои што беа ветувани како што се комплекс за млади со ролер парк и алпинистички ѕид, алпинистички план. До кога да чекаме да отпочне постапката за ветените проекти за кои не е потребно многу време за реализација како што се: оградување на кејот на река Зрновка, пешачка патека на кејот на река Зрновка, и стационар за кучиња. Иста е состојбата и во делот на културата од ветената „Културна револуција“ на о. Зрновци со голем број на концерти ветени и театарски настапи до сега добивме една голема нула. За другите ветени инфраструктурни проекти нема ниту да прашуваме ниту да споменуваме бидејќи се далеку од фаза на започнување односно не се изготвени ниту идејни решенија. А се она што е изградено до сега е доведено до степен на уништување. Затоа сакаме да порачаме дека народот, граѓаните на општина Зрновци немаат време за трпение и чекање за решавање на проблемите, доколку се нема визија за развој и напредок на о. Зрновци подобро да си каже градоначалникот Митев дека нема капацитет за работење. Виктор Анакиев, претседател на ОК Зрновци на ВМРО-ДПМНЕТагови: Виктор Анакиев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
ТехнологијаРазрешена мистерија стара 30 години: Еве што пишува на познатата плоча во „Super Mario 64“ (ВИДЕО)Децениските гласини се побиени, а заматениот текст од култниот класик на „Nintendo“ е дешифриран со помош на специјална програма.Еден јутјубер тврди дека конечно ја решил една од најголемите мистерии во „Super Mario 64“ – речиси 30 години по неговото објавување – со што, веројатно, става крај на децениските шпекулации поврзани со Луиџи. Објавена во 1996 година, „Super Mario 64“ остана ризница на тајни и теории од обожавателите, при што играчите продолжуваат да откриваат нови детали дури и децении подоцна. Една од најпознатите мистерии се однесува на мала плоча под статуа на ѕвезда во дворот на замокот на принцезата Пич. Заматениот текст долго време се толкуваше како „L is real 2401“, што поттикна теории дека Луиџи може тајно да се игра во овој класик за „Nintendo 64“, или дека текстот е остаток од времето кога ликот бил планиран за вклучување во играта, но подоцна бил отфрлен. Сепак, јутјуберот „mochi64“ верува дека конечно го „дешифрирал кодот“, откривајќи дека вистинската порака нема никаква врска со братот на Марио. Во видео на „YouTube“, „mochi64“ објаснува дека текстурата на плочата има димензии од само 32×32 пиксели, поради што буквите се речиси невозможно да се дешифрираат со голо око. Наместо да се обидува да ја подобри заматената слика, авторот создал програма дизајнирана да го рекреира методот што уметник од „Nintendo“ можеби го користел за да ја изработи таа текстура уште во 1996 година. Процесот вклучувал тестирање на приближно 530 фонтови, заедно со милиони комбинации на зборови, растојанија меѓу буквите, димензии на сликата и техники за промена на големината, за да се утврди кој пристап дава најблизок резултат. Откако го стеснил изборот на фонтот на верзијата на „Palatino Bold Italic“ од „Adobe“ од 1990 година, програмата го идентификувала она што „mochi64“ верува дека е вистинскиот натпис: „Eternal Star. We hope so.“ („Вечна ѕвезда. Се надеваме на тоа.“) Првата линија текст беше утврдена по тестирање на над 27.000 зборови, додека посебно пребарување, кое опфати повеќе од 17.000 англиски зборови, покажа дека „We hope so“ (Се надеваме на тоа) најдобро одговара за втората линија. Според авторот, добро познатата теорија „L is real 2401“ се покажа приближно двојно полошо во споредба со оригиналната текстура. Ова откритие конечно би можело да стави крај на шпекулациите дека плочата содржела упатства за отклучување на Луиџи — иако братот на Марио, всушност, навистина бил планиран да се појави во „Super Mario 64“. Всушност, Шигеру Мијамото претходно потврди дека Луиџи првично бил вклучен во играта како дел од планиран режим за повеќе играчи, но бил отстранет поради ограничувања во меморијата. „Mochi64“, исто така, ги објави кодот и податоците од проектот, како и извештај од 40 страници на „GitHub“, овозможувајќи им на другите играчи самите да ги проверат овие наоди. Иако „Nintendo“ сè уште официјално не го потврди ова, откритието претставува уште еден пример за тоа како фановите продолжуваат да откриваат тајни во игра стара речиси 30 години. Во 2025 година, еден друг јутјубер откри скриен звучен ефект во „Super Mario 64“, на кој му се потребни 14 месеци за целосно да се репродуцира. Неодамна, еден програмер дури успеа да ја стартува „Super Mario 64“ на оригинален хардвер од конзолата „SNES“ — речиси три децении откако играта помогна да се дефинира жанрот на „3D“ платформски игри. Извор: Б92Тагови: Super Mario 64 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook