Државниот завод за ревизија пред комплетна блокада

Државниот завод за ревизија пред комплетна блокада. Институцијата која го контролира материјалното и организациско работење на државните органи и политички партии, веќе извесен период е без прв човек.

Вработените преку писмо бараат „спас.“„Со континуирано одлагање на избор на главен ревизор уште еднаш укажуваме дека институцијата се соочува да биде комплетно блокирана на неопределено време, што ќе доведе до немање контрола врз трошењето на јавните пари.“ стои во писмото адресирано до сите највисоки чинители во политиката.

Велат дека заводот веќе не може да влезе во ниедна државна институција за да изврши надзор во нејзиното финансиско работење, а и самите вработени би останеле без плата и социјално и здравствено осигурување.

“Извесно е дека ќе се организираат предвремени парламентарни избори, за што согласно Изборното законодавство, ДЗР има важна улога во реализирање на истите, а нема да биде во можност да ги исполни.“ пишува меѓудругото во писмото, на кое стои потпис од 66 вработени.

Изборот за прв човек на ДЗР веќе извесен период е заглавен во комисијата за избори и именувања. Членовите досега никако не успејаа да се усогласат кој да ја преземе челната позиција. Претседателот Илија Димовски, кој, во понеделникот на собраниската седница, истакна дека меѓупартиските консултации течат и доколку се оди во најдобар ред, до крајот на оваа недела би можел да биде избран нов државен ревизор.

Инаку ДЗР веќе 2 години е без прв човек, откако во 2017тата истече мандатот на главниот државен ревизор Тања Таневска. Изминатите две години со институцијата раководеше заменикот Насер Адеми, но и неговиот мандат истече пред скоро три недели.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер