САД го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО (ВИДЕО)

Сенатот на САД вечерва со 91 глас за и 2 против ,го изгласа протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Претседателот Стево Пендаровски им се заблагодари на САД и напиша дека стратешкото партнерство продолжува.

-Благодарност до САД за ратификацијата на Протоколот за нашето членство во #НАТО во Сенатот. Стратешкото партнерство САД-Северна Македонија продолжува во Алијансата придонесувајќи за глобалната стабилност и безбедност. #WEARENATO, напиша Пендаровски.

Уште четири земји остануваат да го ратификуваат Протоколот за земајва  и официјално да стане членка на НАТО.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и јас лично подржувам се што е добро и за Македонија и за Бугарија

Мицкоски ги урна лажните вести на владата: Гоце Делчев и јазикот се Македонски.

-Синоќа ја завршивте овде средбата во арена Загреб, тет а тет средба со господинот Бојко Борисов, излезе едно видео тој го објави лично на неговиот профил на социјалната мрежа, а се однесува на договорот кој Македонија го има потпишано со Бугарија. Кој е вашиот став за договорот, бидејќи многу информации?

Нашиот став е познат, тој е непроменет, многу пати повторен во минатото и како политичка партија, како ВМРО-ДПМНЕ, она што беше моја изјава којашто ја рефлектирав вчера беше дека ВМРО-ДПМНЕ и јас лично подржувам се што е добро и за Македонија и за Бугарија, имавме контруктивна средба со господинот Борисов, разговаравме за изградба на автопатишта, железничка пруга, железничко поврзување  помеѓу двете земји. Разговаравме за енергетско поврзување, продлабочување на научната соработка помеѓу универзитетите од двете држави, разговараме за побрзо интензивирање и отварање на граничниот прекин „Клепало“. И сето она коешто значи добро и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Бугарија.

Истовремено на средбата стана збор и за онаа Резолуција којашто се однесува на негирање на посебноста на македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев и тоа не е добро и тоа не можам да го подржам и никогаш нема да го подржам, македонскиот јазик е кодофициран и меѓународно признат 1977 година, тука немаме дилеми ниту пак јас, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ. Така што она што е добро коешто ги поврзува македонските граѓани и граѓаните на Бугарија го подржуваме, она што е спротивно на интересите на македонските граѓани, Македонија ние не можеме да го подржиме, како што е прашањето поврзано со македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев итн.

Но, забележлива е нервозата кај владата во заминување, кај премиерот во заминување господинот Заев па потрчаа оние скапо платени пи-ар пера да ја искриват вистината и практично лажни вести да рефлектираат во македонската јавност: Она кое што е важно е дека и оваа лажна вест им се распрсна како меур од сапуница. Тие нека продолжат да измислуваат лажни вести, а ние ќе продолжиме  да работиме, одговори лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Пет лица загинаа во Италија во фабрика за огномети

Пет лица загинаа, а две се тешко повредени во експлозија во фабрика за петарди и огномет што се случи синоќа во италијанското гратче Барселона Поцо Ди Гото.

Експлозијата била предизвикана од работници кои во магацинот невнимателно ракувале со апарат за заварување.

Меѓу жртвите е и 71-годишната сопруга на сопственикот на малата семејна фабрика во гратчето Барселона Поцо ди Гото, лоцирано на 25 километри од Месина.

Нејзиниот син, кој сакал да ја спаси мајка си, е тешко повреден и заврши во болница. Во слични мали фабрики ширум Италија од 2000 година вкупно  68 лица досега ги загубиле животите.

Општина Гевгелија продава градежни парцели за куќи и згради

Осум градежни парцели за индивидуални станбени куќи и згради ќе продаде Општина Гевгелија по пат на електронско јавно наддавање кое ќе се одржи идниот месец, потврдија денеска од надлежната општинска служба.

Од нив, шест градежни парцели во населбата „Караорман" со корисна површина од 335 до 537 метри квадратни ќе бидат намемети за изградба на индивидуални куќи и ќе се продаваат по почетна цена од 61 денар за квадрат.

Двете парцели наменети за станбени згради со површини од 1.078 и 1.616 квадратни метри се наоѓаат во близина на новиот градски пазар во Гевгелија и за нив почетната продажна цена ќе изнесува 2.570 денари за квадрат.

Пријавите за учество на електронското јавно наддавање треба да се достават најдоцна до 10 декември за станбените куќи и до 23 декември за станбените згради, а лицитациите ќе се одржат на 12 и 25 декември. 

притисни ентер