Грчката полиција изнесе малолетници од кино на филмот „Џокер“

Во Грција изби широка полемика зошто полицијата минатиот викенд изнела малолетници од две кина во Атина, во кои се прикажувал американскиот блокбастер „Џокер“.

Филм кој носи ознака „само за возрасни“, а родителите биле предупредени дека можат да бидат казнети.

Во центарот на контроверзиите е стравот од последиците од гледањето на сцените на насилство врз децата. До интервенции на полицијата дошло по пријава на службеници од министерството за култура, кои биле присутни во кината, се наведува во соопштението од полицијата.

Во Грција официјално филмот „Џокер“ е забранет за лица помлади од 18 години

притисни ентер