МОН чека одговор од СОНК за понудените 10 отсто на платите во образованието од април

Министерот за образование и наука Арбер Адеми изјави дека го чека одговорот од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за предлогот платите во образованието да бидат зголемени за нови 10 отсто од април 2020 година.

На СОНК тоа му беше предложено на 8 октомври на средба во Владата помеѓу премиерот Зоран Заев и министерот Адеми со лидерот на СОНК, Јаким Неделков. Синдикатот соопшти дека ќе одговорат откако ќе ги добијат мислењата од членството преку нивните регионални организации. Се очекува конечната одлука да биде донесена на седница на Советот на СОНК овој петок.

-Очекувам од СОНК финален одговор, па да седнеме заедно, зашто само со дијалог ќе дојдеме до решение, а дијалогот не недостасува. Имаме одличен социјален дијалог. СОНК е еден од нашите најголеми партнери – и при креирање на политиките и реформите, и при нивната имплементација. Ќе бидеме во комуникација и со разумен дијалог ќе можеме да најдеме решение за каков било предизвик. Покачувањето од април што го предложи Владата е усвоено и како информација на владина седница. Ние придонесовме за историско најголемо покачување досега на платите во дејноста образование, изјави министерот Адеми денеска, одговарајќи на новинарски прашања пред состанокот на работната група за концептот за инклузивно образование.

Во првата изјава по предлогот од Владата, претседателот на СОНК Неделков рече дека според првичните реакции, членовите не се задоволни што зголемувањето ќе биде 10, а не 25 отсто како што бараат тие. Сметаат и дека зголемувањето треба да биде од 1 јануари, а не од април.

Во изјава за медиумите министерот Адеми го коментираше и денешниот протест од еден час најавен од студенти и професори од Институт за хемија на Природно-математичкиот факултет, кои бараат подобри услови за работа и вработување млад кадар. Рече дека за овој Институт имаат доставено барање до Министерството за фианснии за нови вработувања.

-Во континуитет даваме согласности за високообразовните установи, вклучувајќи го и УКИМ. Од тој Институт сме имале барања и сме дале согласност. Се работи за двајца асистенти и за тројца виши лаборанти и очекуваме Министерството за финансии позитивно да одговори на барањето. Се согласувам дека и тоа не е доволно и секогаш може подобро и повеќе да е направи. Се надевам дека предизвиците од овој карактер ќе бидат надминати секаде, не само во Институтот за хемија, туку во сите универзитетски единици, додаде Адеми. /МИА

Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатната линија 0800 54321

Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право кај народниот правобранител на бесплатната  линија 0800 54321

Денеска како што информираа од Јавното обвинителство граѓаните можат да пријавуваат секакви сомненија за кривични дела поврзани со изборите на електронска адреса .

Граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право кај Народниот правобранител на бесплатната телефонска линија 0800 54321, како и лично во канцелариите на омбудсманот.

Граѓаните можат да пријавуваат секакви сомненија за кривични дела поврзани со изборите на [email protected]

Под 5 проценти е излезноста до 09:00 часот во Македонска Каменица

Во Македонска Каменица до 09:00 часот од вкупно 6652 гласачи за вториот круг од претседателските избори гласале 332 избирачи.

Како што информираа од тамошната ОИК, бројката е слична и за парламентарните избори на кои своето право на глас, од 6641 граѓани гласале 331 лице.

- Во проценти до 09:00 часот бројката за вториот круг од претседателски избори изнесува 4,99 проценти, додека таа бројка за парламентарни избори изнесува 4,98 проценти, појаснија од ОИК.

Во оваа општина избирачките места, како што информираат од ОИК, биле отворени навреме, а гласањето се одвива во најдобар ред.

Претседателски и парламентарни избори 2024

Специјално отворено студио на Канал 5. Информации, анализи, директни вклучувања…

Кој ќе биде новиот македонски претседател? Која партија ќе биде најбројна во парламентот? Кои се можните постизборни комбинаторики. Над 10 политички експери ќе ги анализираат резултатите и кои се идните сценарија…

Горан Момироски, Љупчо Зиков, Драган Павловиќ, Љуљзим Фаризи, Зоран Бојаровски, Јован Донев, Никола Пановски, Петар Арсовски, Срѓан Керим, Борјан Јовановски, Алберт Муслиу.

Почнуваме веднаш по централните вести во 18 и 30 заедно со Александар Видиновски и Елизабета Галевска.

Вечерва „Македонија одлучува“ – специјално отвoрено студио - претседателски и парламентарни избори на Канал 5!

притисни ентер