Стопанската комора бара да се укине Законот за трговија на зелените пазари

 Стопанската комора на Македонија бара целосно да се укине Законот за трговија на зелените пазари, или пак да се интервенира со измени на останатите закони што ја регулират дејноста. 

Одложената примена на Законот донесена во февруари годинава истекува за два месеца. Со неговото стапување во сила, според комората, закупците на тезги би биле непотребно финансиски оптоварени со дополнителни два милиони евра на ниво на дејност во ситуација кога веќе се соочуваат со пад од 10 до 15 проценти на прометот на зелените пазари поради понудата во супер маркетите.

– Најголем проблем е предвиденото постоење на Комората на закупци на тезги којашто не само што го обременува нивното работење со документација, туку дополнително прави проблеми од финансиски аспект бидејќи повлекува финансиски трошоци на закупците на тезги кои се несоодветни и неприфатлови. Обременувањето на закупците на тезги директно ќе се одрази на работењето на организаторите на пазари, рече денеска на прес-конференција Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија, пренесувајќи го ставот на организаторите на пазари.

Работењето на зелените пазари во изминатите десет години, велат од комората, е регулирано со многу закони и прописи и станува беспредметно да постои посебен закон за трговија на зелени пазари затоа што тој не регулира ништо повеќе од она што е веќе регулирано, а дополнително наметнува обврски за закупците на тезги што не се познати во регонот и пошироко.

Според комората, последното законско решение е беспредметно вклучително и во делот на планираното воведување лиценци затоа што и регистрацијата што сака да се постигне и сега постои преку Управата за јавни приходи. Организаторите на пазари со постојните законски решенија се должни на месечно ниво да ја известуваат УЈП кој се има закупено тезга на зелените пазари врз основа на што се оданочуваат закупците. Тоа, укажуваат, треба да се стави во некоја форма, но во рамки на системот на државните институции бидејќи

– Се што е предвидено да функционира во Комора на закупци на тезги сега е регулирано и можеби треба да се преформулира во одреден сегмент и да остане во државните институции, а не надвор од институциите. Финансиското оптоварување на закупците на тезги преку она што треба да го прави и ќе биде овластена Комора на закупците е дополнителен трошок и апсолутно може да биде причина за излегување на дел од закупците на тезги надвор од пазарите, што пак значи намален промет на пазарите, намалени даноци и поттикнување на сивата економија и нелојална конкуренција надвор од зелените пазари. Согласно бројот на тезги, трошоците може да бидат и до два милиони евра на ниво на цела дејност односно тоа се пари што ќе треба да ги платат закупците, рече Михајловска Василевска.

Откако на предлог на група пратеници во февруари годинава Парламентот изгласа одложување на примената на новиот Закон, како што велат од комората, воопшто не биле повикани на состанок или на каква било консултација. Во овој требаше да бидат направени одредени усогласувања додека трае одложената примена на Законот, но, потенцираше Михајловска Василевска, тоа не се случи. Заклучно со мај требаше да се донесат потребните подзаконски акти, но тоа не се случи, вршењето на јавните овластувања што требаше да се применува од јануари 2020 година не се доделени, не е воспоставен регистарот каде треба да биде завршена целосната регистрација три месеци од почетокот на законот. Трговците веќе треба да имаат легитимација и да се определат условите како ќе може да се врши трговија на тезгите, наведе Михајловска Василевска.

Таа најави дека утре ќе имаат состанок со сите организатори на пазари и ќе со заедничкиот став се обратат до надлежните институции.

Според комората, сегашните законски решенија не го регулираат само предвиденото плаќање на придонесите за плата, но, како што велат, тоа може да се регулира со други закони, односно и без новиот Закон. За закупците, физички лица кои функционираат согласно со Законот за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност со Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија фискализацијата е одложена до влез на земјава во Европската унија.

Десетмина Србинки и Албанки се уапсени во Швајцарија- ги фатиле во рација во клуб

За време на рацијата во клуб во Сенвалд, кантоналната полиција на Сент Гален уапсила 20 лица, меѓу кои и генералниот директор.

Апсењата се пријавени поради кршење на законот за странци и интеграција, пренесува швајцарскиот весник на албанскиот Le canton27.ch, повикувајќи се на извори од кантоналната полиција.

Албанскиот весник „Ле Кантон“ од кантоналната полиција дознава дека се уапсени жени на возраст од 25 до 53 години, државјанки на Србија и Албанија. Со уапсените ќе постапува јавното обвинителство во кантонот Сент Гален.

Меѓу уапсените се и двајца генерални директори на клубот, Србин (49) и Црногорец (48), кои се осомничени дека нелегално вработувале државјани на трети земји.

При претресот, полицијата уапсила седум жени и еден маж, кои се сомничат дека илегално влегле во Швајцарија и работеле без валидна работна дозвола. Сега е потребно дополнително да се разјасни какви услуги давале пејачките и танчерките во клубот, изјавил портпаролот на полицијата за новинската агенција Keystone-SDA, пренесува Le Canton27.ch.

Да потсетиме, швајцарската полиција пред две недели спроведе слична акција во 13 локали и ноќни клубови во Цирих, при што беа приведени 47 лица, меѓу кои и албански пејачи. Полицијата запленила пиштоли, муниција и бејзбол палка.

Почина Афроамериканец во Охајо, откако полицаец му клечи врз вратот: Не можам да дишам (ВИДЕО)

Полицијата во американската сојузна држава Охајо објави видео од Афроамериканец кој починал во локалната болница откако постојано им велел на полицајците „не можам да дишам“ додека го држеле на подот од бар, притискајќи го со коленото врз вратот.

Полицијата во американската сојузна држава Охајо објави видео од Афроамериканец кој починал во локалната болница откако постојано им велел на полицајците „не можам да дишам“ додека го држеле на подот од бар, притискајќи го со коленото врз неговото грлото и му ставија лисици, потсетување на случајот со убиството на Џорџ Флојд во 2020 година.

Видеото, снимено со камера на телото на полицаецот, е објавено вчера од полициската управа на Кантон, на кое се гледа како полицајците приведуваат маж, 53-годишниот Френк Тајсон, под сомнение дека го напуштил местото на несреќата на 18 април.

Полициското одделение не било веднаш достапно да го коментира видеото, кое беше објавено на интернет од неколку локални медиуми, ниту да ги потврди деталите за инцидентот.

Видеото трае 36 минути и започнува со тоа што полицаец наидува на автомобил кој удрил во бандера, по што случаен минувач му кажува на полицаецот дека возачот побегнал во блиската кафеана.

Полицајците на видеото потоа влегуваат во барот, каде што го наоѓаат Тајсон како стои во барот. Дошло до расправија кога се обиделе да го грабнат за раце, а тој постојано викал „Се обидуваат да ме убијат“ и „Повикајте го шерифот“.

Полицајците го туркаат Тајсон на земја и му ставаат лисици. Еден од нив му го става коленото на грбот, во близина на вратот и го држи таму околу 30 секунди.

На видеото се слуша како Тајсон повторува „Не можам да дишам, не можам, тргни се од вратот“, додека полицаецот извикува „Смири се“ и „Добро си“ пред да стане.

На видеото потоа се гледа како Тајсон лежи неподвижен на подот околу шест минути, со лицето надолу, додека полицајците разговараат со газдите на барот.

Полицајците потоа го проверуваат Тајсон, кој не реагира. Се слуша како велат „Дали дише?“ и "Дали има пулс?"

Осум минути откако му ги ставиле лисиците, ги вадат и почнуваат со CPR. Болничарите потоа пристигнуваат и го носат Тајсон од барот на носилки до амбулантно возило, како што се гледа на видеото.

Тајсон починал во локалната болница, според телевизијата WKYC, филијалата на NBC во Кливленд. Ројтерс не можеле веднаш да го потврди извештајот. Официјалната причина за смртта се уште не е утврдена.

Инцидентот потсетува на случајот со друг Афроамериканец, Џорџ Флојд, и неговата смртоносна средба со полицијата во Минеаполис пред четири години. Видеото од убиството на Флојд, снимено на мобилен телефон, стана вирално на Интернет и доведе до серија протести против полициската бруталност и расизмот низ целата земја. На тоа видео, Дерек Шовин, бел полицаец, може да се види како клечи на вратот на Флојд повеќе од девет минути додека Флојд, моли за живот повторувајќи „Не можам да дишам“ пред да замолчи.

Трчал на Лондонскиот маратон и по пат испил 25 чаши вино- има 4 милиони прегледи (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири вирално видео од Лондонскиот маратон на кој еден од натпреварувачите е снимен како пие вино, чаша по чаша.

Том Гилбеј е трговец со вино и сега е вирална сензација откако објави видео што е прегледано повеќе од 4,2 милиони пати на TikTok, на кое се гледа како пие чаша вино на секои два километри што ќе ги истрча. За да си постави дополнителен предизвик, тој ги погодил видот на виното, земјата на потекло и бербата.

Изборот на вина бил разновиден, од оние што може да се купат на бензинските пумпи до врвните вина. Гилби ја заврши трката за четири часа и 41 минута, вклучително со застанувањата.

@tomgilbeywine AND WE’VE ONLY DONE A VIDEO … 26.2 miles 25 wines tasted blind 7 fully correct, 4 wrong & 14 mostly right Over £10k raised for @sobell.house Donation link still open in Bio …. BIG FAT THANK YOU ❤️ #londonmarathon #marathon #blindtasting #tomgilbey ♬ original sound - Tom Gilbey

„Бев целосно исцрпен, целосно сварен, но тоа беше одличен ден“, изјавил тој. Инаку, тој се одлучил на овој подвиг за да собере пари за својата хуманитарна институција Собел Хаус во Оксфорд, која се грижела за неговата мајка кога таа умирала, а тој успеал да собере 14.000 евра.

притисни ентер