Ципрас: Грција е отсутна од случувањата во соседството

Грција е отсутна од случувањата во соседството вака ја критикуваше владата на Мицотакис поранешниот премиер Ципрас.

На состанокот на Европскиот совет, (грчкиот премиер) тивко ги следеше Данска и Холандија да преговараат за иднината на Балканот. И сега со непријатност ја следи Италија, која предлага одново да започне пристапниот дијалог во ноември. Сигурен сум, колку јавно и да го кажува крајно контрадикторното дека треба да го почитуваме штетниот договор, истовремено ќе моли во соседната земја да не победат повторно националистите и го оспорат, меѓу другото, таканаречениот„срамен“ договор од преспа. Со овие работи, Грција за жал се враќа на улогата на статист во балканскиот регион. Малата Грција која ги следи иницијативите на трети – напиша Ципрас на Фејсбук.

„Volkswagen Taigo“ доаѓа во Европа

„Volkswagen“ уште минатата година својата гама на пазарот во Јужна Америка ја збогати со моделот наречен „Nivus“, додека сега ја прикажа и верзијата за европскиот пазар.

„VW Taigo“ во европските продажни салони ќе пристигне до крајот на годината, а ќе се произведува во Памплона, Шпанија, заедно со модлеите „Polo“ и „T-Cross“.

„Taigo“ е долг 4270мм, широк 1757мм, висок 1494мм, муѓуосовинскотот растојание е 2566мм, а багажнико тима капацитет од 438 литри.

Во Европа ќе се нудат само „TSI“ бензинци со преден погон, додека дизел и хибридни верзии нема да има во понудата.

Во понудата се присутни турбо бензински мотори со 95, 110 и 150 коњски сили. А во зависност од моторот ќе се вградудваат мануелни менувачи со 7 и 6 брзини, како и 7 степен роботизиран автоматски менувач со двојно квачило.

-„Taigo“ ќе биде опремен со економични „TSI“ мотори, стандардни „LED“ фарово, целосно дигитализиран кокпит и многу системи за помош на возачот, велат од германскиот автомобилски гигант.

Масовно посетен фестивалот Лолапалуза во Чикаго

Експертите загрижени поради ширењето на вирусот

Лолапалуза, еден од најголемите музички фестивали во САД, започна денеска во Чикаго со масовна посетеност на десетици илјади фанови, но здравствените експерти во земјата во настанот гледаат голема опасност, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Градските власти до последен момент, до мај, не знаеја дали да се одобри, но, сепак, решија фестивалот да оди во полн формат.

Експертите сметаат дека фестивалот може да биде „супер ширител" на коронавирусот во тесно насобраните големи групи пред сцените.

Четиридневниот фестивал се очекува да биде најмасовно посетен настан во САД по избувнувањето на пандемијата лани.

На настанот, кој се одржува во чикашкиот Грант парк, ќе настапат 170 музички бендови на осум сцени и се очекува да дојдат околу 100.000 посетители.

При влез организаторите бараат доказ за вакцинација или негативен коронавирус тест за невакцинираните. Невакцинираните мора да носат маски насекаде.

Загриженоста кај градските власти е поголема со ширењето на позаразниот Делта сој, што може лесно да се појави во вакви собрани големи групи, без разлика што се на отворено.

Летните музичи фестивали беа целосно одминати во САД во екот на пандемијата лани, но за радост на многумина ова лето повторно се организираат со зголемениот број вакцинации и олабавените мерки во повеќе држави. Сепак, експертите предупредуваат дека поотпорниот Делта сој, кој се појави во сите 50 држави, може лесно да избувне во масовно посетените концерти во живо кои можат да станат „супер ширители".

Тоа е возможно дури и во добро проветрени места под отворено небо. Постои загриженост дека посетителите на концертите нема да го држат потребното физичко растојание кога се прават големи метежи и кога сите танцуваат, пеат или пијат. Ризици постојат на места како влезови, чекање пред тоалети или местата најблиску до сцената каде луѓето се собираат во мошне тесен простор и се туркаат еден со друг.

Лори Лајтфуд, градоначалничката на Чикаго, на Твитер соопшти: „Сакаме да се забавувате, но ве молам почитувајте ги правилата и условите и продолжете да го заштитувате Чикаго".

Големи пожари во Турција, загинале три лица

Шумските пожари се ширан кон подрачјата во близина на туристичките места на југот од Турција, при што загинале три лица, а десетици села се евакуирани, пишуваат турските медиуми.

Жариштата на пожарите што избиле во шумите во Манавгат, Аланија, Адана, Мерсин, Бодрум и Мармарис, во близина на туристички места во јужна Турција, брзо се прошириле на населените места поради силните ветрови.

Во пожарите животот го загубиле три лица, меѓу кои 82-годишен маж кој не успеа да избега од својот дом.

притисни ентер