Јавно обвинителството: Неточни и непроверени фактите во текстот на „Ла Верита"

 „Искри помеѓу Париз и Берлин поради Скопје. Канцеларката пробува да го спаси Заев".

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција преку соопштение ги демантира наводите изнесени денеска во италијанскиот весник „Ла Верита" во текстот под наслов „Искри помеѓу Париз и Берлин поради Скопје. Канцеларката пробува да го спаси Заев".

-Невистинитите и непроверените факти во текстот освен како моментална сензација за непознавачите на состојбите во нашата држава, не придонесуваат во остварување на каква и да е друга цел. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во неколку наврати укажа дека само официјално добиените информации од обвинителството се веродостојни, што не е случај со објавениот текст, соопшти службата за односи со јавност на Јавното обвинителството на Република Македонија.

Во однос на наводите во текстот дека висок функционер на политичка партија, со носечка функција во Собранието на Македонија е во куќен притвор, Обвинителството вели дека е точно оти со новоотворената истражна постапка е опфатен и тој функционер, но нагласува дека за него по предлог на обвинителството се изречени алтернативни мерки за обезбедување. Тоа значи одземање на патна исправа, забрана за напуштање на живеалиште и престојувалиште и јавување во судот еднаш неделно.

-Понатаму во текстот се вели дека од Управата за финансиско разузнавање е добиена потврда за фактот дека врз база на сомнение за незаконски дејствија во ноември 2018 година е замрзнато плаќањето на 750.000 евра извршено во корист на физичко лице поврзано со хуманитарна организација против која обвинителството води истражна постапка. Во продолжение е истакнато дека без ниту една дополнителна истражна активност парите биле префрлени на сметката на примателот во следните 48 часа по наредба на сегашниот Основен јавен обвинител Вилма Русковска. Во однос на ова, обвинителството цени дека јавноста треба да го има предвид фактот дека Управата за финансиско разузнавање кон крајот на 2017 година до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави иницијатива за сомнителни трансакции во износ од 719.000 евра, стои во соопштението.

По оваа иницијатива, дополнува Обвинителството, постапуваше надлежен обвинител и донесе Наредба за замрзнување на средствата, како и наредба по која постапуваше Управата за финансиска полиција. По добиените известувања од Управата за финансиска полиција дека нема основи за сомневање за извршената трансакција, на 12.4.2018 година средствата беа одмрзнати и според наши сознанија подигнати наредниот ден (13.4.2018 година). Советот на јавни обвинители на 14.11.2018 година, седум месеци по подигнувањето на средствата, Вилма Русковска ја избра за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, стои во демантот.

Обвинителот што се споменува во текстот, објаснува Јавното обвинителство, е дел од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и негова должност и обврска е да соработува и одговара како пред Основниот јавен обвинител, така и пред Јавниот обвинител на РС Македонија. Наводите изнесени во текстот на „Ла Верита" за наводно негово сведочење пред Јавниот обвинител не ја отсликуваат вистината.

-Водејќи се од големиот интерес на јавноста, но и од сензитивноста на предметите, особено оние што се водат во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, обвинителството секојдневно настојува во рамките на можностите да сподели детали што нема да наштетат на истрагите, а на јавноста ќе и овозможат да има реална слика за текот на постапките. Со објавување на ваков вид на текстови и тоа во странски медиуми се повредува пресумпцијата на невиност, се загрозуваат животи на инволвираните лица и воопшто сe отежнува текот на постапките. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и укажува на јавноста дека ваквите непроверени информации со ограничена цел, нема да влијаат врз решеноста на обвинителството професионално и неселективно да ја врши својата уставно определена надлежност и да и застане на патот на корупцијата, стои во демантот.

Претходно во изјава за МИА државниот обвинител Љубомир Јовески ги означи како чиста шпекулација наводите што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита", наведувајќи меѓу останатото дека во периодот за којшто пишува весникот Русковска не била раководител на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

-Тоа е чиста шпекулација затоа што во тој период ниту Русковска била раководител на Обвинителствотото за гонење на организиран криминал и корупција, ниту пак има вистина во тоа кој и како се јавувал и за што се јавувал, изјави за МИА Јовески. /МИА

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во ОН

Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг на средбата со францускиот колега Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Париз.

На 10 мај се очекува итна специјална седница на Генералното собрание на ОН на тема прием на Палестина во Обединетите нации.

Палестина има статус на набљудувач во ОН, додека Израел е полноправна членка на организацијата од 1948 година.

Во општина Чашка-Велешко приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори

Две лица од село Мелница во општина Чашка, се приведени попладнево поради основи на сомнение за поткуп при избори, откако по направени претреси во нивните домови се пронајдени оружје, пари и списоци за гласање.

Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес попладнево во 15:20 часот го лишиле од слобода 52-годишниот И.И. од село Мелница, Општина Чашка.

Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело „поткуп при избори и гласање" по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол „Застава" со две рамки, 58 куршуми и 4 зрна-испукани проектили кои ги поседувал без дозвола, како и копија од преглед на гласачи за изборно место во Чашка. И.И. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така, денеска, во 17:00 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода 50-годишниот А.Ч. од село Мелница, Oпштина Чашка, информира вечерва Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Имено при претрес во неговиот дом извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело „поткуп при избори и гласање" по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол „Валтер" со една рамка, еден пиштол „Црвена застава", еден пиштол „Бул" со една рамка, 139 куршуми, мобилен телефон, 986.670 денари во разни апоени и 2.325 евра во разни апоени.

А.Ч. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, наведуваат од СВР Велес.

Претходно, вечерва, Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 3 објави статус на неговиот Фејсбук профил за обид за поткуп на гласачи од страна на активисти на ДУИ.

-Лудилото со поткуп од страна на ДУИ и СДС не застанува. Штотуку ме информираа дека кај активисти на ДУИ било пронајдено оружје, биле пронајдени пари и биле пронајдени списоци за гласање. Истите биле лишени од слобода, пишува Ковачки.

Тој ги повика граѓаните да излезат масовно на избори, а за активистите на ДУИ дека ќе одговараат за поткуп за што следува казна затвор.

Си Џинпинг на средбата со Макрон: Кина и Франција да се држат до заедничките придобивки

Си додаде дека двете земји треба да се спротивстават на изградбата на „ѕидови и бариери“.

Кинескиот претседател Си Џинпинг за време на разговорите со неговиот француски колега Емануел Макрон во Париз, рече дека Кина и Франција треба да се држат до „заедничките придобивки“ и заеднички да се спротивстават на одвојувањето и разбивањето на индустриските синџири и синџирите на снабдување, пренесоа кинеските медиуми.

Си додаде дека двете земји треба да се спротивстават на изградбата на „ѕидови и бариери“.

Кинескиот лидер изјави дека Европа е важен партнер во модернизацијата на Кина, додека Макрон рече дека евро-кинескиот дијалог е понеопходен од кога било поради меѓународната ситуација.

„Координацијата“ со Кина за Украина и Блискиот Исток е одлучувачка“, рече францускиот претседател во воведната изјава пред средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и Си Џинпинг.

Тој изјави дека се залага за „фер правила за сите“ кога е во прашање кинеско-европската трговија.

притисни ентер