Хаос во Барселона : Протестираат и приврзаниците и противниците на независна Каталонија (ВИДЕО)

Полицијата очекува долга ноќ во Барселона и судири меѓу двете големи групи кои протестираат – приврзаниците и противниците на независноста на Каталонија.

Одборите за одбрана на Републиката (ЦДР), каталонска организација на застапници за независност, кои изминативе два дена насилно протестираа, организираа нов масовен протест во центарот на главниот град Барселона.

Во изминатите два дена тие оставија зад себе неколку запалени автомобили,барикади, а вчеравечер ја гаѓаа каталонската полиција со молотови коктели кога беа запрени на патот кон зградата на полицијата на Каталонија, каде сакаа да протестираат.

Тие бараат ослободување на затворените лидери на Каталонија осудени во понеделникот на затворски казни меѓу 9 и 13 години, поради референдумот за независност прогласена во 2017 година и заминување на шпанската полиција од Каталонија.

Од понеделникот, околу 250 луѓе се повредени во судирите со полицијата. Шпанскиот министер за внатрешни работи денеска објави дека 194 полицајци биле повредени во последните три дена. Приведени се 94 лица.

Попладнево, пак, групите за интегритет на Шпанија во другиот дел од градот излегоа на улиците во немири кои се одвиваа од понеделник.

 „На нив, кон нив“ и „Јас сум Шпанец, Шпанец“, викаат тие, носејќи шпански знамиња, додека полицијата мораше да ги смири со палки, а беа запалени и димни бомби. Припадниците на специјалната полиција се обидува да го спречи контактот на двете спротивставени групи демонстранти.


Климатските промени до 2050. ќе ја чинат светската економија илјадници милијарди долари

Климатските промени до средината на овој век, глобалната економија би можела директно да ги чини 7 900  милијарди американски долари преку бавен раст и загрозена инфраструктура заради честите суши, поплави и лошите приноси.

Индексот за отпорност на климата го објави  Economist Intelligence Unit (EIU)  и ја мери подготвеноста на 82 најголеми светски економии да се справат со климатските промени. Анализата ја проценува нивната директна изложеност на загуби како резултат на честите екстремни временски прилики што се резултат на овие промени.

Истражувањето покажа дека, според сегашните трендови, глобалната економија ќе има намалена вредност за околу 3 проценти до 2050 година, како резултат на ефектите од затоплувањето.

Аналитичарите пресметале дека со зголемувањето на температурата, глобалната економија ќе достигне 250 000 милијарди американски долари во 2050 година, во однос на  258 000 милијарди американски долари колку што би вредела доколку не би се појавиле негативните влијанија на климата.

Африка, чиј БДП би можел да падне за 4,7 проценти до средината на век, е најголемата закана, според ЕИУ.

Помалку развиените земји обично се помалку флексибилни од побогатите, заклучуваат тие.

САД, најголемата светска економија треба да бидат во групата земји со најмалку лоши последици, велат аналитичарите на ЕИУ, истакнувајќи дека актуелниот претседател Трамп ги потценува активистите против  климатските промени.

БДП на Русија,пак, ќе падне за 5 проценти до 2050 година, а земјата „ќе претрпи потешки последици од повеќето заради негативните ефекти од климатските промени“. Ова е точно дури и ако се земат предвид потенцијалните придобивки од зголемената земјоделска активност, посочуваат во анализата на ЕИУ.

Скандал на британскиот двор - Принцот Ендрју се повлекува од јавниот живот поради педофилска афера

Британскиот принц Ендрју објави дека се повлекува од јавниот живот, односно „се откажува од сите свои јавни должности во блиска иднина“.

Тој објави дека неговата поранешна афера со Џефри Епштајн станала голема непријатност за кралското семејство.

Принцот, исто така, побарал од неговата мајка, кралицата Елизабета Втора дозвола за да се повлече.

Принцот Ендрју се поврзуваше со педофилот Епштајн како учесник на забавите на Американецот , кои ги правел на острови и на кои имало голем број малолетни девојчиња , кои им ги набавувал на своите познати и богати клиенти. на една од овие забави учествувал и принцот Ендрју , а за тоа сведочење една од девојките , кои му ги исполнувале сексуланите желби на принцот. 

Дали конечно се дозна кој го нарача убиството на новинарката од Малта?

На својата јахта е уапсен еден од највлијателните луѓе на Малта во врска со истрагата за убиството на новинарката Дафне Каруан Галиција.

Бизнисменот Јорген Фенех е приведен откако полицијата ја запрела неговата јахта подалеку од медитеранскиот остров, соопшти извор од истрагата.

Фенех бил уапсен откако владата соопшти дека ќе му прости на човекот осомничен дека е медијатор во убиството на Каруана Галиција - ако каже кој го нарачал убиството.

Каруана Галиција, добро позната новинарка од Малта која истражувала корупција, беше убиена со автомобил-бомба додека го напуштила својот дом во близина на главниот град Валета во октомври 2017 година.

Убиството ја шокира Европа и отвори прашања за владеењето на правото на овој медитерански остров.

Тројца мажи ,осомничени за убиството беа уапсени во декември пред две години, но властите сè уште не утврдија кој е нарачателот.

Премиерот Џозеф Мускат изјави дека помилувањето е негова одлука и вети дека „ќе го преврти секој агол и сторителот нема да помине неказнет, ​кој и да е“.

Јорген Фенех е директор и сосопственик на деловна групација која доби голема енергетска концесија од Малтешката држава во 2013 година за изградба на рафинерија за бензин на островот.

Неговата луксузна јахта ја напуштила марината Портомозо, осум километри од Валета, нешто пред мугрите.

Полицијата го запрела бродот и го присилила да се врати во пристаништето.

Во февруари 2017 година, осум месеци пред да биде убиена, Каруана Галиција на својот блог пишувала за тајна компанија во Дубаи, наречена 17 Black Limited, наводно поврзана со малтешки политичари, но не објави докази.

Таа не можеше да открие кој е сопственик на компанијата. Истрагата на Ројтерс подоцна го идентификуваше Фенех како сопственикот.

притисни ентер