Земјоделци од Струмица и Радовиш се обучуваат за современо земјоделство - Канал 5

Земјоделци од Струмица и Радовиш се обучуваат за современо земјоделство

 Во Радовиш и Струмица започна третиот циклус на обуки за земјоделци-кандидати за грантови за воведување на современи агроеколошки мерки во рамките на проектот за управување со сливот на река Струмица.

Земјоделци од Струмица и Радовиш се обучуваат за современо земјоделство

Проектот го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, општините од сливот и други релевантни институции, а е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

-За учество на обуките избрани се 80 земјоделски производители, градинари и овоштари кои ќе следат специјализирани обуки за земјоделско производство, а од нив ќе бидат избрани 50 грантисти – 20 за овоштарство и 30 за градинарство, информираат од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Грантистите ќе бидат избрани преку спроведување на тест на знаење и оние со најмногу бодови ќе бидат добитници на грант во опрема и материјали потребни за примена на предвидените агроеколошки мерки во висина од 300 илјади денари.

Обуките се организираат во октомври и ноември, додека тестирањето ќе се организира во текот на декември 2019 година.

Спроведувањето на активностите за воведување на современи, агроеколошки мерки има за цел зголемување на конкурентноста на земјоделското производство во регионот и намалување на неговото влијание врз животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мексиканец пристигнал на аеродром во Германија со полн куфер отровни змии (ВИДЕО)

На аеродромот Келн-Бон, царинските службеници запреа човек кој се обидуваше да прошверцува повеќе од 90 гуштери и отровни змии во својот багаж. 

Мексиканец пристигнал на аеродром во Германија со полн куфер отровни змии (ВИДЕО)

45-годишниот мексикански пожарникар изгледаше „забележително нервозен“ додека минуваше низ зелениот коридор, наменет за патници кои немаат стока за пријавување, објавува Би-Би-Си.

Службениците прво го тестираа за дрога. Откако тестот беше позитивен за кокаин, го пребараа неговиот куфер. Не пронајдоа дрога во неговиот багаж, но пронајдоа отровници, ѕвечарки и други видови змии и гуштери, вклучувајќи и игуани, во шишиња од шампон и крем, пластични садови и ролни чорапи.

„Моите колеги на аеродромот се навикнати на секакви работи кога станува збор за сувенири во куфери, но никогаш не сме имале случај со 37 живи отровни змии и 55 гуштери од Мексико“, рече Јенс Аланд, портпарол на царинската служба во Келн. Аланд додаде дека некои од животните биле во нехумани услови. Некои починале за време на патувањето од Мексико Сити преку Истанбул.

Депортација и отстранување на животните

Човекот, чиј идентитет не е објавен, им кажал на службениците дека ги транспортира животните како услуга за познаник во Бразил. Му бил одбиен влез во Германија и бил вратен со авион во Истанбул. Преживеаните животни биле отстранети на фарма за змии во Германија.

„Минатата година имавме повеќе од 1.300 заплени низ целата земја, што вклучуваше повеќе од 56.600 заштитени животни и растенија или производи направени од нив“, изјави портпаролот на царината.

Пред шест години, царинските службеници пронајдоа 26 ретки влекачи, од кои десет беа мртви, на истиот аеродром скриени во пакети со играчки и слатки од Мексико. Животните биле наменети за приватни купувачи во Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицијата интервенирала поради кавга меѓу сосетки во Солун- се шокирале кога влегле во станот

Жена (54) е уапсена во Солун бидејќи во својот дом чувала повеќе од 200 домашни животни и домашни миленици, соопшти грчката полиција.

Полицијата интервенирала поради кавга меѓу сосетки во Солун- се шокирале кога влегле во станот

Жената вчера попладне завршила со лисици на рацете, по инцидент што го имала со Алжирка (35), при што ѝ се заканувала, по што на лице место пристигнала полицијата, пренесува Прототема.

Во истрагата што следела, полициските службеници од одделот Терме утврдиле дека Гркинката во својот стан чувала околу 120 кучиња, 70 мачки и десетина кози, без да им обезбеди удобно, здраво и соодветно домување, што ја загрозувало благосостојбата на животните.

Против неа е поднесена пријава за закани и кршење на законите за животните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маратонците, кои трчаат во чест на Тоше пристигнаа во Македонија, утре се во Крушево

Маратонците денеска пристигнаа во Скопје, а утре ќе бидат во Крушево. Трчаа од Нова Градишка каде на 16. Октомври 2007 година загина нашиот Тоше Проески. 

Маратонците, кои трчаат во чест на Тоше пристигнаа во Македонија, утре се во Крушево

„Нашите маратонци пристигнаа на граничниот премин Табановце и се упатија кон градскиот плоштад во Скопје каде што се очекува да пристигнат околу 19 часот.

Од таму преку детската улица Тоше Проески во Ново Лисиче продолжуваат накај Крушево.

ЗА ТОШЕ!“, објавија на ФБ од Здружението на граѓани „Игри без граници“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер