Гоце Делчев останува нерешено прашање за мешовитата македонско-бугарска комисија

Постигнат е мал напредок во разговорите на македонските и бугарските историчари и тоа само во делот на средновековната историја, додека ставовите по однос делото на Гоце Делчев остануваат дијаметрално спротивставени. 

Тоа е оценката од дводневната осма средба на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања на Македонија и Бугарија што се одржа во Охрид.

– Темите на разоворите беа учебниците за шести клас во Бугарија и за седмо одделение во Македонија, како и за Гоце Делчев. Во однос на учебниците направен е солиден чекор напред, со разгледување на нашите забелешки по однос бугарските учебници, и во добар дел успеавме да ги поминеме. Останаа уште две забелешки што ќе бидат разгледувани на следната средба. Останаа места околку кои не се согласивме, за кои и не мора да се согласиме, некои работи остануваат неприфатливи за една од страните. По однос разговорите посветени на Гоце Делчев не успеавме да постигнеме напредок во однос на претходната седница, изјави претседателот на македонска група во комисијата, директорот на Институтот за национална историја, професорот Драги Ѓорѓиев.

На состанокот имало предлози како да се формулира текстот, со шест седум предлози околу одредени дефиниции за Гоце Делчев, но не бил усогласена ниту почетна позиција.

– Можам да кажам дека во однос на Гоце Делчев денот беше целосно неплоден без каков било напредок, освен ако тука не се смета дека имаше дискусија, рече Ѓорѓиев.

Колкав напредок е направен во преговорите сликовито говори изјавата на копретседателот на бугарската група во комисијата Ангел Димитров, кој рече дека најдоброто од разговорите било тоа што средбата се одржала во Охрид.

– Постојат многу прашања што не се разјаснети, не се расчистени, не сме дошле до согласност, а се уште не сме почнале ниту да ги разгледуваме бугарските забелешки на учебниците во Северна Македонија. Ние имаме многу тврди, тврди забелешки. Навистина е тешко тука во подножјето на Самоиловите крепости што не успеавме да завршиме со прашањата од средновековието. По однос разговорите за Делчев тие беа без резултат, доста напрегнати, понекогаш и на работ на колегијално однесување, но тоа не е најважното, тоа е разбирливо кога има спротивставени ставови. Поважно е друго, кога сакаме да изготвиме заеднички текст, за да дадеме предлог за заедничко славење, ние треба да се обидеме максомално да ги надминеме постојните различности, рече Димитров.

Тој истакна дека бугарската страна е на став да се изготвни текст што нема да ги нагласува разликите, што е спротивно на македонската за која рече дека инсистира на различностите.

– Тоа за нас не е најдобар приод кога сакаме да разговараме за заедничко славање историски личности, за заедничка историја, рече Димитров.

Главното несогласување во разговорите било по однос инсистирањето на македонката страна во преамбулата на текстот да биде внесена посодржинско појаснување за важноста на Гоце Делчев, како една од најважните фигури и зошто би се славел заедно.

– Тука доаѓаат до израз различните историографски гледишта по однос Делчев и поради тоа доаѓа до несогласувања на членовите на комисијата. Тука засега е проблемот, се обидуваме со разни предлози тоа да го надминеме, појасни Ѓорѓиев.

Бугарскиот претставник со цврст став дека прашањето по однос Гоце Делчев бара јасен и недвосмислен одговор, односно дека одговорот на тоа прашање го дал самиот Делчев.

– Ние не тврдиме дека Делчев е Бугарин, тоа тој самиот го тврди. Ние само ги следиме фактите и ја гледаме документацијата во која не само тој туку и неговото семејство, најблиските негови соработници јасно и декларативно го декларираат неговиот идентитет, рече Димитров.

На новинарското прашање како може Делчев да се бори за независна Македонија, а не за бугарска територија во овој дел, Димитров рече дека тоа е неточен став, притоа истакнувајќи го бугарскиот историогафски став по прашањето дека Делчев се борел за автономија, во време кога дури ниту Бугарија не била независна држава.

– Нема да навлегуваме тука во лекции по историја, но вистината е таа дека Гоце Делчев и револуционерната организација се бори за автономија и тоа е навистина логично и прагматично, од политичка гледна точка политичка цел. А од тука натаму како ќе се одиваат нештата, тоа е доста сложено и ќе биде предмет на еден дел од разговорите, рече Димитров.

Следната средба на комисијата треба да се одржи во Бугарија, накаде кон крајот на идниот месец./МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување

Северна Кореја денеска потврди дека вчера тестирала балистичка ракета со нов систем за наведување, а на тестот присуствувал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

- Ким изрази задоволство по повод успешното тестирање на ракетата, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Јужнокорејската армија вчера соопшти дека Северна Кореја лансирала повеќе балистички проектили со краток дострел кон Источно Море.

Тестирањето се случи само еден ден откако САД и Јужна Кореја имаа заедничка вежба со стелт борбени авиони при што се симулираше борба во воздух. /МИА

Ново електрично возило ,,Грин Машинс”од велешки БРАКО претставено во Германија

На саемот ИФАТ во Германија претставено е ново електрично возило за чистење од Македонија. 

Велешката фирма БРАКО разви нов модел на свипер, односно електрична метларка за одржување хигиена. На саемот во Минхен електричните и хидрогенските возила на БРАКО од брендот Грин Машинс го привлекоа виманието на посетителите, главно општини, специјализирани претпријатија и компании за јавна хигиена.

Покрај постоечките возила за чистење на електричен и водороден погон од својот бренд Грин Машинс, велешки БРАКО во Минхен претстави ново возило целосно развиено од инженерите во БРАКО. Моделот 720 ZE работи со технологија од последната генерација, со вградени мотори во задните тркала и управување на сите четири тркала, има поголем контејнерски простор, 360◦ камера и помала тежина од конкурентските возила во својата категорија. Ова е осмо возило во програмата на Грин Машинс.

,, На овој саем гордо го претставуваме нашето портфолио, ја претставуваме првата електрична метларка во светот, првата метларка на хидрогенски погон, и сега нашето најново достигнување, моделот 720 ZE.

Ние сме особено горди што целиот развој на ова возило е направен во Македонија, од страна на нашиот тим од инженери. Тоа значи дека сите механички, дизајнерски и софтверски решенија се направени тому од нашиот тим”, рече Ангел Анѓушев-директор на ,,Грин Машинс’’ на БРАКО.

Во развојот свој придонес дадоа и експерти од Машинскиот факултет во Скопје.

Од Грин Машинс на БРАКО сметаат дека новото возило ќе отвори нови пазари, таму каде се бараат возила за чистење со овие перформанси. Досега македонските електрични метларки се продаваат во 60 држави и ги чистат сите светски метрополи.

Од БРАКО велат дека нивните електрични и хидрогенски возила се поквалитети и поевтини од тие на светската конкуренција, и затоа успеваат успешно да се борат со американски, германски и француски производители. Додаваат и дека е полесно да се развие и произведе патничко возило, отколку возило за чистење - кое треба да се направи и да вози и да извршува задачи, соопштуваат од компанијата .

притисни ентер