Заменик министерот за здравство Асим Муса поднесе оставка - Канал 5

Заменик министерот за здравство Асим Муса поднесе оставка

Струшкото јавно обвинителство ќе го истражува случајот со митото на заменик министерот за здравство Асим Муса. 

Заменик министерот за здравство Асим Муса поднесе оставка

Веќе е отворен предмет, а во предистражната постапка обвинителството ќе ги бара оригиналните снимки од албанската телевизија Топ ченел кадешто беше објавена снимка во која се тврди дека тој бара поткуп од 1.000 евра, за да направи операција на пациент од Албанија во земјава, кој е, според тврдењата, новинар со прикриен идентитет.

По бројните реакции Муса денеска поднесе оставка, но прес-конференцијата на која ја соопшти одлуката се сведе само на негова изјава, бидејќи ги избегна новинарските прашања. Тврди дека станува збор за стапица, како и медиумска и политичка хајка со бомбастични наслови за да се наруши неговиот интегритет.

ДУИ ја поздравува оставката на заменик министерот за здравство Муса, изјави Артан Груби по одлуката. Прашан дали дали верува во тврдењата на Муса дека е наместен и не е виновен, Груби рече дека тоа прашање веќе е апсолвирано.

Министерот за здравство Венко Филипче јавно ја осуди постапката на заменик министерот во оставка.

По оставката на Муса реагираа и од Алијансата за Албанците од каде побараа правна разрешница и одговорност од владата и од ДУИ.

Инаку, на видеото кое го објави албанската Топ Ченел се гледа како заменик министерот се пазари со пациентот, односно со новинарот, како бара 1.000 евра, а како аванс зема 50 евра. По состанокот во Институтот за нефрологија во Струга, тој и „пациентот“ го одредуваат денот на операцијата.

Муса бил три години директор на две болници во Струга. Две години во општата болница и една година во болницата за нефрологија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче ја мрази Македонија, треба да се извини што лажеше за прославата за независност

Очигледно дека Венко Филипче ја мрази Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче ја мрази Македонија, треба да се извини што лажеше за прославата за независност

Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата.

Сите факти се на маса и сите конструкции паднаа. По обелоденувањето на информациите поврзани со проектот за одбележување на 35 години независност, јасно е дека нема ништо спорно и ништо незаконски.

Венко Филипче и СДС со денови ја лажеа јавноста, создаваа афери таму каде што ги нема и преку своите контролирани пера организираа хајка против луѓе и уметници. Сега, кога фактите ја разобличија нивната приказна, најмалку што можат да направат е јавно да се извинат.

Но оваа измислена афера откри нешто многу поголемо – на Филипче и СДС им пречи сè што создава чувство на гордост и припадност кон Македонија. Им пречи одбележувањето на независноста, им пречи кога народот е горд, им пречи кога Македонија слави сопствени успеси и сопствена историја.

Затоа нивната политика сè повеќе се претвора во антимакедонска матрица во која секој национален успех треба да биде омаловажен, секоја прослава да биде претворена во скандал, а секој човек кој не се вклопува во нивниот наратив да биде изложен на организирана хајка.

Особено лицемерно е однесувањето на Филипче. Во едната половина од денот измислува борба против некаква негова измислена „српска свест“, а во другата половина застанува во одбрана на турбо-фолкот и неговото присуство. Денес едно, утре друго – единствениот принцип е политичката корист.

Тоа не е политика на принципи, туку политика на конфузија, двојни стандарди и немоќ. И токму затоа Филипче толку лесно самиот се препознава кога ќе се спомене талогот. Не затоа што некој го посочил, туку затоа што политиката на лаги, конструкции, хајки и омаловажување на сопствената држава сама го пронаоѓа своето место.

Фактите победија, лагите паднаа.

А талогот, колку и да е гласен, на крајот секогаш останува на дното.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)

Ноќеска избувнал голем пожар во скопската населба Шуто Оризари, изгорени се неколку дуќани и кафулиња.

Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)

Како што пренесуваат повеќе медиуми, на терен нема повредени, но е предизвикана голема материјална штета.

Постојат и сомневања дека пожарот бил подметнат.

Се очекуваат повеќе детали од МВР и противпожарните служби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Детското игралиште во „Жданец“ со нов лик

Детското игралиште во населбата Жданец е целосно реновирано и реконструирано, со што најмладите жители добија побезбедно, поуредно и пофункционално место за игра и дружење.

Општина Карпош: Детското игралиште во „Жданец“ со нов лик

Во рамки на реконструкцијата, целосно се заменети оштетените реквизити, поставени се нови седишта на клацкалките, како и нова заштитна мрежа на кошот кој се наоѓа во состав на игралиштето.

Дополнително, со цел подобрување на урбаната и естетската функционалност на просторот, заменети се дотраените дрвени даски на клупите со нови. Општина Карпош континуирано вложува во ревитализација на детските игралишта, обновување на постојната урбана опрема и поставување нова опрема таму каде што има потреба, создавајќи поквалитетни и побезбедни јавни простори за сите генерации. Грижата за јавниот простор е заедничка одговорност.

Затоа апелираме до сите граѓани совесно да ја чуваат и одржуваат урбаната опрема, која е наше заедничко добро и простор што го користиме сите.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер